feature

Итудис пред отказ во Хапоел

Димитрис Итудис не е загрижен за својата работа по елиминацијата од Суперкупот.

Екипата на Хапоел Тел Авив загуби од својот истоимен тим од Ерусалим петтипат по ред и беше елиминиран од Суперкупот. Ова значи дека тој остана без уште еден трофеј сезонава.

– Ова беше наша цел и сакавме да одиме докрај, но, сепак, имаме две многу важни цели. Сакавме да победиме. Тимот има многу добар дух, секој тим има свои подеми и падови. Знаевме дека ќе дојдат овие кризни моменти, сакавме да ги избегнеме, но, без сомнение, тоа е нешто што се случува и сега е дел од нашето патување. Знаевме дека ќе биде тешка оваа фаза, секако, имавме и повреди – посочи Итудис.

Се зборуваше дека дури може да биде отпуштен, но очигледно е дека Гркот не е загрижен за својата работа.


Алкараз го откажа настапот во Ротердам

Ден откако триумфираше на Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз објави дека нема да ја брани титулата на претстојниот АТП турнир во Ротердам, поради замор.

„По консултациите со мојот тим, морав да донесам тешка одлука да се повлечам од „ABN AMRO Open“. Ми треба повеќе време да се опоравам од долгиот престој во Австралија. Разочаран сум што нема да можам да ја бранам титулата од минатата година. Минав одлично во Ротердам минатата година и се надевам дека наскоро ќе се вратам“, наведе Алкараз во официјалното соопштение.

Прв носител на турнирот во Родердам, што почнува в сабота, е Германецот Александар Зверев, а на местото на Алкараз ќе настапи Французинот Џовани Перикард.


Брајан Сарагоса ја засили Рома

Италијанскиот елитен фудбалски клуб, Рома, потврди дека го ангажирала крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Брајан Сарагоса, кој досега играше како позајмен во шпанската Селта.

Тој ќе настапува на стадионот – „Олимпико“ до крајот на сезоната по што „волчицата“ ќе има опција да му го откупи договорот под одредени услови.

Сарагоса одигра 26 натпревари за шпанскиот состав со ефект од два гола и четири асистенции.


Илинг Џуниор ја засили Пиза

Самуел Илинг Џуниор, ја напушти Англија и се врати во италијанскиот фудбал во екипата на Пиза која се наоѓа на дното на табелата во Серија А

22-годишникот има играно за Јувентус и Болоња и има искуство од италијанскиот фудбал. Ајлинг Џуниор беше дел од англиските состави Астон Вила, Мидлсборо и Вест Бромвич Албион.

Ќе потсетиме дека Пиза по серијата на лоши резултати деновиве се раздели со тренерот Алберто Џилардино.


Минесота се вклучи во трката по Јанис

Минесота влезе во друштвото на екипите во НБА кои сериозно размислуваат да го ангажираат Јанис Антетокумпо пред крајниот рок за размена на 5 февруари.

За таа цел Минесота би морала да го вклучи во размената и Џејден МекДениелс што е малку веројатно.

Затоа во наводите се потенцира дека во пакетот би можеле да влезат: МекДениелс, Наз Рид, Роб Дилингам и Џоан Берингер.


Евертон го доби Тајрик Џонс на позајмица од Челзи

19-годишниот крилен фудбалер на Челзи, Тајрик Џорџ, замина на позајмица до крајот на сезоната во екипата на Евертон.

Договорот меѓу двата клуба вклучува опција за перманентен трансфер. Младиот фудбалер има 37 настапи за „сините“ и постигнато шест голови.

Тој во Евертон треба да биде замена за Џек Грилиш кој има скршеница и веројатно нема да игра до крајот на сезоната.


Рома заглави на „Фриули“, големи три бода за Удинезе

Фудбалерите на Удинезе ја победија Рома со 1-0 во меч од 23. коло во Серија А.

Рома влезе како фаворит во овој дуел поради добрата форма оваа сезона, но денеска го положи оружјето.

Единствениот гол го постигна Јурген Екеленкамп во 49. минута.

Со овој триумф Удинезе скокна на деветтата позиција, а Рома остана на петтото место.


Рељиќ освои бронза на силниот Г2 Опен во ОАЕ

Македонката Милијана Рељиќ освои бронзен медал на таеквондо натпревар Фуџурија Г2 Опен во Обединетите Арапски Емирати.

Поради добрата ранг позиција, Рељиќ не се натпреваруваше во првото коло. Во второто коло, Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2-0 во рунди.

Потоа, во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто така, со 2-0 во рунди.

Поради добрата ранг позиција, Рељиќ не се натпреваруваше во првото коло. Во второто коло, Мила ја победи Ју Јеук Чан од Хонг Конг со 2-0 во рунди. Потоа, во борбата за бронзен медал Мила ја победи Олимпијката Нада Лаарај од Мароко, исто така, со 2-0 во рунди.

„Со оваа победа Мила ја докажа светската и олимписката класа дека може да победи која било противничка на планетава. Во полуфиналето се сретна со Иранката Косар Асасех, но по само 10 секунди борба Мила, повторно истегна мускул и поради повреда мораше да ја предаде борбата. Како и да е, ова се нови високи 7.20 поени за олимписката и светската ранкинг листа. Мила фуриозно ја почнува оваа сезона со БРОНЗЕН медал на еден од најсилните турнири во Азија“, објаснува нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

Тој изрази огромна благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски кој во целост ги покрил сите финансиски трошоци за овој турнир за Фуџарија и следниот натпревар во Инсбрук, Австрија.


Леброн ќе игра на викендот на сите звезди по 22-ри пат

НБА-лигата ги објави резултатите од гласањето на тренерите за учество на Ол-стар натпреварот 2026.

Суперѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, беше именуван во резервниот состав на Западната конференција, продолжувајќи ја својата рекордна серија на 22 последователни Ол-стар натпревари. Тој првпат играше на Ол-стар во 2005 година.

Четириесет и едногодишниот Џејмс ја предводи листата по бројот на настапи на Ол-стар натпреварите на која во топ 8 се наоѓаат:

Леброн Џејмс (22)
Карим Абдул-Џабар (19)
Коби Брајант (18)
Џулиус Ирвинг (16)
Кевин Дурант (16)
Тим Данкан (15)
Кевин Гарнет (15)
Шекил О’Нил (15).

Годинашниот Ол-стар викенд ќе биде од 13-15 февруари во Лос Анџелес.


Вуко Борозан потпиша за Охрид

Вуко Борозан си замина од Вардаар 1961, но не и од Македонија. ГРК Охрид е новата дестинација на црногорскиот бек.

Тој и официјално беше промовиран како ново засилување на езерскиот тим.

Со потпишувањето на Борозан, ГРК Охрид ги потврди амбициите за оваа сезона.

Во клубот е вложена сериозна сума на пари. Па се очекува да се вмеша за титулата, и секако да оствари успех во ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година со македонски производ го свои Алкалоид.

Левиот бек се врати во Вардар 1961 во 2024 година, но по завршување на полусезоната одлучи да се раздели со „црвено-црните“ и да го облече дресот на ГРК Охрид.