Луис Енрике го објави списокот на 24 фудбалери кои ќе настапат на Европското првенство.
Интересно, ниту еден репрезентативец, не сакаше да го земе бројот 15, број кој е слободен откако Енрике се одлучи да не го повика Серхио Рамос. Со тој потег, соиграчите порачаа дека го чекаат Рамос во репрезентацијата по ова лето. Рамос за Шпанија одигра 180 натпревари и постигна 28 погодоци, а се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи договорот со Реал му завршува наредниот месец.
Дани Олмо ќе го носи бројот 19, Алваро Мората седумката, Адама Траоре го има бројот 20, Тиаго Алкантара ќе ја носи десетката…
Фудбалерот на Наполи и на „црвената фурија“, Фабиан Руиз, може да добие понуда во текот на летото да се пресели во Јувентус.
Наводно, наполитанците кои се соочуваат со големи финансиски проблеми сакаат да продадат неколку играчи меѓу кои влегува и 25-годишниот Шпанец.
Медиумите на „чизмата“ наведуваат дека „старата дама“ од Торино планира да направи големи промени во тимот и дека ќе се бори за потписот на Фабиан Руиз.
Милан го доведе второто засилување во летниот период
Екипата на Милан избори пласман во Лигата на шампионите во последното коло од Серија А, а сега решија да го задржат Фикајо Томори во тимот.
Англискиот дефанзивец пристигна на „Сан Сиро“ во јануари на позајмица од Челси, а клубот од Милано имаше можност да го откупи неговиот договор за 28 милиони евра. По првиот пласман во Лигата на шампионите по седум години, Милан реши да ја искористи оваа опција и Томори ќе продолжи да го носи дресот на Италијанскиот великан.
Томори оваа година одигра 17 натпревари за Милан и постигна еден гол, постигнувајќи гол за Јувентус во победата од 3:0 во Торино. На почетокот на сезоната, Милан го донесе голманот на Лил, Мајк Мањан, како замена за Донарума кој е на излезни врати од Милано.
Евертон сака да го врати Мојс по заминувањето на Анчелоти
Челниците на фудбалскиот состав Евертон се обидуваат експресно да пронајдат замена за Карло Анчелоти кој од вчера е промовиран за нов тренер на Реал Мадрид.
Според наведеното во островските медиуми, најсериозен кандидат за клупата на „карамелите“ е некогашниот нивни тренер, Дејвид Мојс.
Тој имаше одлична сезона со Вест Хем и за малку не успеа да ги однесе „чеканите“ во Лигата на шампионите.
ЕУРО 2020 – 16. Шпанија одблиску
„Фуријата“ го загуби сјајот, но пак е фаворит од сенка за титулата
Фудбалската репрезентација на Шпанија ја претставува и е под управа е на Шпанската фудбалска федерација. Шпанија е трикратен европски првак и прва репрезентација која го одбранила насловот европски првак како и прва репрезентација која освоила три големи натпреварувања (ЕП 2008, СП 2010, ЕП 2012).
Во јуни 2008 Шпанија станала водечка репрезентација на ранг списокот на ФИФА, и тоа како прва земја која никогаш не била светски првак. Тоа им пошло од рака на Светското првенство 2010 година, победувајќи ја холандската репрезентација 1-0 по продолженија.
Ниту еден фудбалер на Реал на списокот на Луис Енрике
Серхио Рамос нема да игра на ЕВРО 2020, капитенот на Реал Мадрид не се најде на списокот кој денеска го објави Луис Енрике. Дефанзивецот во последно време се мачи со повреди и останува да видиме дали ова е причината за отсуството.
Луис Енрике за Европското првенство повика 24 фудбалери наместо 26, и интересно, не смета на ниту еден фудбалер од Реал Мадрид.
Луис Енрике објасни зошто не го повикал Рамос на шампионатот
Луис Енрике го објави списокот за Европското првенство, големо изненадување е отсуството на Серхио Рамос. За играчот со најмногу настапи во дресот на Шпанија нема место во составот, па сосема нормално имаше многу прашања на оваа тема на прес конференцијата.
„Одлуката не беше лесна, но Рамос има големи проблеми со повредите и нема континуитет од јануари месец. Воопшто не ми беше лесно, но морав да го одберам она што е најдобро за групата. Синоќа му се јавив и му ја образложив одлуката. Ме боли многу што морав да го изоставам, се работи за фудбалер кој секогаш го оставал срцето на терен. Му препорачав да биде малку себичен, да се фокусира целосно на тоа да се опорави од повредата и да продолжи да игра на највисоко ниво за клубот и репрезентацијата. Не сакам отсуството на Рамос да го поврзете со повикот на Лапорт. Постои можност Рамос да се опорави пред почетокот на Европското првенство, но мислам дека ќе биде тешко“, рече селекторот.
Силесен го пропушта Европското првенство во фудбал
Селекторот на Холандија, Франк де Бур објави дека голманот на Валенсија, Јаспер Силесен е исклучен од националниот тим за претстојниот европски шампионат. Претходно, на фудбалерот му беше дијагностициран коронавирус.
„Морав да го направам овој сериозен чекор. Како што знаете, Јаспер има позитивен тест на коронавирус. Поради ова, тој ќе пропушти важен дел од подготовките за ЕП. Не знаеме колку време ќе му треба за да се врати во својата најдобра форма. Не сакам да ризикувам во овој поглед“, беа зборовите на Де Бур.
