feature

Артета го брани Ѓокереш по тешкиот натпревар со Сити

Микел Артета јавно застана во одбрана на напаѓачот Виктор Ѓокереш по тивката партија против Манчестер Сити, која заврши 1-1. Швеѓанецот не упати ниту еден удар кон голот, но Артета потенцираше дека Ѓокереш вложил голем труд и покажал посветеност. 

„Се труди максимално,“ рече Артета. „Тоа беше тежок натпревар против еден од најдобрите тимови во Европа. Таквите мечеви се многу барачки, особено за напаѓачите.“ 

Иако Ѓокереш не успеа да се запише на листата на стрелци, Артета истакна дека Арсенал создаде неколку солидни ситуации, особено по страничните позиции. Според него, последниот пас не бил доволно прецизен, и дека мора да се подобри квалитетот на додавањата кон напаѓачот. 

„Имаше моменти кога беше блиску. Понекогаш сè се сведува на сантиметри,“ додаде Артета, нагласувајќи дека против вакви ривали, чисти шанси се реткост. 

Натпреварот доби нова динамика со влегувањето на Габриел Мартинели, кој во судиското надополнување го израмни резултатот. Артета го пофали неговиот менталитет и енергијата што ја внесе од клупата, оценувајќи ја како клучна за тимот. 

Иако Арсенал е 5 бода зад Ливерпул во битката за титулата, Артета останува позитивен. Тој истакна дека има доверба во правецот во кој оди тимот, и во способноста на Ѓокереш да се прилагоди и напредува. 


Фановите на Аталанта протестираат против Лукман

Поддржувачите на Аталанта јасно покажаа што мислат за напаѓачот Адемола Лукман, нарекувајќи го “неблагодарник”. Овие денови нигерискиот фудбалер беше вратен во првиот тим на Иван Јурич, но довербата на навивачите сè уште не е вратена.

Во изминатата ноќ, ултрасите од фракцијата Vecchia Guardia оптегнаа транспарент со текст „Број 11 е вратен, но за нас останува неблагодарник.”

Лукман се обиде да го напушти клубот за време на летниот трансфер период и поднесе официјална молба за трансфер, откако понуда од Интер во износ од 45 милиони евра беше одбиена на почетокот на август. Потоа, тој објави серија на обвинувања против клубот во долго порака на својот профил на Инстаграм. Поради сето ова, тој претежно тренираше одделено од главната група.

Потоа нигерискиот репрезентативец се врати во Англија за неколку недели, додека неговите соиграчи ја започнаа предсезонската подготовка. Тој се врати во Бергамо само пет дена пред почетокот на сезоната 2025-26 во Серија А.


Упамекано ќе биде следниот слободен трансфер на Реал

Реал Мадрид е локомотивaта меѓу клубовите кои се користат од овој „слободен“ пазар. Алаба, Рюдигер и Трент се добар пример – и нема да бидат последни.

Ова е почетокот на анализата на „Марка”, посветена на желбата на Дајо Упамекано да премине во “кралскиот клуб” како слободен агент.

„Овој ефект и реакцијата на клубот доведоа до тоа многу играчи, кои чекаат крај на својот договор, да се ‘огледуваат’ кон „Сантијаго Бернабеу“, за да разберат дали Реал Мадрид би ги привлечел – фудбалери од топ клубови, со амбиции и искуство да играат во таков тим. Последен во овој долг список е Дајо Упамекано,” продолжува Хозе Феликс Диас во онлајн изданието на “Марка”.

Името на францускиот централен бек се поврзува со Реал Мадрид со години. Пред да потпише со Бајерн Минхен, неговото преминување во Мадрид се сметаше за сигурно. Сега, четири години подоцна, тој повторно гледа кон „Сантијаго Бернабеу“ со желба да ја оствари својата сон да облече белата маица. Тоа веќе му го известил на својот агент, кој работи на прашањето, иако приоритетите на Реал Мадрид во моментот се насочени на друго место – но можноста се цени.


Ортега од Сити доаѓа бесплатно во Интер

Италијанските медиуми објавуваат дека Интер нашол замена за Јан Зомер, и тоа ни помалку, ни повеќе, туку на Островот во редовите на еден од најсилните клубови во светот.

Директорот на „Неразурите“ ќе го потпише Штефан Ортега и ќе го донесе во градот на модата целосно бесплатно.

Германскиот голман од редовите на Манчестер Сити има договор со „граѓаните“ до следното лето и решил да се испроба во Серија А.

Пред Манчестер сити, бранеше за Арминија од Билефелд.


Италија пресилна за Аргентина во мундијалското осминафинале

Италијанската репрезентација денес во Пасај ја победи Аргентина во осминафиналето на Светското првенство во одбојка со 3-0 (25-23, 25-20 и 25-22).

Во четвртфиналето, италијанската репрезентација ќе игра против победникот од натпреварот Белгија-Финска.

Првата формирана двојка за четвртфиналната фаза на одбојкарскиот Мундијал во Филипини ја сочинуваат Полска и Турција.


