feature

Лејкерси во чест на Гасол го повлекуваат дресот со број 16

Големо признание за шпанскиот кошаркар Пау Гасол подготвува неговиот бивш клуб од НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс.

Од клубот ја потврдуваат информацијата дека се донесе одлука во знак на благодарност да се повлече дресот на Гасол со број 16. Церемонијата за овај настан е закажана за 7.март 2023 година.

Пау Гасол беше член на Лејкерс од 2008 до 2014 година, и ќе биде седмиот играч од Европа, а прв од Шпанија на кој дресот ќе му биде истакнат во некоја од салите на клуб од НБА. Ваква чест досега имаа Дражен Петровиќ, Предраг Стојаковиќ, Владе Дивац, Тони Паркер, Зидрунас Илгаускас и Дирк Новицки.


Бернардо Силва останува во Манчестер Сити

Медиумите од Англија пренесуваат дека фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, се откажал од заминување во Барселона.

Според информациите постојат многу мали шанси португалскиот репрезентативец да се пресели на Камп Ноу поради што Силва се одлучил да се посвети на својата иднина во англискиот клуб.

Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола повтори дека Силва може да го напушти клубот само со обештетување од 100 милиони евра, пари кои Барселона поради лошите финансиски проблеми не е во можност да ги издвои.

Заклучокот е дека многу извесно Силва ќе остане во Манчестер и повторно ќе биде еден од главните фудбалери во тимот.


Надал го заврши учеството во Синсинати

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е елиминиран на стартот од Мастерс турнирот во американскиот Синсинати. Тој со 2:1 во сетови беше поразен од Хрватот Борна Чориќ.

Испаѓањето на Надал значи и дека Русинот Данил Медведев сигурно останува играч број 1 најмалку до крајот на УС Опен.

За Надал ова беше прв натпревар после паузата од повредата која ја заработи на Вимблдон.


Наполи го договори Распадори од Сасуоло

Џакомо Распадори може да се смета за играч на Наполи. Синоќа спортскиот директор на Сасуоло Џовани Карневали потврди дека е постигнат договор меѓу двата клуба и дека остануваат да се разработат само ситни детали пред зделката да стане реалност.

Напредокот во преговорите се случи доцна синоќа. Се очекува Наполи да го земе Распадори на позајмица за 5 милиони евра, со опција за откуп за 25 милиони евра.

Исто така, има дополнителни бонуси од 5 милиони евра поврзани со настапот на играчот и дали Наполи ќе се квалификува во Лигата на шампионите во следните сезони.


Левандовски: Уверен сум дека ќе освојуваме трофеи сезонава

Роберт Левандовски уште еднаш изрази уверување дека Барселона ќе освои титули и покрај тешкиот старт во Примера против Рајо Ваљекано (0-0).

„Мислам дека беше доволно време Барса да биде без трофеј. Сигурен сум дека ќе освоиме неколку. Кога првпат дознав дека Барселона е заинтересирана да ме донесе во тимот, веднаш помислив дека ова е совршен момент и за мене и за клубот. Не сакав цела кариера да ја играм само во една лига. Во Бундеслигата сè беше совршено за мене, стекнав непроценливо искуство, но знаев и дека заминувањето во Ла Лига ќе биде чекор напред за мене“, признава Левандовски.


Челзи ги продолжува преговорите со Обамејанг

Фудбалерот на Барселона Пјер-Емерик Обамејанг до крајот на неделава ќе ги продолжи преговорите за трансфер во Челзи.

Тренерот на Барселона Чави сака да го задржи репрезентативецот на Габон во клубот, меѓутоа челниците на каталонскиот клуб се подготвени за продажба на фудбалерот за обештетување од 30 милиони евра.

На Челзи му е потребен голгетер во тимот и во лондонскиот клуб мислат дека Обамејанг би бил идеално засилување. Англиските медиуми пренесуваат дека преговорите помеѓу претставниците на Челзи и менаџментот на фудбалерот ќе продолжат до крајот на неделата.


Леброн потпиша нов договор, ќе добие 97 милиони за две годин

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс на уште две години и за тој период ќе заработи 97 милиони долари.

Тоа значи дека тој ќе остане „езерџија“ до сезоната 2024/25.

Како што пренесува новинарот Адријан Војнаровски, висината на платата може да се зголеми на 111 милиони, доколку се зголеми НБА салари капот во 2023 година.

Џејмс пристигна во Лејкерси во 2018 година, имаше проблеми со повреди во првата сезона, а потоа тимот размени млади играчи за Ентони Дејвис, со кого Леброн на Лос Анџелес му го донесе 17-от шампионат во НБА во 2020 година.


Евротип со поддршка на 15-от традиционален турнир во мал фудбал!

Петнаесет години традиција, јубилеен турнир во мал фудбал 8-ми септември по повод славењето на денот на независноста.
Турнир на кој ќе заземат учество повеќе од 60 екипи со преку 600 натпреварувачи.
Евротип се тука да ја поддржат традицијата и да го поттикнат спортскиот начин на живот.
Радува податокот дека секоја година се пријавуваат се повеќе екипи од повеќе општини од Скопје и од Македонија. На овој турнир ќе настапи и ЕВРОТИП составен од наши колеги, вработени во Скопје.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму продолжуваат со поддршка на спортските настани и активно земаат учество во истите, со цел промоција на спортскиот дух и спортскиот начин на живот.


Баерн ќе го продаде Циркзе во Андерлехт

Баерн Минхен сигурно ќе се раздели со уште еден играч пред крајот на преодниот рок. Баварците влегуваат во преговори за продажба на младиот напаѓач Џошуа Циркзе, пишува „Билд“.

21-годишниот напаѓач го бараат два англиски клуба, плус Штутгарт, а сега во битката за неговиот потпис ќе се вклучи и Аугзбург. На „Алијанц Арена“ сакаат да добијат најмалку 15 милиони евра за Холанѓанецот кој има договор на уште една година.

Минатата сезона Циркзе играше како позајмен во Андерлехт.


Галатасај го бара Еден Азар

Фудбалерот на Реал Мадрид и белгиски репрезентативец, Еден Азар, би можел својата кариера да ја продолжи во турискиот Галатасарај, пренесуваат шпанските медиуми.

31-годишнот Азар пристигна во Реал во 2019 година од Челзи во трансфер вреден 115 милиони евра. Меѓутоа поради честите повреди и слабата форма го изгуби местото во стартната постава на мадридскиот клуб.

Азар од пристигнувањето во Реал одигра 67 натпревари и постигна само шест гола. Неговиот договор со кралскиот клуб истекува во јуни наредната година.

Галатасарај сака да се врати на старите победнички патеки, и евентуалниот ангажман на Азар ќе биде големо засилување за тимот.