feature

Џошуа се согласи на борба против Фјури

Поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа (26-3 победи-порази) одговори на предизвикот на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (32-0), кој го повика Џошуа да потпише договор за борба до 26 септември.    

Потпишувам договори многу години. Ова одложување не зависи од мене, туку од адвокатите. Ако сте ја проучувале историјата на боксот, треба да знаете дека од правна страна се треба да биде совршено. За тоа е доброто управување и добрите адвокати. Секако дека ќе го потпишам договорот, рече Џошуа во видеото објавено на каналот „Boxing Social YouTube“. 

Фјури во последната борба го нокаутираше Дилијан Вајт (28-3) во шестата рунда. Мечот се одржа на 24 април во Лондон, Велика Британија. Џошуа загуби од Олександр Усик (20-0) на 20 август во Џеда, Саудиска Арабија.


Киеза за десет дена се враќа во составот на Јувентус

Италијанските медиуми ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Јувентус Федерико Киеза, најверојатно за 10 дена се враќа на теренот после успешното опоравување од повредата на коленото.

Киеза поради повредата на коленото која ја задоби во првенствениот натпревар против Рома на почетокот од годината беше опериран, и според информациите неговото опоравување се одвивало подобро од очекуваното.

Фудбалерот на Јувентус ќе продолжи со тренинзите во наредните денови, и би можел да се најде во тимот за дерби дуелот со Милан.


Канте им се врати на тренизните после паузата од повредата

Фудбалерот на Челзи Нголо Канте повторно тренира со екипата, откако поради повреда на бутниот мускул тој имаше пауза од шест недели.

Канте се повреди на 14.август во дуелот со Тотенхем кој заврши 2:2. Од тогаш тој пропушти осум натпревари на Челзи во сите натпреваувања.

Клубот од Стенфорд Бриџ после шест одиграни кола се наоѓа на 7.место на табелата во Премиер лигата со освоени 10 бода. Челзи во сабота му гостува на Кристал Палас.


Македонија ќе биде во четвртиот шешир на жрепката за ЕП 2024

Македонската фудбалска репрезентација жрепката за групите од квалификациите за Европското првенство 2024 ќе ја чека од четвртиот шешир.

Жребот е закажан за 9 октомври во Франкфурт, а Македонија остана во четвртата група по рејтинг откако Грција ја совлада Северна Ирска, а Косово славеше победа над Кипар.

Заедно со нашата селекција, во четвртиот шешир ќе бидат и Турција, Бугарија, Грција, Грузија, Казахстан, Азербејџан, Косово и Фарски Острови.


Милан и Јуве уште се распрашуваат за Заниоло

Иднината на Заниоло се уште е главна тема на Апенините, иако Италијанецот ова лето остана во Рома.

Милан и Јувентус се силно заинтересирани за Заниоло, но ова лето не беа спремни да платат 50 милиони евра колку што бараше Рома за неговата слобода.

Двата клуба не се откажуваат од Италијанецот и будно ја следнат ситуацијата околу преговорите за нов договор. Рома сака да му го продолжи договорот на Заниоло, кој на лето ќе влезе во последната година од договорот.


Дамфрис пак интересен за премиерлигашите

Луѓето од Челзи планираат во јануари да испратат понуда за фудбалерот на Интер, Дензел Дaмфрис.

Холанѓанецот беше на радарот на „сините“ во текот на летото но, траснферот не се случи. Сега, Англичаните сакаат да ги откупат правата на играчот за 50 милиони евра.

Тие воедно се подготвени да го пуштат дефанзивецот да ја заврши сезоната во Италија. За неговиот потпис се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Евертон.


Почетино фаворит за англиски селектор наместо Саутгејт

Аргентинскиот тренер, Маурисио Почетино, има шанса да го наследи Герет Саутгејт на кормилото на Англија, наведува весникот „Телеграф“.

Тој беше на стадионот „Вембли“ и го следеше натпреварот од последното коло во Лигата на нации меѓу Англија и Германија кој заврши 3-3.

Почетино е без ангажман откако на крајот на претходната сезона доби отказ во ПСЖ.


ПСЖ плаќа 30 милиони евра за Шкрињар

Францускиот шампион Париз Сен Жермен планира да се засили во зимскиот преоден рок кој започнува на први јануари 2023. 

Според информациите од медиумите во Италија, ПСЖ ќе му понуди на Интер 30 милиони евра за ангажман на дефанзивецот Милан Шкрињар.

Договорот на фудбалерот од Словачка со Интер истекува на крајот од сезоната, но челниците на клубот од Париз очигледно нема да го чекаат летото и да го доведат Шкрињар како слободен играч, бидејќи им е потребно брзо засилување за одбраната.

Шкрињар за Интер игра од 2017 година кога пристигна од Сампдорија.


Мурињо го сака дефанзивниот бисер на Ајакс

Рома е заинтересирана за дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер. Спортскиот директор на „волчицата“, Тиаго Пинто, се насочил кон 21-годишниот дефанзивец.

„Копјаниците“ за неговиот потпис ќе бараат минимум 45 милиони евра. Тимбер е производ на академијата на Ајакс а дебитираше за првиот тим во 2019 година. За екипата од Амстердам има 84 натпревари, 4 голови и 2 асистенции.

Тој за репрезентацијата на Холандија одигра 10 натпревари.


Пулишиќ се сели од Челзи во Јувентус?

Италијанскиот Калчомеркато пренесува дека фудбалскиот клуб Јувентус започнал преговори со менаџерот на Кристијан Пулишиќ за негов трансфер од Челзи.

24-годишниот американски репрезентативец е расоложен за преселба во Италија, бидејќи не е задоволен од неговиот статус во клубот од Стенфорд Бриџ. Цената која би ја платиле челниците на Јувентус би изнесувала околу 42 милиони евра.

Пулишиќ го носи дресот на Челзи од 2019 година каде за 64 милиони евра пристигна од Борусија Дортмунд, а неговиот договор со клубот од Лондон истекува во 2024 година.