feature

Милинковиќ Савиќ или Фабиан Руиз замена за повредениот Погба во Јуве

Пол Погба на големо се врати во Јувентус, но тешко се повреди уште пред неговото камбек деби во дресот на „старата дама“. Французинот го повреди коленото. Можеби ќе треба да оди на операција, а сигурно ќе има долга пауза поради која може да го пропушти Светското првенство во Катар.

Немаат многу време во Јувентус, за две недели почнува сезоната во Серија „А“, а „дупката“ создадена по повредата на Погба мора да се пополни.

Срамежливо се споменуваше доаѓањето на Сергеј Милинковиќ Савиќ, но Србинот во моментов е прескап за „црно-белите“, Лацио бара 70.000.000 евра кои „бјанконерите“ во моментов ги немаат.

Поевтина и реална опција на која Јуве се надева е играчот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз. Италијанските медиуми пишуваат дека клубот од Торино ја подготвува првата официјална понуда за 26-годишниот Шпанец, чиј договор со „небесносините“ истекува следното лето.


Верстапен е победник на трката за Големата награда на Унгарија

Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен е победник на Ф1 трката за Големата награда на Унгарија, која се возеше на патеката Хунгароринг.

Актуелниот светски шампион во Формула 1, стигна до 28.победа во кариерата, а осми триумф оваа година. Тој трката ја започна од стартната позиција десет, но на крајот успеа да стигне до победата.

Второто место на Хунгароринг му припадна на Луис Хамилтон од Мерцедес, а трет беше неговиот тимски колега Џорџ Расел.

Следна трка во распоредот на Ф1 шампионатот е на 28.август на патеката Спа-Франкошамп во Белгија.


Левандовски: Не сакам споредба со Бензема

Новиот фудбалер на Барселона, Роберт Левандовски изјави дека не сака новинарите да го споредуваат со напаѓачот на Реал, Карим Бензема, пренесуваат шпанските медиуми.

Левандовски пристигна во Барселона пред две недели од Баерн Минхен. Некои од медиумите во Шпанија тврдат дека Бензема и Левандовски ќе се борат за титулата најдобар стрелец во Ла Лига.

“Бензема е извонреден играч. Тоа го покажа минатата сезона во ЛШ кога со Реал ги елиминира ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити. Тој во Ла Лига игра 10 или 12 сезони, незнам точно. Бензема со сигурност е еден од најдобрите играчи на светот. Мене ме чека ново искуство во шпанското првенство и не сакам во овој момент да се споредувам со Бензема“, изјавува Левандовски.


Лапорта: Баерн нека си ја гледа својата банкарска сметка

Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Жоан Лапорта, му порача на Баерн Минхен дека треба да си ја погледнат својата банкарска сметка и да ги видат парите кои се таму од трансферот на Роберт Левандовски.

Ова беше одговор од Лапорта на изјава на тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман, на кого не му било јасно како клуб како Барса кој се бори со дoлгови има пари за големи трансфери.

Баерн се засили со Левандовски кого го купи од Баерн Минхен за сума од 45 милиони евра.

„Би им порачал на луѓето од Баерн да ја погледнат својата банкарска сметка. Таа важна сума е таму поради Левандовски. Тие не ја имаат добро проценето Барселона. Ние се вративме на фудбалскиот пазар. Снагата и вредноста на нешто што има 122 години историја е големо“, изјавува Лапорта.


Тудор го носи Алексис Санчез во Олимпик Марсеј

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез е блиску до трансфер во Марсеј, пренесуваат италијанските медиуми.

„Нероаѕурите“ сакаат да го намалат буџетет за плати, а Санчез е еден од најплатените фудбалери во тимот. Поради тоа италијанските медиуми тврдат дека Интер е спремен да му плати бонус за раскинување на договорот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Санчез конечно нашол клуб со кој постигнал договор и сега е спремен да го раскине договорот со Интер. Санчез ќе добие 4 милиони евра за раскинување на соработката, а во Марсеј ќе добие плата од 3,5 милиони евра по сезона.


