feature

Манчестер Јунајтед и Јувентус пријавија големи загуби во годината на пандемија

Англискиот Манчестер Јунјатед и италијанскиот Јувентус, сегашниот и донеодамнешниот клуб на португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо, објавија денеска значителни финансиски загуби за минатата 2020/21 сезона.

Англискиот фудбалски гигант соопшти дека минатата сезона работел со загуба од 92.2 милиони фунти, што е речиси четири пати повеќе од минусот во сезоната 2019/20, кој изнесуваше 23.2 милиони фунти.

Од друга страна, Јувентус пријави загуба од дури 209.9 милиони евра за сезоната 2020/21, двојно повеќе споредено со една сезона претходно.

Двата клуба објавија дека големите финансиски загуби се должат на пандемијата на коронавирус.

Јувентус веќе најави дека и во тековната сезона ќе заврши со минус, додека на „Олд Трафорд“ со оптимизам гледаат во иднината, бидејќи од самиот почеток на сезоната во Премиер лигата своите домашни натпревари ги играат пред полни трибини.



Чудесен рекорд на Ињаки Вилијамс: 200 натпревари по ред во Примера без пауза

На натпреварот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, напаѓачот на тимот од Билбао, Ињаки Вилијамс влезе во почетниот состав на гостите, со што пва му беше 200-тоти последователен натпревар во дресот на Атлетик во рамките на Примера.

Ињаки Вилијамс не пропушти ниту еден натпревар за својот тим од април 2016 година. Натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао заврши нерешено со резултат 0-0. Во тековната сезона на Ла Лига, Вилијамс одигра пет натпревари и постигна два гола.

По пет одиграни кола, Атлетик Билбао се наоѓа на петтото место на табелата во шпанската лига со 9 бодови. Во шестото коло од шампионатот, Баскијците ќе бидат домаќини на Рајо Ваљекано, а средбата се игра на 21 септември.


Рио Фердинанд критичен кон Роналдо: Не смее да се однесува како тренер

Гестикулациите на Кристијано Роналдо во финишот на мечот со Јанг Бојс во Лигата на шампионите кога практично ја презеде улогата на тренер го изнервирале, легендардниот Рио Фердинанд.

„Да сум тренер, би му рекол веднаш да седне. Тој е страстен, очајно сака да победи и не може да се воздржи. Мислам дека таа постапка не е во ред“, вели Фердинанд.

„Црвените ѓаволи“ го загубија првиот меч во Лигата на шампионите на теренот на Швајцарците со 2-1, иако Роналдо прв го отвори резултатот.


Повредата е минато, Ансу Фати се враќа на терените

Ансу Фати е блиску до враќање на теренот по повредата на коленото, пренесуваат медиумите во Каталонија.

Според изворот, фудбалерот тренира со нормално темпо веќе неколку дена. Најверојатниот датум за настап на Ансу Фати на теренот е 26 септември, кога Барселона ќе го пречека Леванте како дел од петтото коло на Примера.

Да потсетиме, Фати доби тешка повреда на коленото во ноември 2020 година на натпреварот со Бетис. Првично, се претпоставуваше дека неговото враќање ќе се случи за четири месеци. Сепак, поради проблеми со коленото, тој го пропушти остатокот од сезоната, а исто така не беше во можност да настапи на Евро 2020. Фати се приклучи на главниот тим на Барселона во 2019 година. Од 2020 година, напаѓачот е дел од шпанската репрезентација.


Игор Тудор претставен како тренер на Верона

Вчера Игор Тудор беше претставен како нов тренер на Верона. После три кола Верона се уште е без победа, а Тудор на клупата ќе дебитира в недела кога Верона ќе игра против Рома.

На клупата на Верона Тудор го наследи Еусебио Ди Франческо. Минатата сезона овој клуб беше предводен од Јуриќ и играше одлично, дури се вмеша и во борбата за место во Европа. Јуриќ по завршувањето на сезоната премина во Торино.

Од друга страна Тудор минатата сезона беше помошник на Андреа Пирло кој доби отказ на крајот од сезоната.

На претставувањето во Верона истакна дека Јувентус бил убаво искуство за него.


Јуве загуби преку 100 милиони евра минатата сезона

Јувентус објави дека запишал загуби од 109.9 милиони евра за минатата сезона.

Раководството на „старата дама“ објави дека загубите минатата сезона биле значително поголеми од тие претходно поради пандемијата со корона ворусот.

„Загубите доаѓаат како последица од ефектот на пандемијата врз продажбата на билети, продукти како и пониски приходи од правата на фудбалерите“, објаснија „бјанконерите“.

Јувентус ќе ги покрие загубите со пари од акционерите, што значи дека вредноста на акцијата на клубот значително ќе падне.


Јапонецот Хонда потпиша во првакот на Литванија

Кеисуке Хонда нема намера да ја заврши кариерата, па продолжува неговото „шетање“ по разни клубови.

Сега поранешниот јапонски репрезентативец ќе игра во Литванија со лидерот во првенството, Судува. Јапонецот беше без клуб од 12. февруари кога го напушти португалскиот Портимоненсе.

Претходно имаше епизоди во Нефтчи Баку, Витесе, Мелбурн Виктори, Пачука…Најдобрите денови Хонда ги помина во ЦСКА Москва каде што играше најдобар фудбал. Во кариерата имаше прилика да го носи и дресот на Милан.


Лудогорец и Црвена Звезда ќе играат на неутрален терен

Бугарија пред неколку денови ја прошири „црвената листа“ на коронавирусот на уште неколку земји.

На листата се најде и Србија, а тоа може да донесе проблем во Лига Европа бидејќи во второто коло Црвена Звезда треба да му го стува на Лудогорец.

Затоа се разгледуваат можности како и дали има можност играчите на Звезда да патуваат во Разград, а една од опциите секако е играње на неутрален терен.

Засега нема најави каде би можел овој натпревар да се одигра, секако ако дојде до тоа да се игра на неутрален терен.


Мајк Џејмс го засили новиот евролигаш Монако

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс по една сезона мината во НБА лигата се враќа на европскиот континент, откако се согласи на трансфер од Бруклин во Монако.

Џејмс ќе се обиде да му помогне на францускиот тим во дебитантската сезона во Евролигата во која Американецот беше меѓу најдобрите кошаркари изминати години.

Минатата сезона Џејмс кратко престојуваше во редовите на Бруклин и зад себе во НБА лигата остави статистика од 7.7 поени и 4.2 асистенции по натпревар.

„Мојата цел е Монако да победи во што е можно повеќе натпревари во Еролигата. Сакам да бидеме конкурентни, иако сме аутсајдери во ова елитно опкружување“, изјави 31-годишниот Џејмс.


Кореанецот Сон откри дека како дете навивал за Манчестер Јунајтед

Сон Хонг Мин е еден од најдобрите играчи на Тотенхем.

Сега иако настапува во дресот на „петлите“, призна дека во младоста навивал за Манчестер Јунајтед.

„Навивав за Манчестер Јунајтед, а причината беше затоа што мојот сонародник Парк Џи-Сунг играше за нив. Парк е национален херој. Во Кореја за него ќе ви кажат дека има две срца. Сега е мој добар пријател. На некој начин тој ми ја отвори врата на Премиер лигата. Тогаш го поддржував Манчестер Јунајтед, сега секако тоа не е случај. Целосно сум посвете на Тотенхем“, изјави Сон.

Одличниот репрезентативец на Јужна Кореја е под знак прашалник за натпреварот против Челзи затоа што при обврските за репрезентацијата заработи повреда.

Лондонското дерби е закажано во 17:30 часот.