feature

Марио Руи пред потпис со Галатасарај

Турскиот Галатасарај е насочен кон 30-годишниот дефанзивец на Наполи, Марио Руи. Оваа информација ја објави новинарот Николо Скира на неговиот профил на Твитер.

Според изворот, Турците ќе започнат преговори со Наполи во блиска иднина. Клубот од Неапол сакаат да спасат 8 милиони евра за играчот, чија плата е 2 милиони евра годишно, а договорот истекува во 2025 година. Руи игра за Наполи од 2017 година. Претходно играше за италијанските Рома, Емполи, Специја, Губио и португалска Фатима. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 8 милиони евра.

Во завршената сезона на турскиот шампионат Галатасарај со 84 бода го освои второто место.



Проблеми за Симеоне, Жоао Феликс мора на операција

Жоао Феликс ќе биде подложен на операција на зглобот, пренесуваат медиумите во Португалија.

Напаѓачот ќе оди на операција во Порто, а според најавата ќе пропушти два месеци. Феликс веќе неколку месеци има непријатност со оваа повреда.

Феликс почувствува непријатност во левата нога за време на тренингот на репрезентацијата на Португалија во пресрет на мечот со Германија. Медицинскиот штаб на репрезентацијата одлучи да не ризикува со играчот, па Феликс не беше вклучен во списокот на националниот тим за мечот со германската селекција. Феликс се приклучи на Атлетико Мадрид од Бенфика во 2019 година.

Сумата на трансферот беше 127 милиони евра. Оваа сезона, 21-годишниот Португалец има седум погодоци (еден од пенал) и пет асистенции на 31 натпревар од шпанскиот шампионат.



Крос најави репрезентативна пензија

Играчот за врска Тони Крос наскоро ќе го објави заминувањето од репрезентацијата на Германија, објави „Билд“. 31-годишниот играч од сега сака да се концентрира на своите настапи во неговиот клуб Реал Мадрид.

Вчера, Германија беше елиминирана во четвртфиналето на Евро 2020, откако загуби со 2-0 од Англија во Лондон.

Крос ќе има скоро еден месец одмор пред да се подготви за новата сезона со Реал Мадрид. Искусниот играч за врска веќе изјави дека нема желба да игра фудбал до доцна во животот и планира релативно рано да ја заврши професионалната кариера.

Крос има 106 натпревари и 17 погодоци за Германија, а во 2014 година стана светски шампион со Германија. На клупско ниво играше и за Баерн Минхен и Баер Леверкузен.



Лев: Некои од овие играчи ќе достигнат лимит во 2024 година

Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев призна дека има намера да се одмори по заминувањето од националниот тим.

„После 15 години работа на ваква одговорна позиција, потребна е пауза. Ќе дојде време – и ќе најдете нова сила за нешто друго. Во моментов немам конкретни планови. Во однос на иднината на националниот тим, некои од овие играчи ќе го достигнат својот врв за време на следното Европско првенство. Тие ќе станат позрели, поискусни и нема да ги простуваат грешките на противникот“, изјави Јоаким Лев по натпреварот со Англија.

Вчера, репрезентацијата на Германија се сретна со репрезентацијата на Англија во осминафиналниот натпревар од Европско првенство, а мечот заврши со победа на Англија од 2-0, а то абеше последниот натпревар на Јоаким Лев на клупата на Германија.



Вардар ја чека ждрепката од вториот шешир

ЕХФ денес ги одреди четирите шешири во пресрет на ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите. 16-те екипи ќе бидат поделени во четири шешири според резултатите во претходните сезони.

Во најквалитетната група се најдоа, актуелниот шампион Барселона, Кил, ПИК Сегед и ПСЖ. Македонскиот претставник Вардар во пресрет на ждрепката е сместен во вториот шешир, заедно со Алборг, Киелце и Порто. Третиот го сочинуваат Мешков Брест, Флензбург, Веспрем и Монпелје, додека во последниот четврти се најдоа Мотор Запорожје, ППД Загреб, Динамо Букурешт и Елверум. Според планот групната фаза ќе се игра стандардно во двокружен систем со 14 кола, екипите ќе бидат поделени во две групи, а две од нив ќе го завршат натпреварувањето уште во првата фаза.



