feature

Швајцарецот Закарија експресно се враќа во Јуве?

Челзи ќе се обиде да ја прекине позајмицата на Денис Закарија уште во јануари.

25-годишниот играч за врска пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Јувентус во последните денови од преодниот рок. Закарија до сега не одигра ниту една минута за „сините“, па клубот сака да ја прекине позајмицата во јануари.

Јасно е дека за него во Јувентус нема место во моментов, па ќе може да се пресели во друг клуб, но само доколку не запише настап за Челзи.


Канте повторно се повреди и можно е да го пропушти Мундијалот во Катар

Играчот на Челзи Н`Голо Канте повторно е надвор од тимот поради повреда, и според весникот „Лекип“, тој би можел да го пропушти учеството на Светското фудбалско првенство во Катар.

Повредата на Канте не била наивна и тој ќе мора да паузира неколку недели, па прашање е дали селекторот на Франција Дидие Дешамп ќе го вклучи играчот во тимот кој ќе настапи во Катар.

Канте долг период е еден од клучните фудбалери во репрезентацијата на Франција која е актуелен светски првак.


Хенеберг од Данска е ново ракометно засилување за Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер доведе уште еден квалитетен ракометар во своите редови. Станува збор за данскиот ракометар Себастијан Хенеберг.

Хенеберг кој може да настапува на позицијата среден и десен бек, во клубот од Битола доаѓа од екипата на Алборг.

28-годишниот ракометар претходно има настапувано за Силкеборг и Архус, а во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. После одличната сезона во тој клуб, Хенеберг потпиша договор со Алборг. 

Неговото искуство од игрите во Лигата на шампиони ќе биде огромен придонес за Еурофарм Пелистер посебно во претстојните настапи во Лига Европа.


Голот на Барди избран за погодок на колото во Лига Европа

Голот на македонскиот репрезентативец Енис Барди против тимот на Монако е избран за најубав во четвртото коло од Лига Европа.

Клубот за кој настапува Барди, Трабзон, издвојува висока победа од 4:0 над Монако, а нашиот фудбалер го постигна третиот гол на средбата.

Енис Барди во 57.минута реализира одличен слободен удар, шутирајќи под живиот ѕид на противничките фудбалери, совладувајќи го гостинскиот голман.


Гаљардо после осум години ја напушта клупата на Ривер Плата

Тренерот на аргентинскиот клуб Ривер Плата, Марсело Гаљардо, најави дека на крајот на годината ќе си замине од функцијата.

Гаљардо е тренер на Ривер осум сезони, а неговиот договор со клубот завршува на крајот од годината.

Ривер Плата во моментот се наоѓа на второто место од табелата со 44 бода, четири помалку од вечниот ривал Бока Јуниорс.

Гаљардо го предводеше тимот на 442 натпревари, запиша 277 победи, 11 ремија и 84 порази.


Жоао Феликс би можел да го напушти Атлетико Мадрид

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е незадоволен од игрите на Жоао Феликс поради што португалскиот репрезентативец најчесто е на клупата за резервни играчи.

Португалецот остана резерва и на ремито на Атлетико во Лигата на шампиони против Бриж. Шпанските медиуми наведуваат дека Феликс бил огорчен што не доби шанса за настап на натпреварот и нервозно гледал и гестикулирал кон тренерот Симеоне што беше забележано и од ТВ камерите.

Жоао Феликс во Атлетико Мадрид пристигна пред три години од Бенфика за 127 милиони евра со што стана најскапо засилување во историјата на клубот. Тој оваа сезона одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, а тренерот Симеоне има поголема доверба во Мората, Гризман, Куња и Кореа. Поради овие причини се поголема е веројатноста дека Феликс во наредниот период би можел да го напушти клубот од Мадрид и да заигра во нова екипа.


Родриго Де Пол по две години се враќа во Серија А?

Милан и Јувентус се борат за потписот на аргентинскиот плејмејкер, Родриго де Пол.

Атлетико Мадрид минатото лето за неговиот потпис на Удинезе му плати 35 милиони евра и Аргентинецот се очекуваше да биде големо засилување.

Меѓутоа Де Пол не се снајде баш најдобро во Мадрид, нема голема минутажа и би сакал да се врати во Серија А.

Де Пол е отворен да се врати во Серија А бидејќи не е задоволен во Атлетико Мадрид, па останува да видиме дали Милан или Јувентус ќе излезе како победник во трката за неговиот потпис.


Ди Марија поради повреда ќе паузира три недели

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус соопштува дека Анхел Ди Марија поради повреда на тетивата ќе паузира од фудбалските терени околу три недели.

Ди Марија повредата ја заработи на натпреварот од Лигата на шампионите против Макаби Хаифа во кој Јувентус беше поразен со 2:0.

Медицинскиот тим на бјанконерите наведува дека после деталните прегледи е утврдено дека станува збор за мало оштетување на тетивата од десната нога за што не се очекува долг период на опоравување.


Суарез се договорил со Лос Анџелес Галакси

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ќе ја предводи својата репрезентација на Мундијалот, а после тоа би можел да го промени клубот.

Како што пренесуваат „Марка“ и „АС“, легендарниот Уругваец има неколку понуди, имајќи предвид дека наскоро му истекува краткорочниот договор со Национал, а тој ја прифатил понудата од Лос Анџелес Галакси.

Трансферот би можел да се случи наскоро, поточно од ноември, кога Суарез ќе биде целосно слободен играч.

Во досегашното првенство во дресот на Национал Уругваецот постигна четири гола и ја одржува формата пред Мундијалот.


Бокети е нов тренер на фудбалскиот клуб Верона

Италијанскиот калчолигаш Верона за нов тренер на екипата го назначи Салваторе Бокети. Тој на тренерското место ќе го замени Габриеле Чофи кој пред неколку дена доби отказ од клубот.

Бокети во минатата сезона беше помошник на Иван Јуриќ со кого заедно ја предводеа Верона до 10.место на табелата. За 35-годишниот Италијанец ова ќе биде прва тренерска работа во сениорска конкуренција. 

После девет кола во Серија А, Верона има една победа и пет бодови, и се наоѓа на 18.место од табелата.