Рашфорд сака перманентен договор со Барса

Маркус Рашфорд беше човекот на одлука во првиот натпревар на Барселона оваа сезона во Лигата на шампионите.

Англискиот напаѓач се врати во својата татковина со каталонскиот клуб, каде што Барса играше против Њукасл и го реши натпреварот. Постигна два гола, ја освои наградата за играч на неделата и покажа дека може да игра на најголемата сцена.

Рашфорд се раздели со Манчестер јунајтед, но само привремено. Англискиот репрезентативец е на позајмица во Барселона, но би сакал да остане таму.

Познато е дека Рашфорд не се раздели со Аморим и раководството на најдобар начин. Прво беше испратен на позајмица во Астон Вила, сега во Барселона, бидејќи повеќе не сметаат на него на „Олд Трафорд“. Сепак, има еден проблем.

Барселона сè уште има големи финансиски проблеми и големото прашање е дали ќе можат да си дозволат да го откупат договорот на Рашфорд, се разбира, ако одлучат да го откупат.


Бускетс најави заминување во пензија на крајот од сезоната

Серхио Бускетс планира да ја заврши својата богата кариера на крајот од сезоната 2025 во американската МЛС лига, кога ќе завршат неговите обврски во Интер Мајами.

37-годишниот играч од средниот ред, кој освои 32 трофеи со Барселона и имаше 143 настапи за Шпанија, одлучи да се пензионира две години откако му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами.

Според извештаите што доаѓаат од САД, Бускетс изјавил дека ќе се пензионира кога ќе му истече договорот со Интер Мајами на крајот од 2025 година.

Поранешниот светски шампион отворено наговести дека крајот е близу, признавајќи минатото лето дека е „многу поблиску до завршување на кариерата отколку до нејзино продолжување“. Иако засега нема официјална потврда, се верува дека наскоро ќе следи соопштение.

Пензионирањето на Бускетс ќе го означи заминувањето на еден од најтрофејните и најинтелигентните играчи од средниот ред во историјата на фудбалот. За Интер Мајами, тоа значи губење на клучен играч кој, заедно со Меси и Жорди Алба, го формираше ‘рбетот на нивниот проект инспириран од Барселона.


Мартинели го спаси Арсенал од домашен пораз против Сити

Арсенал вечерва ремизираше 1-1 дома со Манчестер сити во петтото коло од Премиер лигата.

Ерлинг Халанд од Арсенал го отвори резултатот во 9. минута. Габриел Мартинели од домашниот тим постигна гол во третата минута од судиското надополнување и го спаси својот тим од пораз.

Арсенал е втор на табелата во Премиер лигата со 10 бода. Во следниот коло ќе игра против Њукасл на гости.

Манчестер сити се искачи на деветтото место со седум бода. Во следниот коло од Премиер лигата ќе биде домаќин на Барнли.


Градското дерби за Вардар, тимот на Седлоски е нов лидер во Првата лига

Фудбалерите на Вардар вечерва славеа триумф над Работнички со 3-1 во 7. коло на Првата лига.

До триумфот на „Тодор Проески“ во Скопје „Црвено-црните“ дојдоа со пресврт.

Работнички поведе преку Имери во 7. минута, изедначи Бабунски од пенал во 41. минута. Кастањеда во 59. минута донесе водство за домашниот тим, а конечниот резултат го постави Мато на 20 минути пред крајот.

По оваа победа Вардар е лидер со 19 бодови, три повеќе од Струга Трим Лум која има натпревар помалку. Трет е Силикс со 15 бода и натпревар помалку.


Спахиу човек на одлука, Шкендија со минималец го надигра Тиквеш

Шкендија ја оствари четвртата победа во Прва МФЛ оваа сезона, откако на домашен терен во Тетово го совлада Тиквеш со 1-0. Гостите пружија силен отпор, играа отворен фудбал и создадоа неколку шанси, но не успеаја да реализираат, за разлика од актуелниот првак.

Стојанов и Тодоров најавија дека Тиквеш нема лесно да се предаде, но голманот Гаје спречи да се затресе неговата мрежа во воведниот дел од натпреварот.

На спротивната страна, Љатифи пропушти одлична можност, но во 36. минута му подготви гол-шанса на Себастијан Спахиу, кој натрча на вториот дирек и реализираше, постигнувајќи го својот прв гол во дресот на Шкендија.

Тиквеш не се помири со резултатот и во второто полувреме. Притискаше и создаде неколку шанси преку Стојкоски, Садик и Стојанов, но реализацијата повторно беше проблем, а одличниот Гаје остана непремостлива пречка.

Бесарт Ибраими имаше можност да го зголеми водството на Шкендија десетина минути пред крајот, но неговиот удар не беше доволно прецизен.

На крајот, Шкендија славеше со 1-0, освои нови три бода, додека Тиквеш ќе мора да ја подобри реализацијата за да бележи подобри резултати.