feature

Најавени коренити промени во светот на тенисот од 2025 година

Од 2025 година АТП објави голема промена на тениските тунрири која се однесува на линиските судии.

Според претседателот на АТП, Андреа Гауденци објави дека професијата на линиските судии заминува во историја. Од 2025 година нема да се користат на ниту еден турнир во Европа и во светот.

„Размислувавме долго за оваа одлука и заклучивме дека иако линиските судии се дел од традицијата, мораме да ги следиме трендовите и да овозможиме најдобро можно искуство за навивачите“, изјави Гауденци.


Ибра пак се повреди, дали ова значи крај на кариерата?

Златан Ибрахимовиќ во последниот период се соочува со сериозни проблеми со повреди, па со оглед на неговите години се поставува и прашањето дали веќе ја завршува својата кариера.

Ибрахимовиќ се врати од повреда и се очекуваше да биде во конкуренција за последниот натпревар на Милан против Лече, но Швеѓанецот повторно се повреди на загревањето. Не беше познато колку ќе паузира Ибрахимовиќ, а денес пристигнуваат разочарувачки вести.

Повредата на мускулот која ја заработил Ибрахимовиќ воопшто не е


Полицијата ги „чешла“ финансиските книги на Баерн Минхен

Стадионот „Алијанц Арена“ и седиштето на фудбалскиот клуб Баерн синоќа биле претресени од истражители од федералната и регионалната криминалистичка полиција во Минхен, објави „Билд“. 

Според информациите, претресите биле извршени во рамки на кривична постапка за затајување данок и перење пари. Во материјалот на изданието се споменуваат поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес и рускиот олигарх Алишер Усманов. 


Наполи нема да слуша понуди летово за Кварацкелија

Наполи на лето ќе ги одбие сите клубови заинтересирани за купување на Квича Кварацхелија.

Според извори блиски до клубот, италијанскиот клуб нема да прима понуди за 22-годишниот крилен напаѓач, кој е еден од најважните играчи за иднината на клубот.

Напаѓачот Виктор Осимен или дефанзивецот Ким Мин, чии договори имаат клаузула за заминување би можеле за соодветна понуда да си заминат.


Јошко Миленкоски се врати на местото селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија

Јошко Миленкоски е именуван за нов селектор на нашата репрезентација.

Миленкоски по пауза од 15 години повторно ќе седне на жешкото столче и ќе го предводи „спартанците“ на предизвиците како што се Европската лига, но и Европското првенство на кое ние сме еден од ко-домаќините заедно со заедно со Италија, Бугарија и Израел.

Јошко долго време е на одбојкарската сцена, има работено во многу клубови во Европа и светот, исто така ја има предводено и селекцијата на Турција.

Во моментов е дел од грчки АЕК со кого пред некое време го освои Купот на Грција.


Тами Абрахам ќе биде замената за Осимен во Неапол

Наполи е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.

Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, па Рома е спремна да го продаде на лето.

Наполи будно ја следи ситуацијата и во него гледа идеална замена за Осимен, кој игра фантастична сезона, па Наполитанците тешко ќе можат да го задржат.

Европските гиганти се спремни да понудат повеќе од 100 милиони евра за Осимен, па доколку замине, Наполи ќе се насочи кон Абрахам.


Почетино го „краде“ Кејн во Челзи

Се поизвесно е дека Маурисио Почетино на лето ќе седне на кормилото на Челзи.

Почетино веќе почнал да прави летна селекција и му посочил на раководството дека главна трансфер желба е Хари Кејн од Тотенхем. Кејн веќе донесе одлука на лето да ја промени средината, а и Тотенхем е спремен да го продаде бидејќи напаѓачот влезе во последната година од договорот.

„Спарси“ за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони евра, а најсилен интерес за Кејн покажува Манчестер Јунајтед.

Челзи е спремен да се бори за потписот на Кејн и сака да ја победи конкуренцијата.


Санчо сака да се врати во Дортмунд

Џејдон Санчо пред две години се пресели во Манчестер Јунајтед и се очекуваше да биде големо засилување.

Санчо блескаше во Борусија Дортмунд, но имаше лоша прва сезона на „Олд Трафорд“, а оваа сезона имаше прихолошки проблеми, па пропушти многу натпревари.

Англиските медиуми пренесуваат дека 23-годишниот Англичанец сака да се врати во Борусија Дортмунд и настојува Јунајтед да му дозволи да замине на позајмица.

Тој верува дека ќе може да ја „оживее“ својата кариера токму во Дортмунд, но „црвените ѓаволи“ потрошија многу пари за неговиоот трансфер и тешко дека ќе му дозволат лесно да замине.


Гарначо доби нов договор на „Олд Трафорд“

Алехандро Гарначо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2028 година. Ова го објави официјалниот сајт на Манчестер Јунајтед.

„Кога му се приклучив на овој неверојатен клуб, мојот сон беше да дебитирам на „Олд Трафорд“, да го постигнам мојот прв гол и да освојам трофеи со овој амблем на моите гради. Чувствувам голема гордост и емоција што веќе ги доживеав овие моменти со моето семејство, кое ме поддржуваше на секој чекор од патот. На сите ни е чест да го продолжиме нашето патување во Манчестер Јунајтед и јас веќе почнав да работам на мојот следен сет на цели и амбиции. Тренерот и неговиот персонал ми помогнаа да се подобрам на секој начин и со нивна поддршка секојдневно се развивам за да му помогнам на тимот да успее. Се радувам на иднината и едвај чекам да создадам уште попосебни спомени со овој тим пред нашите неверојатни навивачи“, изјави Гарначо.

Гарначо оваа сезона има 29 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и четири асистенции.


Интер одби трампа Онана – Кепа

Интер не ја прифати понудата на Челзи да го замени голманот Андре Онана за голманот на Челзи, Кепа Аризабалага, пренесува „Газета Дело Спорт“.

Претходно беше објавено дека лондончани ги понудиле правата на Аризабалага и паричен надоместок за 27-годишниот камерунски голман. 

Сепак, Интер не е заинтересиран за потписот на Кепа, за возврат го сакаат дефанзивецот Чалоба или играчот од средниот ред Рубен Лофтус-Чик.

28-годишниот Кепа дојде во Челзи летото 2018 година, лондончани за него платија 80 милиони евра. Оваа сезона Шпанецот одигра 23 натпревари во Премиер лигата и прими 21 гол. Онана, кој минатото лето му се приклучи на Интер со слободен трансфер, одигра 20 натпревари во Серија А и прими 18 гола.