feature

Барса го сруши рекордот на трансфери во женскиот фудбал

Барса го сруши рекордот на трансфери во женскиот фудбал

Барселона и Манчестер Сити се клубови кои имаат одлични односи.

Двата клуба во претходните години имаа голем број соработки, сега имаат нова во женскиот фудбал. Имено, Кеира Валш стана најскапата фудбалерка во историјата. Сумите во женскиот фудбал се мизерни кога ќе се споредат со оние во машкиот.

Така најдобрата фудбалерка на Европското првенство на кое стана шампионка со Англија ќе премине во Барселона за 400.000 евра. Со ова ќе биде надминат рекордот од 2020 година кога Челзи плати 100.000 фунти за Пернил Хардер.


Пјаниќ претставен во новиот клуб од ОАЕ

Пјаниќ претставен во новиот клуб од ОАЕ

Долго се преговараше и неизвесна беше иднината на Миралем Пјаниќ, а денес е потврден неговиот нов клуб.

Чекаше Пјаниќ шанса во Барселона, но не доби прилика за игра па се одлучи за промена на средината.

Кариерата репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе ја продолжи во УАЕ во екипата на Шарјан со која потпиша договор на две години.

Трансферот е веќе потврден од неговиот нов клуб.


РБ Лајпциг го назначи Марко Розе за нов тренер на екипата

РБ Лајпциг го назначи Марко Розе за нов тренер на екипата

Германскиот фудбалски тренер, Марко Розе, е промовиран како нов тренер на бундеслигашот РБ Лајпциг.

Розе кој е роден во Лајпциг, на клупата ќе го замени Доменико Тедеско кој доби отказ после поразот на домашен терен од Шахтјор со 4:1 во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Марко Розе со РБ Лајпциг потпиша договор до 2024 година. Тој претходно беше тренер на Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд.


Милан до февруари ќе игра без Флоренци

Милан до февруари ќе игра без Флоренци

Фудбалскиот клуб Милан соопштува дека Алесандро Флоренци е опериран после повредата на левиот бутен мускул и ќе биде надвор од терените околу пет месеци.

Флоренци се повреди на крајот на август после натпреварот против Сасуоло, а актуелниот шампион на Италија при крајот на летниот преоден рок на позајмица го доведе Сержињо Дест од Барселона.

Флоренци минатата сезона во Милан играше како позајмен фудбалер на Рома, но Милан ја искористи опцијата за откуп на неговиот договор.


Диего Коста потпиша договор со Вулверхемптон

Диего Коста потпиша договор со Вулверхемптон

Поранешниот бразилски и шпански репрезентативец, Диего Коста, потпиша договор со Вулверхемптон до јуни 2023 година, соопштуваат од англискиот премиерлигаш.

33-годишниот Коста потпиша договор со клубот откако ја доби потребната работна дозвола и ги помина лекарските прегледи. Тој во својот нов тим ќе биде замена за напаѓачот Саша Калајџиќ кој поради повреда ќе мора да паузира неколку месеци.

Диего Коста беше без ангажман од јануари, кога му истече договорот со Атлетико Минеиро. Тој претходно има настапувано за Атлетико Мадрид, Челзи, Рајо Ваљекано, Ваљадолид, Албасете, Селта, Брага и Пењафиел.


Еквадорски тенисер паднал на допинг тест, користел анаболичен стероид

Еквадорскиот тенисер Хуан-Карлос Осорио Хернандез е привремено суспендиран откако паднал на допинг тест, објави Меѓународната агенција за интегритет на тенисот.

Тој во јуни бил позитивен на метастерон, кој е анаболичен стероид.

Еквадорскиот фудбалер нема пласман на АТП листата, а е суспендиран до завршување на случајот.

Осорио Хернандез (39) паднал на допинг тест за време на ИТФ турнирот во Кито, главниот град на Еквадор.


Канте најави заминување од Челзи

Конфузниот старт на сезоната на „Стемфорд Бриџ“ беше проследен со проблеми од крајот на претходната сезона.

Доаѓањето на Тод Боли на чело на Челси најави промени, новиот сопственик сака долгорочен проект како оние што ги направија Манчестер Сити или Ливерпул. Сепак, се чини дека „сините“ се пред сериозен број промени.

Летово клубот го напуштија играчите како Рудигер, Лукаку, Кристенсен, Алонсо итн., а по нивните стапки би можел да тргне и Нголо Канте.

Пари Сен Жермен летово го засили средниот ред со Витиња, Ренато Санчез и Фабијан Руиз, но според турскиот новинар Екрем Конур, специјализираниот за трансфери, Луис Кампос очигледно мисли дека на овие играчи им е потребна поддршка од некој кој знае како да ги освојува најважните трофеи.


Икарди потпиша за Галатасарај, следни се Мата и Хамес

Галатасарај го договори трансферот на Мауро Икарди, но нема намера тука да застане и сакаат да ангажираат уште некое засилување.

Икарди во Галатасарај пристигнува на позајмица до крајот на сезоната, а веднаш по него се очекува да му се придружи Шпанецот Хуан Мата. Според последните информации личните услови со Мата се договорени и не би требало да има проблем.

Меѓутоа и тука Турците немаат намера да застанат. Во преговори наводно се и со Хамес Родригез кој во минатото настапуваше за Реал Мадрид и Баерн Минхен.


Потер доби дозвола од Брајтон да преговара со Челзи

Брајтон му дозволи на својот тренер Греам Потер да преговара со Челзи. 47-годишниот тренер е еден од главните кандидати за менаџерската функција на лондонскиот тим по отказот на Томас Тухел. 

Има најава дека „Сините“ ќе разговараат и со Зинедин Зидан и Маурисио Покетино. Според „Телеграф“, лондонскиот клуб упатил барање до Брајтон за преговори со 47-годишниот тренер, кое било одобрено.

За да го назначат Потер за главен тренер, Сините ќе треба да му платат на Брајтон, 10 милиони фунти во вид на компензација за раскинувањето на договорот.


Халанд во одбрано друштво со гол на трите дебија во Лигата на шампионите

Норвешкото „чудо од дете“, Ерлинг Халанд, вчера ги постигна првите два гола во Лигата на фудбалските шампиони во дресот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ заслужено славеа на теренот на Севилја со 0-4 а корпулентниот напаѓач успеа во два наврата да го совлада домашниот голман.Токму со тој ефект, Халанд стана четвртиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал најмалку еден гол во дебитантскиот настап за три различни клуба – Салцбург, Борусија Дортмунд и Манчестер Сити.

Тоа пред него го имаат направено Фернандо Мориентес, Хавиер Савиола и Златан Ибахимовиќ.