Ветеранот Фернандињо доби нов договор во Манчестер Сити

Капитенот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Фернандињо, ќе остане во клубот и наредната сезона откако потпиша нов договор до наредното лето.

Tоа значи дека 36-годишниот ветеран најверојатно ќе ја заврши кариерата на стадионот„Етихад“. Фернандињо кој одигра осум сезони со „граѓаните“,успеа да освои 12 трофеји.

Бразилецот на 350 натпревари постигна 24 погодоци и направи 28 асистенции.


Елмас меѓу највредните плејмејкери во Серија А

После Европското првенство Елиф Елмас доби мал одмор пред да започне со обврските за Наполи.

Елмас не беше на нивото на кое очекуваше македонската јавност на ЕП и турнирот го заврши без постигнат гол. Сепак се надеваме пред 21 годишниот Елиф ќе има уште големи натпреварувања во дресот на Македонија.

Наполи неодамна се раздели со Гатузо и на кормилото беше доведен Лучијано Спалети. Кај Гатузо Елмас не добиваше преголема минутажа останува да видиме дали тоа ќе се промени кај Спалети.

Во овој период кога нема натпревари „Трансфермаркт“ ги објави највредните офанзивци. Во топ 10 имаше место и за Елмас кој беше проценет на 17 милиони евра. На врвот на листата се најде соиграчот на македонскиот фудбалер Пјотр Зјелински (50 милиони), зад него следуваат Ериксен (40 милиони) и Заниоло (40 милиони).



Брегалница се засили со бугарски репрезентативец

Македонскиот фудбалски прволигаш, Брегалница го потврди најновото засилување во составот, Иван Минчев е третото ново име ова лето по Мојсов и Азиновиќ.

„Станува збор за 30-годишен фудбалер кој настапува во средниот ред и доаѓа во Брегалница од редовите на Берое. Претходно, овој фудбалер го има носено и дресот на ЦСКА Софија, Спартак Варна, Монтана и Славија Софија, а има и неколку настапи за бугарскиот национален тим. Во Минчев нашиот клуб добива и на квалитет и на искуство во клучниот дел од теренот. “ – соопштија од Брегалница.

Од клубот од Штип потврдија и дека го продолжиле договорот со голманот Денковски.


Веќе е познато кој ќе го наследи Дешамп?

Франција шокантно беше елиминирана во осминафиналето на Европското првенство, а тоа би можело скапо да го чини селекторот Дидие Дешамп.

Дешамп ја води Франција веќе девет години, на Светското првенство пред три години го освои златото, на Европското во 2016. загуби во финалето од Португалија, а сега го доживеа најголемиот удар како селектор.

„Ле Парисиен“ дури пишува и дека Дешамп би можел да се повлече по овој неуспех, а медиумите веќе имаат свој фаворит за нов селектор. Се работи за Зинедин Зидан, легендата на францускиот фудбал кој е без ангажман откако го напушти Реал.

„Зидан сонува за тоа да ја предводи Франција и уверен сум дека сонот ќе му се оствари.“ – изјави пред неколку денови претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Сега се чека на одлуката на фудбалскиот сојуз на Франција.


Трабзонспор го претстави Марек Хамшик

Марек Хамшик со Словачка го заврши настапот на Европското првенство во групната фаза, а сега е претставен во новиот клуб.

Нов клуб на Хамшик ќе биде Трабзонспор. Турскиот клуб го потврди трансферот на социјалните мрежи.

„Навистина сум среќен што сум тука. Ова е вистинско место за мене. Сега можам да се фокусирам за новата сезона после настапот на Еуро. Се се случи многу брзо, се беше чисто како и што сакав. Веднаш ја забележав страста која е тука. Тоа е она што му е потребно на фудбалот, нема ништо поубаво“, изјави Хамшик.

Хамшик во Трабзонспо доаѓа од шведскиот Гетеборг, а пред тоа имаше епизода во Кина.