feature

Пулишиќ се сели од Челзи во Јувентус?

Италијанскиот Калчомеркато пренесува дека фудбалскиот клуб Јувентус започнал преговори со менаџерот на Кристијан Пулишиќ за негов трансфер од Челзи.

24-годишниот американски репрезентативец е расоложен за преселба во Италија, бидејќи не е задоволен од неговиот статус во клубот од Стенфорд Бриџ. Цената која би ја платиле челниците на Јувентус би изнесувала околу 42 милиони евра.

Пулишиќ го носи дресот на Челзи од 2019 година каде за 64 милиони евра пристигна од Борусија Дортмунд, а неговиот договор со клубот од Лондон истекува во 2024 година.


Њукасл сериозно заинтересиран за доведување на Мудрик

Според медиумите од Англија, екипата на Њукасл Јунајтед има големи шанси за ангажман на фудбалерот на Шахтјор Михаило Мудрик.

21-годишниот Мудрик веќе подолг период е трансфер мета на голем број познати клубови меѓу кои Баерн Минхен и Арсенал. Меѓутоа според најновите информации, во трката за крилниот напаѓач сериозно се вклучил и Њукасл од каде подготвиле понуда од 50 милиони евра.

Мудрик според многумина е иднината на украинскиот фудбал, а неговиот договор со Шахтјор е со важност до 2026 година.


Марк Гасол се пријави за настап со Џирона во Ендеса лигата

Центарот Марк Гасол оваа недела и официјално ќе почне да настапува во шпанското кошаркарско првенство како играч на Џирона.     

37-годишниот Шпанец ја основа Жирона во 2014 година и оттогаш е претседател на клубот. Правилата на шпанското првенство не му дозволија официјално да се пријави на турнирот како играч. Сепак, собранието на лигата ги одобри измените на правилата, објави „Марка“. 

Сега Гасол ќе може да ги извршува двете позиции: претседател и играч. Пред да ја започне кариерата во НБА, Шпанецот играше за Жирона од 2006 до 2008 година. Клубот се распадна во 2013 година, но Гасол основаше нова негова верзија.


Завршниот турнир во Лигата на нации ќе се одржува во Ротердам и Еншеде

Завршниот турнир од фубалската Лига на нации ќе биде одржан од 14.до18.јуни наредната година во холандските градови Ротердам и Еншеде.

Пласман на завршниот турнир обезбедија репрезентациите на Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија.

Европската фудбалска асоцијација-УЕФА, уште не соопштува кога ќе биде одржана жрепката за полуфиналните парови.


Робен не знае дали ќе остане во светот на фудбалот

38-годишниот, Арјен Робен, кој имаше блескава фудбалска кариера во повеќе европски екипи, проговори за неговите планови.

„Мојата сопруга работи два дена во неделата, па морам два дена да бидам куќна помошничка. Што се однесува до работата со младинскиот тим, убаво е да се вклучиш во играта на тој начин. Можеби за пет години ќе бидам главен тренер или технички директор или можеби ќе бидам менаџер во Маркет“ – вели Робен.

Холанѓанецот кој потекнува од школата на Гронинген, имаше можност да настапува и за ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен.


Кулушевски: Конте ме препороди

Дејан Кулушевски не го крие задоволството од своите настапи во Тотенхем каде игра како позајмен играч на Јувентус. Тој се надева дека клубот од Лондон на крајот од сезоната ќе го откупи неговиот договор.

Не бев среќен во Јувентус, па трансферот во Тотенхем беше најдобра одлука за мене. Пресреќен сум од соработката со Конте. Никогаш претходно не сум видел поголем мотиватор од него. Неговите зборови доаѓаат право во вашето срце“, истакнува Кулушевски во интервју за Газета дело Спорт.

Оваа сезона во Тотенхем, Кулушевски одигра седум натпревари во Премиер лигата, при што постигна еден гол и забележа три асистенции.


Јокиќ: Планирам да останам во Денвер до крајот на кариерата

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој е двократен МВП на НБА лигата, изјави дека сака да биде во екипата тоа што некогаш во Сан Антонио беше легендарниот Тим Данкан.

„Сакам да бидам Тим Данкан на Денвер Нагетс, но за да бидам како него ќе мора да освојам неколку шампионски прстени“, изјави Јокиќ за американските медиуми.

Јокиќ потенцира и дека планот му е да го носи дресот на Денвер до крајот на кариерата, бидејќи се чувствува одлично во тимот и градот.


Паредес: Не изградив некој однос со Килиан Мбапе

Фудбалерот, Леандро Паредес, кој го напушти ПСЖ во текот на летото и се пресели во Јувентус,  проговори за неговиот однос со Килијан Мбапе.

Аргентинецот вели дека не изградил никаков однос со Французинот и дека главно се дружел со фудбалерите од Јужна Америка.

„Мбапе? Јас едноставно не сум човекот кој може да каже било што за него. Јас едноставно немав никаков однос со Мбапе“ – вели Паредес.


Мареј не размислува за заминување во пензија

Трикратниот грен слем шампион Енди Мареј одговори на новинарско прашање дали размислува наскоро да стави крај на кариерата.

„Засега не размислувам за тоа. Сè уште сум конкурентен и физички подготвен против врвните момци. Дефинитивно не сакам и не заслужувам заминување како што го имаше Роџер. Тој тоа го заслужи и беше одлично што сите гледаа од трибините, нивното присуство ја направи оваа вечер посебна. Не планирам таков проштален натпревар. Веројатно ќе објавам кога ќе го одиграм мојот последен турнир и сето тоа, но не знам кога ќе биде тоа“, вели Мареј.


Диего Далот ќе добие нов договор во Манчестер Јунајтед

Португалскиот фудбалски репрезентативец, Диого Далот, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед, најавија медиумите во Британија.

Неговиот договро истекува на крајот на сезоната но, „црвените ѓаволи“ сакаат да го задржат најмалку до 2024 година.

23-годишниот фудбалер сакаше во текот на летото да си замине од – „Олд Трафорд“ но, доаѓањето на Тен Хаг значително ја промени неговата улога во тимот.