Натпреварите од ЕП ќе се одржат од 11 јуни до 11 јули во повеќе градови низ Европа, а Холандија е во груопа заедно со Македонија, Австрија и Украина.
Ова се играчите и тренерите кои се борат за титулата најдобри во Премиерлигата
Англиската Премиерлига ги објави имињата кандидати за титулата најдобар играч и тренер оваа сезона, а фаворитите секако се од шампионот Манчестер Сити.
Дефанзивецот на англискиот првак, Рубен Диас веќе ја однесе наградата за најдобар според изборот на новинарите, а главен е кандидат и за најдобар играч по изборот на лигата.
Покрај Диас, на листата е и неговиот соиграч Кевин Де Брујне, како и Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Џек Грилиш (Астон Вила), Мохамед Салах (Ливерпул), Хари Кејн (Тотенхем), Мејсон Маунт (Челзи) и Томас Соучек (Вест Хем).
Португалскиот стопер е првиот дефанзивец кој новинарите го избрале за најдобар уште од поранешниот играч на Ливерпул, Стив Никој, кој таа награда ја доби во 1989. година.
На листата за најдобар тренер се најдоа Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Брендан Роџерс (Лестер), Марсело Биелса (Лидс), Дејвид Мојс (Вест Хем) и Оле Гунар Солскјер (Манчестер Јунајтед).
Номинирани се и оние кои се борат за титулата најдобар млад играч на лигата, а на тој список се најдоа Доминик Калверт-Луин (Евертон), Рубен Диас (Манчестер Сити), Фил Фоден (Манчестер Сити), Илан Мелие (Лидс), Мејсон Маунт (Челзи), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Деклан Рајс (Вест Хем) и Букајо Сака (Арсенал).
Манчини изненади со пописот за Европското првенство
Роберто Манчини во ударен термин на италијанската телевизија Раи го објави списокот на играчи кои ќе ги води на Европското првенство.
Претходно, Манчини ги започна подготовките со 28 фудбалери и се веруваше дека двајца ќе испаднат од тој список, но италијанскиот селектор ја изненади јавноста и отфрли тројца играчи, како би створил место за напаѓачот на Сасуоло, Џакомо Распадори. Манчини од списокот ги отфрли Џанлука Манчини, Матео Песина и Матео Политано.
„Оваа репрезентација е создадена по дебаклот на Светското првенство 2018. година. Има многу млади играчи во екипата, имавме среќа да не пратат добри резултати и тоа ни помогна да создадеме вака позитивна атмосфера околу нас.“ – вели Манчини.
МЗТ Скопје атакува на осмата титула , Еуро Никел на четвртата
Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе стартува финалната серија од плеј-офот. По 28. пат во 29. првенствени сезони, ќе се одлучува кој ќе биде новиот шампион.
Македонија долго чека на новиот кошаркарски првак, но низ финалната серија, „подобар од пет“ натпревари, одговор на тоа прашање ќе ни дадат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на Еуро Никел 2005.
Тие ги поминаа двете преки, четвртфиналето и полуфиналето. „Металците“ со еден пораз (во полуфиналето од Куманово), додека кавадарчани се перфектни. Четири меча, четири победи против Гостивар (во четвртфиналето) и против Работнички во следната рунда.
Што велат оние историски факти за големото финале кога станува збор за двете екипи финалисти кои ќе се борат за шампионскиот пехар?
*За МЗТ Скопје ова ќе биде вкупно 15.финална серија…
*По деветти пат по ред „сино-белите“ ќе играат во серијата за шампионскиот трофеј
*МЗТ Скопје (Аеродром) има по седум победи и исто толку порази во финалето
*Сите седум порази на МЗТ Скопје се во дуелите со Работнички
*Првата шампионска титула МЗТ Скопје ја освои во сезоната 2011/2012 кога беше поуспешен токму од клубот од Кавадарци (4-1 во финалето)
*Еуро Никел 2005 (под името Фени Индустри) има три шампионски титули
*Првата е во сезоната 2007/08, а кавадарчани беа најдобри и во 2009/2010 односно 2010/2011
*Ова ќе биде втора финална серија помеѓу овие два клуба низ историјата
*Досега клубот од Кавадарци играл во пет завршни серии од првенството, а скорот е две победи и три порази.
*Фени Индустри, сега Еуро Никел 2005 шампион станувал низ седум мечеви (во сериите со Струмица и со Вардар Осигурување, по 4-3)
*Работнички е нашиот најтрофеен клуб, има 15.титули во 28.сезони
*Двата финалисти имаат вкупно уште десет титули. Прваци на нашата држава биле уште и екипите на Никол Ферт од Гостивар и Струмица.
Премиер лигата почнува на 16 август со новата сезона
Новата сезона во најквалитетната англиска лига ќе стартува на 16 август, или еден месец после завршување на Европското првенство.
Еден месец претходно, на 16 јули ќе биде објавен распоредот на натпреварите.
Од Премиер лигата потврдија дека летниот преоден рок се враќа на стариот систем и ќе трае од 9 јуни до 31 август.
Титулата во следната натпреварувачка сезона ќе ја брани Манчестер Сити.