feature

Британија ќе го депортира затвореникот Борис Бекер

На легендарниот германски тенисер Борис Бекер по отслужувањето на затворската казна му се заканува депортација од Велика Британија, јавуваат британските медиуми.

Поранешниот светски тенисер број еден и трикратен победник на „Вимблдон“ моментално отслужува затворска казна за затајување данок и проневера по банкрот.

Бекер беше осуден на 30 месеци затвор. Првите недели од казната ги поминал во озлогласениот затвор „Вандсворт“, а потоа бил префрлен во „ХМП Хантеркомб“, на околу 70 километри од Лондон, кој е затвор со помал ризик.

Островските медиуми јавуваат дека по излегувањето од затвор, на Бекер му се заканува депортација од Велика Британија како странец кој отслужил затворска казна од 12 месеци или повеќе.

Според друго сценарио, Бекер би можел да биде вратен во Германија пред да му истече казната, отслужувајќи го остатокот од своето време во својата татковина.


Азар е убедливо најплатениот играч во Ла Лига

Белгискиот фудбалер Еден Азар е убедливо најплатениот играч во шпанската Примера.

Иако Азар е далеку од својата врвна форма и ниво на игра, најповеќе поради големиот број на повреди со кои се соочуваше, тој играјќи за Реал Мадрид неделно заработува 600 илјади евра, а годишно остварува приходи од 31,25 милиони евра.

На второ место е неговиот клупски колега Карим Бензема со заработка од 24 милиони евра, додека на трето место е Давид Алаба со 22,5 милиони евра.


Виљареал сака да го откупи Џовано Ло Селсо

Виљареал е заинтересиран за трајно ангажирање на играчот од средниот ред на Тотенхем, Џовани Ло Селсо.

Шпанскиот клуб е во преговори за купување на 26-годишниот аргентински репрезентативец, според инсајдерот Фабрицио Романо. Ло Селсо е приоритетна трансфер цел на тренерот на Виљареал, Унаи Емери.

Во втората половина од минатата сезона, играчот од средниот ред играше за „Жолтата подморница“ на позајмица.

И неколку италијански клубови ја разгледуваат можноста да го добијат Ло Селсо.


Конте ќе испрати понуда до Рома за Заниоло

Тотенхем ќе направи уште еден обид да го привлече крилниот напаѓач на Рома, Николо Заниоло, тврди „Тутоспорт“. Понудата на „Спарс“ е веќе одбиена, но Антонио Конте е решен да го доведе својот сонародник во северен Лондон.

Јувентус е другиот кандидат за потписот на италијанскиот репрезентативец. И тој самиот преферира да премине во редовите на „бјанконерите“, но Рома му одреди цена од 50 милиони евра и нема намера да отстапи од тоа.

Заниоло е во Рома од 2018 година и за тоа време има 111 натпревари и 22 гола. Со неговиот гол „волците“ го совладаа Феенорд со 1:0 во финалето на Конференциската лига во мај.


Арсенал договори позајмица на Артур од Јувентус

Арсенал успешно ги заврши преговорите со Јувентус за играчот од средниот ред Артур. Според информациите кои ги објави „Тутоспорт“, Бразилецот ќе се пресели во тимот од Северен Лондон на позајмица, со опција за откуп.

Артур сака да се приклучи на тимот на Микел Артета и го најави тоа реагирајќи на социјалните мрежи на видеото од голот на Артур Жесус во контрола против Челзи (4-0).

Арсенал го сакаше играчот од средниот ред уште во јануари, но не успеа да се договори со Јувентус. Сепак, Бразилецот сигурно не е вклучен во сметките на Масимилијано Алегри за новата сезона и не ни отиде со тимот на турнејата во САД.

„Старата дама“ го купи Артур од Барселона во 2020 година. Формално трансферот беше вреден 72 милиони евра, но реално Бразилецот беше разменет за Миралем Пјаниќ.


Џеко одбива да си замине од Интер

Напаѓачот на Интер, Един Џеко, одбил понуди од три клуба, тврди новинарот Николо Шира. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е категоричен во намерата да остане кај „Нероаѕурите“, иако е свесен дека по враќањето на Ромелу Лукаку ќе игра поретко.

Се верува дека една од понудите до Џеко била од Борусија (Дортмунд). Жолто-црните бараат нов напаѓач откако на Себастиен Алер ​​му беше дијагностициран тумор на тестисите и се лекува.

36-годишниот Џеко минатото лето се пресели во Интер, а претходно беше во Рома. Босанецот одигра вкупно 49 натпревари во сите натпреварувања и постигна 17 гола, на кои додаде и 10 асистенции.

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е воодушевен од амбициите на Џеко и ќе се потпре на неговото искуство и голгетерскиот талент за време на напорната сезона во која Интер ќе бара да ја врати титулата во Серија А.


Дракслер заминува од ПСЖ, Њукасл фаворит за неговиот потпис

Фудбалерот, Јулијан Дракслер, нема намера и понатаму да ја грее клупата на ПСЖ и затоа ќе си побара нов клуб, објавија медиумите во Франција.

Според наведенотo, за неговиот потпис конкурира англискиот Њукасл кој ќе треба да плати околу 30 милиони евра.  28-годишниот Германец не е дел од експедицијата на ПСЖ која ги реализира летните подготовки на турнеја во Јапонија.

Дрекслер во претходната сезона одигра само 18 натпревари во Лига 1.


Погба заработи повреда на коленото

Само што се врати во Јувентус и ја одигра својата прва средба, Пол Погба се здоби со повреда на коленото поради која ќе отсуствува од терените неколку недели.

Погба повредата ја заработи на еден од тренинзите на бјанконерите. На почетокот прогнозите беа дека не се работи за нешто посериозно, но подоцнежните лекарски тестови покажаа дека се работи за повреда на менискусот од десното колено и дека се потребни дополнителни прегледи.

Францускиот фудбалер ова лето повторно се врати во Јувентус како слободен играч после истекувањето на договорот со Манчестер Јунајтед.


Боливија својот нов фудбалски селектор ќе го бара преку оглас

Фудбалската репрезентација на Боливија во моментот е без селектор, а од фубалскиот сојуз на оваа земја решија новиот предводник на репрезентацијата да го побараат преку оглас.

Сојузот преку социјалните мрежи објави оглас на кој се наведени условите за аплицирање и истиот е отворен до 29.јули.

– Отворен е јавен повик за доставување на CV за избор на нов селектор на репрзентацијата. Домашните и странските тренери своите апликации можат да ги испраќаат до 29.јули.

Интересно е да се види дали на огласот ќе се пријави некое познато тренерско име.


Чави бара од Лапорта да го врати Меси во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, побара од пртседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта да го врати во екипата аргентинскот фудбалер Лионел Меси, пренесуваат шпанските медиуми.

Чави играше заедно со Меси во Барса од 2004 до 2015 година, а заедно имаат освоено 24 трофеи, меѓу кои и четири Лиги на шампиони.

Меси минатата година поради тешката финансиска ситуација во која се најде Барселона, одлучи после 21 година да го напушти Камп Ноу и да прејде во ПСЖ.

Во меѓувреме Париз Сен Жермен му нуди нов договор на Меси, но аргентинскиот фудбалер нема одговорено на понудата и одлуката ја остава за после СП во Катар.

Според информациите Барса и Чави сакаат да ја искористат оваа ситуација и на крајот од наредната сезона да го вратат Меси во клубот. Можноста за враќање на Аргентинецот назад во Барса неодамна ја најави и претседателот Лапорта.