feature

Уште два гиганти се вклучија во трката по Шкрињар

Милан Шкрињар ова лето беше блиску до трансфер во ПСЖ, но на крајот остана во Интер.

Сега ситуацијата е поинаква, договорот на Скриниар со Интер истекува на крајот на сезоната и од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.

ПСЖ не се откажува, но сега во трката за неговиот потпис се приклучија уште Манчестер Сити и Челзи.

Пеп Гвардиола е особено заинтересиран за Шкрињар, а Сити му нуди плата од 10 милиони по сезона, плус голем бонус при потпис на договорот доколку пристигне без обештетување.

Интер сака да го продолжи договорот со играчот, но тоа ќе биде голем проблем за „нероаѕурите“ бидејќи тие не можат да му понудат повеќе од 6 милиони евра по сезона.


Германија со само еден тест ќе патува на СП во Катар

Германската фудбалска репрезентација кон крајот на годинава ја очекува настап на Светското првенство во Катар.

Таа еден дел од подготовките ќе ги реализира во Оман од 14 до 18 ноември. „Панцирите“ во тој период ќе имаат само еден подготвителен натпревар и тоа со домашната селекција. Истиот е закажан за 16 ноември.

Поранешниот светски шампион во првата фаза од Мундијалот ќе биде во група со: Шпанија, Костарика и Јапонија. Прв противник на избраниците на Флик ќе бидат популарните „самураи“.


Лоран Блан е можен нов тренер на Олимпијакос

Францускиот тренер Лоран Блан е еден од најсериозните кандидати за нов шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Олимпијакос.

Медиумите во Грција пренесуваат дека Блан ќе го замени Карлос Кобреран кој доби отказ после серијата на лоши резултати. 

Клубот од Пиреја во моментот се наоѓа на петтото место од табелата со осум бода, а лидер е Панатинаикос со 15 освоени бода.


Дејан Станковиќ кандидат за нов тренер на Сампдорија

Актуелниот тренер на Сампдорија Марко Џампаоло најверојатно ќе добие отказ од клубот после репрезентативната пауза, и според информациите од италијанските медиуми, челниците на популарната Сампа, веќе бараат нов тренер.

На листата потенцијални нови тренери на тимот од Џенова се споменуваат Дејан Станковиќ и Даниеле де Роси.

Управата на Сампдорија имаше интерес за ангажман на Станковиќ и во пролетта 2021 година, кога тогашниот тренер Клаудио Раниери покажа јасна намера дека ќе го напушти водењето на екипата на крајот од сезоната. Меѓутоа тогаш српскиот тренер изјави дека нема намера да ја напушти Црвена Звезда.

Сампдорија има најлош старт во клупската историја, и после седум кола има само два бода.


Хансен ја надмина бројката од 1000 голови во Лигата на шампиони

Најдобриот дански ракометар, Микел Хансен, успеа да ја мине бројката од 1000 постигнати голови во Лигата на шампионите.

Актуелниот играч на Алборг, со ова постигнување се најде во одбрано друштво и му се приклучи на Кирил Лазаров кој ја заврши својата кариера, како и на Никола Карабатиќ од ПСЖ.

Хансен границата од илјада постигнати гола ја надмина на дуелот против екипата на Цеље.


Започна продажбата на билети за дуелот Македонија – Бугарија

Oд денес започнува продажбата на билетите за последниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација од групата 3 во Лигата на нации против Бугарија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Бугариjа ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets.

Продажбата на билетите ќе се одвива исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има.


Меси собори уште еден рекорд во сопственост на Роналдо

Аргентинска мега-ѕвезда во дресот на ПСЖ, Лионел Меси го постигна својот 672. гол од игра, откако синоќа на парижани им обезбеди минимална победа на гостувањето кај Лион во француската Лига 1.

Со овој погодок, Меси успеа да го собори рекордот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој постигна 671 гол (без пенали). На Меси му беа потребни 150 натпревари помалку од Роналдо, за да дојде до оваа бројка на погодоци.
Меси е во ПСЖ од 2021 година и има договор со клубот до 2023 година со можност за продолжување на уште една сезона. Оваа сезона аргентинскиот напаѓач има 10 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и седум асистенции.


Скариоло: Среќен сум што успеавме сите да ги победиме

Селекторот на шпанската репрезентација Серџо Скариоло изјави дека неговиот тим го освоил Европското првенство во Берлин бидејќи шпанската кошарка со години се заснова на системот и секогаш размислува чекор понапред, пренесува „Баскет њуз“.

Шпанија синоќа во Берлин ја победи Франција со 88:76 во финалето на ЕП.

„Влеговме на турнирот како осми кандидат за злато според официјалните прогнози. На турнирот влеговме без МВП играчи, НБА суперѕвезди, ол-стар кошаркари… Многу сум среќен што успеавме да ги победиме сите и да ја прескокнеме конкуренција.Среќен сум поради начинот на кој игравме кошарка во двата правци“, вели Скариоло.


ФИФА ја отфрли жалбата на Чиле

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, ја одби жалбата на Чиле, во која федерацијата на оваа земја бараше да учествува на претстојниот Мундијал во Катар, на местото од Еквадор.

ФИФА го отфрли аргументот на Чиле дека играчот на Еквадор Бајрон Кастиљо е роден во Колумбија и дека немал право на настап за Еквадор на натпреварите од квалификациите на СП.

ФИФА во соопштението вели дека на основа на доставените документи, жалбените судии на федерацијата сметаат дека играчот Бајрон Кастиљо има трајно државјанство на Еквадор и дека целата процедура е во склад со правните статути на таа земја.

Со оваа одлука се потврдува учеството на Еквадор на СП во Катар каде ќе игра во групата А заедно со Катар, Холандија и Сенегал.


Шрудер останува во ЛА Лејкерс

Најдобриот германски кошаркар Денис Шрудер и наредната сезона ќе игра во Лос Анџелес Лејкерс.

29 годишниот плејмејкер, ова лето стана слободен агент, меѓутоа после одличните настапи на Европското првенство, кошаркарот доби понуда од Лејкерс за продолжување на неговиот договор. 

Вредноста на едногодишниот договор изнесува 2,64 милиони долари и според информациите Шрудер ќе го потпише веднаш после враќањето од Германија.

Шрудер минатата сезона ја помина во Бостон и Хјустон, за потоа да биде трејдуван во Лејкерс.