Никој така долго не се подготвува за Мундијалот како Катар

Катар ќе биде првата азиска земја во која ќе се одржи едно Светско првенство, а овој Мундијал ќе биде посебен и по тоа што ќе се одржи во ноември и декември. За Катарците ова е голема во најдобро светло да се претстават пред домашната публика, па така тие уште сега ги стартуваат подготовките што секко е неевобичаено. Селекторот на Катар, Феликс Санчез избра состав од 27 фудбалери кои ќе поминт дури шест месеци заедно во тренинг кампот пред Мундијалот.

Прват фаза од подготовките ќе биде во Шпанија, а потоа втората во Австрија каде што ќе одиграат неколку пријателски натпревари. За многумина ваквите подготовки може да имаат и негативен ефект затоа што играчите ќе бидат предолго заеднно и нема да играат други натпревари.

Но, треба да се потсети дека Јужна Кореја пред СП 2002 се подготвуваше на сличен начин, тогаш играчите на оваа селекција беа пет месеци во камп за подоцна да стигнат до полуфиналето на Мундијалот на кој беа коорганизтори.

Катар на СП ќе игра во група со Еквадор, Сенегал и Холндија.


Гвардиола: Повеќе клубови ќе се борат за титулата во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, порачува дека во претстојната сезона на Премиер лигата, за шампионскиот пехар ќе се борат повеќе екипи.

Во претходните три сезони два евидентни фаворити кои се тркаа за титулата беа Манчестер Сити и Ливерпул, додека останатите клубови не беа голема закана.

За време на летниот период повеќе екипи меѓу кои Арсенал, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челзи, значително ги засилија своите тимови, но Гвардиола не сака да даде конкретен одговор кој ќе биде најголемиот ривал на Сити во трката за титулата. Тој само очекува дека оваа сезона повеќе клубови имаат реални шанси за подигање на трофејот.


Сер Алекс Фергусон се врати во Манчестер Јунајтед

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон, се врати во клубот од Олд Трафорд, каде од следната сезона ќе има советодавна улога, пренесуваат англиските медиуми.

Фергусон се враќа на официјална функција во клубот после девет години, а поканата за негов ангажман стигна од извршниот директор на Јунајтед, Ричард Арнолд.

Сер Алекс ќе дава совети во врска со сите аспекти на работата на клубот каде како тренер освои 38 трофеи, од кои 13 трофеи во Премиер лигата и две Лиги на шампиони.


Гатусо го носи Белоти во Валенсија

Валенсија започна преговори со италијанскиот напаѓач Андреа Белоти за трансфер како слободен играч. Првиот понуден личен договор е до 2025 година со опција за продолжување на уште една година, објави новинарот Николо Шира на Твитер.

Според изворот, главниот тренер на Валенсија, Џенаро Гатузо е љубител на напаѓачот уште од времето во Палермо. Исто така, Италијанецот беше подготвен да го купи овој играч кога беше на чело на Милан.

Андреа Белоти е без клуб откако во јуни оваа година му истече договорот со Торино. Минатата сезона во Серија А, напаѓачот одигра 22 натпревари на кои постигна 8 гола и 1 асистенција. Во 2017 година Белоти беше на радарот на многу врвни клубови во Европа, но управата на Торино побара околу 100 милиони евра за играчот, кои гигантите одбија да ги платат.


Хадсон-Одои заминува од Челзи

Калум Хадсон-Одои би можел да го напушти Челзи ова лето. Лондончани се подготвени да се разделат со 21-годишниот фудбалер. Хадсон-Одои е надвор од плановите на менаџерот на Челси, Томас Тухел и клубот доби профитабилна понуда за него, тогаш управата нема да го задржи играчот.

Калум Хадсон-Одои можеше минатото лето да замине на позајмица во Борусија Дортмунд, но Тухел не го пушти Англичанецот во својот поранешен клуб. Играчот од средниот ред минатата сезона одигра 23 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи два гола и пет асистенции. Договорот на Хадсон-Одои со Челзи е до летото 2024.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 25 милиони евра.