feature

Баерн демантира дека ќе го отпушти Томас Тухел

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел нема да го напушти клубот по отпуштањето на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. Ова го пренесува инсајдерот Фабрицио Романо на својот „Твитер“ профил.

Според истиот, Тухел не планира да го напушти Баерн. Германскиот тренер чека разјаснување на ситуацијата со директорите, но сепак е 100% вклучен во проектот на клубот од Минхен.

Претходно, да потсетиме, беше објавено дека Тухел, кој го водеше Баерн од март, би можел да го напушти клубот по отказот на извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.


Чави добива нов договор по шампионскиот трофеј кој го донесе

Тренерот на Барселона Чави ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2026 година. Ова го пренесува шпанското издание „Спорт“.

Разговорите меѓу Барселона и Чави постигнаа голем напредок во последните недели, според изворот. Конечната одлука треба да биде донесена во наредните денови, страните треба да се договорат за последните детали од зделката.

Се очекува шпанскиот тренер да потпише договор со клубот кој истекува во 2026 година. Чави ќе ја презеде Барселона во 2021 година, неговиот актуелен договор е до следното лето.

Во сезоната 2022/2023, оваа екипа под негово водство го освоија шпанското првенство, освојувајќи 88 поени на 37 натпревари до денес. Дополнително, шпанскиот Суперкуп им припадна на Каталонците.


Хоселу од Еспањол се сели во Реал Мадрид

Челниците на Реал Мадрид сакаат во летниот трансфер период да го ангажираат фудбалерот на Еспањол, Хоселу.

Бидејќи неговиот тим испадна од елитата на Шпанија, 33-годишниот напаѓач ќе може без проблеми да си замине иако има тековен договор. Преговорите меѓу Реал Мадрид и Хоселу наводно, се во напредна фаза.

Искусниот играч има 38 настапи за Еспањол во сите натпреварувања. Тој постигна 17 голови и направи 3 асистенции.


Спалети: Некогаш се разделувате од премногу љубов!

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ја потврди веста дека го напушта клубот по крајот на сезоната. На наполи му остана уште еден натпревар во сезоната, веќе го подигнаа Скудетото во Серија А, откако одиграа навистина импресивна сезона и во однос на играта и на резултатите.

Сепак, шпекулациите за иднината на Спалети се актуелни со недели и покрај одличните перформанси на тимот, а конечното заминување на тренерот вчера го потврди и претседателот Аурелио Де Лаурентис.

„Понекогаш се разделувате поради премногу љубов. Нема да останам, си одам. Нема шанси да се предомислам. Веќе пред неколку недели им кажав на луѓето во клубот дека ми треба една година одмор. Нема да преземам друг тим. Сега ќе одморам една година“, изјави Спалети.

Според последните шпекулации во печатот, Џанпјеро Гасперини и Луис Енрике се главни фаворити за да седнат на клупата во Наполи.


Уличната трка во Монте Карло ќе добие нов договор

Принцот Алберт Втори е уверен дека Големата награда на Монако има иднина во Формула 1 и дека треба да се направат одредени промени во преговорите за новиот договор.

 „Стефано Доменикали и Грег Мафи ми кажаа како ја гледаат иднината на Формула 1. Тие сакаат да ги направат трките подинамични и поатрактивни. Трката во Монако има договори кои не можеме да ги откажеме. Во 2025 година  ќе разговараме за прашањата околу спонзорите, ТВ преносите и други комерцијални прашања“, вели Принцот Алберт.


Челзи спрема астрономска понуда за Винициус

Челзи размислува да го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. За трансферот на 22-годишниот Бразилец, „сините“ се подготвени да издвојат 150 милиони евра, пренесува „Ел Национал“.

Доколку се случи овој трансфер, тоа ќе биде рекордна продажба во историјата на Реал Мадрид. 100 милиони евра беа собрани од заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус во 2018 година. Околу 70 милиони евра Реал Мадрид доби за трансферот на Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година.

Винисиус е соочен со расизам во шампионатот на Шпанија, па можеби размислува да замине во друга лига, каде ситуацијата со ова прашање е воспоставена на најдобро ниво. Познато е дека работата во англиската Премиер лига за искоренување на расизмот беше забележана од многу фудбалски фигури, вклучувајќи го и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.


Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за Жоао Феликс

Жоао Феликс игра на позајмица во Челзи до крајот на сезоната, а потоа ќе се врати во Атлетико Мадрид.

Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната. Челзи сака да го откупи и ќе има предност во преговорите, но самиот фудбалер се предомислува да остане на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој сака да го „украде“ пред носот на „сините“ и е спремен да плати 80 милиони фунти за неговиот потпис.


Алварез размислува за промена на клубот за да игра во континуитет

Напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез, кој потпиша долгорочен договор (до 2028 година) со англискиот тим, размислува за преселба во друг клуб поради конкуренцијата со Ерлинг Халанд. Ова го објави новинарот Флоријан Платенберг на „Твитер“. Баерн Минхен е подготвен да го ангажира 23-годишниот Аргентинец.

Алварез знае дека ќе му биде тешко да го исфрли Норвежанецот од стартниот состав на Манчестер Сити, според изворот, па може да размисли за преселба во друг тим. 

Баерн е во потрага по нов напаѓач и е подготвен да го повика овој играч во својот тим. Алварез оваа сезона на 48 натпревари постигна 17 голови и имаше пет асистенции.


Махичух и Ел Бакали со рекорди се вратија од митингот во Рабат

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих со скок од 201 сантиметар победи на натпреварот во скок во височина на митингот од престижната Дијамантската лига во Рабат синоќа. Таа постави нов рекорд во ова натпреварување, а воедно и најдобар резултат сезонава во оваа дисциплина.

Најдобриот резултат досега во Рабат го имаше познатата хрватска рекордерка Бланка Влашиќ, која победи во 2011 година со скок од 197 см.

Најдобриот резултат на митингот во Рабат го постигна актуелниот светски шампион, олимписки победник и минатогодишен освојувач на Дијамантската лига на 3000 метри стиплчез, Мароканецот Суфиане Ел Бакали, кој делницата ја истрча за 7:56,68 минути. Со ова тој го подобри рекордот на митингот за 1,60 секунди, а воедно е и најубедливо најдобар резултат во оваа дисциплина во 2023 година.


Одржан третиот по ред хуманитарен турнир во бељот “Битолски Бељотџија”

Во неделата на 28.05.2023 во Голд Фелициа се одржа третиот по ред хуманитарен турнир во бељот “Битолски Бељотџија” организиран од Ротаракт клубот од Битола.

Меѓу 32-те екипи учесници Евротип како подджувач на настанот зеде учество со свој тим на турнирот, а тука беа и Голд Слот и Голд Фелиција како и многу други учесници од битолските компании.

Наградени беа најдобрите 3 тимови, а како победници на крајот беше тимот на СН Сервис.

Турнирот станува традиционален и интересот од година во година е се поголем, со што хуманитарниот карактер на бељотџиите е видно изразит.

Собраните средства ќе бидат донирани во зоолошката градина во Битола истакнаа од Ротаракт клубот.

Погледнете дел од турнирскиот амбиент и убавата атмосфера во Голд Фелициа на следната фотогалерија: