feature

Вест Хем потврди дека Деклан Рајс заминува летово

Играчот од средниот ред и капитен на Вест Хем Деклан Рајс ќе го напушти тимот. Ова го соопшти претседателот на „чеканите“ Дејвид Саливан.

„Мислам дека тоа беше последниот натпревар на Деклан за нашиот клуб. Му ветивме дека ќе може да си замине. Решил да замине. Не можете да му застанете на патот на човек кој направи толку многу за тимот оваа сезона“, изјави Саливан.

Претходно беше објавено дека Вест Хем се согласил на понудата на Арсенал од 105 милиони, но клубот бара оваа сума да ја плати до летото 2024 година. Вест Хем е меѓу клубовите на списокот за следење на УЕФА за финансиски фер-плеј минатиот септември и две големи годишни паушални исплати би им помогнале удобно да се усогласат со законите на бизнисот за фудбалски трансфери.

24-годишниот Рајс вчера, заедно со тимот ја освои Конференциската лига. Ова е негов прв трофеј во кариерата. Вкупно минатата сезона Англичанецот учествуваше во 50 натпревари на кои постигна пет гола и даде четири асистенции.


Французинот Ндика се договори со Рома

Рома постигна договор со дефанзивецот на Ајнтрахт, Еван Ндика, потврди новинарот Фабрицио Романо.

22-годишниот Ндика игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а оваа година се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.

Неговиот договор истекува на крајот на месецот и ќе замине како слободен агент, а за неговиот потпис интерес покажаа неколку европски клубови.

Рома ја победила конкуренцијата и постигнала договор со неговиот агент за 4-годишна соработка.

Трансферот ќе биде официјализиран во наредните денови откако дефанзивецот ќе ги мине лекарските прегледи.


Роналдо најави дека ќе купи сопствен фудбалски клуб

Еден ден по официјалниот трансфер на Карим Бензема во редовите на саудискиот шампион Ал Итихад, Кристијано Роналдо се осврна на заминувањето на францускиот напаѓач од Реал Мадрид, нагласувајќи дека е само прашање на време кога саудиската лига ќе привлече дел од најдобрите играчи во светскиот фудбал.

Роналдо стана член на Ал Наср на почетокот на годината и се чини дека тоа беше само почеток на она што следува, кога бројни големи ѕвезди ќе бидат привлечени од богати понуди, кои едноставно е тешко да не се прифатат.

Бензема вети дека ќе остане во Реал Мадрид, но 600 милиони евра за три години… Не можеше да не прифати, како и Н’Голо Канте кој си заминува од Челзи, додека за Ријад Махрез се подготвува богата понуда, како и за многу други ѕвезди на европскиот фудбал.

Се веруваше дека и Лионел Меси ќе оди во Саудиска Арабија, но Аргентинецот ги избра Интер Мајами и МЛС наместо Ал Ахли.

„Веќе знаев дека одењето во Саудиска Арабија ќе ја „отвори кутијата“. Не погрешив. Сигурен сум дека за две или три години ќе биде една од најважните лиги во светот. Бензема сега пристигна. Желбата е компетентност. Кога има компетентност, пазарот има корист. Нека дојдат сите ѕвезди“, рече португалскиот интернационалец на прес-конференцијата на која ја претстави својата нова работа.

Роналдо увери и дека не ја исклучува можноста во иднина да биде сопственик на свој клуб.

“Тоа е нешто за што размислував пред неколку години. Навистина би сакал да имам клуб. Отсекогаш сум бил многу решителен човек и многу професионалец. Веќе сум на крајот од кариерата, ќе играм само две или три години“, додаде тој на крајот.


Реал се предомисли, нема да испрати понуда за Хари Кејн

Реал Мадрид се предомислил да го купи напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн. Од Мадрид не се подготвени да им платат на Тотенхем 116 милиони евра за трансферот, како и да му исплати на напаѓачот годишна плата од 20 милиони евра, објави „АС“.

Според изворот, 29-годишниот англиски напаѓач исто така не се вклопува во стратегијата за подмладување на составот. Во исто време, Реал Мадрид може да се обиде да го откупи напаѓачот на Еспањол, Хоселу, кој моментално има 33 години. Забележано е дека Реал Мадрид е подготвен да замижи пред годините на напаѓачот на каталонскиот клуб исклучиво поради неговата ниска цена и високиот учинок минатата сезона. В

Во сезоната 2022/2023, Кејн одигра 49 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања, во кои постигна 32 гола и пет асистенции. Договорот на играчот со лондонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 90 милиони евра. Претходно беше објавено за желбата на Кејн да игра за мадридскиот клуб.


Пулишиќ го напушта Челзи, Милан најсериозна опција а Американецот

Кристијан Пулишиќ готово сигурно на лето ќе го напушти клубот.

24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, а Покетно не го гледа во тимот.

Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да го пуштат за сума од околу 20 милиони евра. Најсилен интерес за Пулишиќ покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со Челзи и почнал преговори.

Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а Пулишиќ е голема желба на тренерот Пиоли.


Лион не му понуди нов договор, Дембеле налето заминува

Француски Олимпик Лион објави дека напаѓачот Муса Дембеле летово ќе го напушти тимот – играчот не го продолжи договорот.

„Со пристигнувањето во клубот во август 2018 година, неколку часа пред затворањето на преодниот рок од Селтик Глазгов, на Муса Дембеле не му требаше многу време да се аклиматизира во францускиот шампионат. Играчот кој потекнува од ПСЖ во првата сезона за Лион постигна 20 гола на 46 натпревари. За време на сезоната 2019/2020, тој учествуваше во херојската сезона на Лион во Лигата на шампионите. По позајмица во Атлетико Мадрид на почетокот на 2021 година, за време на која ја освои шпанската титула, Муса Дембеле продолжи да игра за Лион на своето вообичаено ниво. Во сезоната 2021/2022, тој постигна 22 гола на 36 натпревари. Посебно ќе го паметиме неговиот удар на самиот крај на мечот против Марсеј во една од февруарските вечери во 2022 година, кој ни донесе победа. На 172 натпревари за Лион, тој постигна 70 гола и даде 19 асистенции. Ти благодариме, Муса, и имај добра кариера!“ – се вели во пораката објавена од прес-службата на Лион.

На крајот од сезоната 2022/2023, Лион го зазеде седмо место во францускиот шампионат и нема да игра во европските натпреварувања. Исто така во текот на оваа сезона функцијата ја напушти и поранешниот сопственик и претседател на клубот Жан Мишел Ола.


Интер Мајами доби милиони следбеници за еден ден откако го доведе Лео Меси

МЛС -клубот Интер Мајами, кој вчера и официјално го објави трансферот на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси , доби 1 милион претплатници на официјалниот клупски профил на Инстаграм, а тоа се случи за 12 минути по објавувањето на трансферот на ѕвездата на светскиот фудбал.

Да потсетиме, пред да ја прифати понудата на Интер, седумкратниот освојувач на Златната топка ги отфрли предлозите на Барселона и клубот од Саудиска Арабија Ал-Хилал, кои ветија дека ќе му исплатат на играчот 1,2 милијарди евра за две години.

Аргентинскиот напаѓач оваа сезона забележа 41 настап за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции.


Заха следен на листата на засилувања во саудиските клубови

Првиот напаѓач на фудбалскиот состав Кристал Палас, Вилфрид Заха, добил понуда да се пресели во екипата на Ал Наср и да му биде партнер на Кристијано Роналдо, велат медиумите на Островот.

На напаѓачот на „орлите“ на крајот на месецов ќе му заврши договорот со англискиот тим по што ќе биде слободен за нов ангажман.

Неофицијално, понудата на Заха од Саудиска Арабија ќе биде околу 45 милиони фунти во текот на три сезони.


Ребров назначен за нов селектор на Украина

Украина денес го назначи Сергеј Ребров за нов селектор на националниот тим и тој ќе ги води Украинците на гостувањето во Скопје.

Се најавуваше дека Ребров ќе го преземе кормилото, меѓутоа до денес немаше официјална промоција бидејќи се чекаше да се среди документацијата со неговиот договор со Ал Аин од Саудиска Арабија.

„Среќен сум што се вратив во Украина и што ќе работам тука, семејството прифати да се вратиме. Морам да се заблагодарам на вооружените сили кои ни овозможуваат нормално да ги извршуваме нашите работи. Разговори за мое враќање имаше од поодамна, но бев под договор и сега се отвори шанса за соработка. Чест и задоволство ми е што ќе работам за мојата татковина“, изјави Ребров.

Украина во Скопје гостува на 16-ти јуни, а четири дена претходно ќе одигра пријателски натпревар против Германија во Бремен. На 19-ти јуни украинците ги чека и вториот натпревар од овој квалификациски циклус против Малта.


Падна договор: Реал го прави Белингам најскап Англичанец

Џуд Белингам стана најскапиот англиски фудбалер во историјата. Реал Мадрид постигна конечен договор со Борусија Дортмунд за потпис на 19-годишниот играч од средниот ред. Официјалното соопштение за трансферот се појави денеска. Борусија Дортмунд ќе добие 133,4 милиони евра вклучувајќи ги сите бонуси.

По овој трансфер, Белингам стана најскапиот Англичанец во историјата на фудбалот. На второто место е Џек Грилиш, за кого Манчестер Сити на Астон Вила и плати околу 115 милиони евра.

На третото место меѓу најскапите Англичани е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, купен во 2019 година од Лестер Сити за приближно 93 милиони евра. Четврти во рангирањето е Џејдон Санчо, за кој Манчестер Јунајтед плати 85 милиони евра на Борусија Дортмунд.