feature

Голман на натпревар си го истепа соиграчот (Видео)

На натпреварот во фудбалската лига на Северна Ирска, помеѓу екипите на Гленторан и Колерејн, беше забележан невиден инцидент.

Имено, после голот кој го постигна тимот на Колерејн, голманот на домашната екипа, Арон Меки, се нафрли на својот соиграч, Боби Барнс, и почна физички да го напаѓа.

 После инцидентот, голманот Меки, доби директен црвен картон и го напушти теренот. Натпреварот заврши со нерешен резултат 2:2. 

https://twitter.com/i/status/1449439816953868291



Ибрахимовиќ – Вие одите, а јас летам

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, после натпреварот против Верона објави пост на Инстаграм во негов стил .

 40-годишниот Ибрахимовиќ објави фотографија од натпреварот на која изведува популарни “ножички“ и напиша  „Ти одиш, а јас летам“.



Нури Сахин објави крај на играчката кариера

Играчот за врска на Анталијаспор, Нури Сахин објави крај на својата играчка кариера. “Нема повеќе да играм фудбал “, изјави Нури за шпанскиот весник  АС.

Сахин , во текот на месецов беше назначен за тренер на турскиот тим.

33-годишниот Нури Сахин професионалната кариера ја започна во екипата на Борусија Дортмунд на свои 16 години. Во кариерата настапуваше и за екипите на Феенорд, Реал Мадрид, Ливерпул и Вердер Бремен.


Вилијамсон има повреда на стапалото, ќе го пропушти стартот на НБА сезоната

Зајон Вилијамсон ќе го пропушти почетокот на сезоната во НБА лигата поради повреда на стапалото, за која исто така беше потребна операција за време на предсезоната.

Дејвид Грифин, потпретседател на „Пеликанс“, вели дека лекарите се охрабрени од начинот на кој коската закрепнува, но сепак, нема точен датум кога Вилијамсон ќе се врати на терените. Првите претпоставки се дека тоа ќе се случи за две и пол недели, кога Зајон повторно ќе биде прегледан.
„Целта на сите нас е Зајон да се врати на теренот што е можно побезбедно. Тој сигурно нема да биде на теренот првата недела од сезоната“, изјави Грифин.


Матиќ заминува на Ноу Камп?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, би можел да го напушти клубот од Олд трафорд. 

Како што пренесува британскиот магазин Сан, Барселона изразила интерес за доведување на српскиот фудбалер. Тренерот Роналд Куман бара искусен играч кој би го засилил средниот ред во тимот, и на Матиќ се гледа како на одлично решение.

Сумата што би ја платил каталонскиот клуб не би требало да надмине 10 милиони евра и истата би била прифатлива во сегашната финансиска ситуација на Барса.

Договорот на Немања Матиќ со екипата на Манчестер Јунајтед истекува во 2023 година, но играчот не е во прв план кај тренерот Солскјер па реализацијата на овај трансфер не е исклучена.


Инфантино: Мундијал на секои две години може да донесе само нешто добро

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и натаму го брани својот план Светското првенство да се одржува на секои две години. За време на посетата на Венецуела, земја која во својата историја никогаш не се квалификувала за Светско првенство, тој вели дека двогодишниот проект за Светското првенство, е реална опција.

„Нашата работа во ФИФА е постојано да размислуваме како можеме да го подобриме фудбалот во светот, да го направиме фудбалот вистински глобален спорт. Претседателот на ФИФА е претседател на 111 земја и сите овие земји имаат право да сонуваат. Тие, исто така, мора да бидат способни да го остварат овој сон, бидејќи ако треба да сонувате засекогаш, на крајот претпочитате да правите други работи“, изјавил првиот човек на светскиот фудбал.


Икарди има нова девојка, Ванда Нара најави развод

Врската меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара беше контроверзна уште од самиот старт поради минатото кое го имаше аргентинскиот модел со поранешниот најдобар пријател на напаѓачот (Макси Лопез), но сега оваа сапуница доби нова епизода во јавноста.

Ванда Нара предизвика земјотрес на социјалните мрежи откако го обвини својот сопруг Икарди за неверство, алудирајќи на тоа дека трета личност ја уништила нивната врска која трае повеќе од седум години.

„Уништи уште едно семејство поради курва“, гласи Инстаграм сторито на Ванда, по што Нара веќе престана да го следи фудбалерот на социјалните мрежи.

Угледните медиуми од Аргентина уверуваат дека причина за разделбата е неверството на Икарди, односно аферата која ја имал со актерката Евгенија Суарез.


Таневски си поднесе оставка, Македонија ЃП без тренер

Македонија Ѓорче Петров влезе во резултатска криза и не знае за победа цели пет натпревари во Првата македонска фудбалска лига, а денешниот нов неуспех во домашното првенство резултираше со радикална одлука.

„Лавовите“ загубија од Брегалница со уверливи 4:1 на гостувањето, што се покажа како доволно добра причина тренерот Александар Таневски да ја презема одговорноста и да си поднесе оставка.

Поранешниот предводник на Академија Пандев реши да стави крај на својата втора авантура како шеф на стручниот штаб во тимот од Ѓорче Петров, за што стигна потврда и од самиот клуб.

„По денешниот пораз Александар Таневски поднесе оставка од позицијата шеф на стручен штаб. Ти благодариме Клајне и ти посакуваме среќа во кариерата“, гласи објавата на „лавовите“.


Финале со дебитанти на Индијан Велс

Во финалето на овогодинешниот тениски Мастерс турнир кој се одржува во Индијан Велс, ќе се борат британскиот тенисер Камерон Нори и Грузиецот Николоз Басилашвили. За двата тенисери ова ќе биде прво финале во Мастерс серијата.

Басилашвили за влез во финалето се избори со победа над Тејлор Фриц , додека Нори во полуфиналето го совлада тенисерот од Бугарија, Григор Димитров.


Хет-трикот на Фирмино донесе бразилски рекорд во Премиер лигата

Роберто Фирмино постигна три гола на натпреварот од англиската Премиер лига против Ватфорд. Овој хет-трик беше втор за Фирмино во англиската Премиер лига по оној во декември 2018 година, Фирмино постигна три гола против Арсенал.

Покрај тоа, Фирмино стана првиот Бразилец во историјата на англиското првенство кој постигнал повеќе од еден хет-трик. Лукас Моура (Тотенхем), Афонсо Алвеш (Мидлсброу) и Робињо (Манчестер Сити) претходно постигнаа три гола на еден натпревар од Премиер лигата.

Натпреварот Ватфорд – Ливерпул заврши со победа на „црвените“ со резултат 5-0. За Ливерпул, Фирмино постигна хет-трик, а Мане и Салах постигнаа по еден гол.