feature

Ливаковиќ ја подигна својата цена, Динамо сега бара 15 милиони евра

Доминик Ливаковиќ беше фантастичен и против Бразил. Натпреварот го заврши со 11 интервенции, а одбрани и уште еден пенал во серијата во која повторно Хрватите беа поуспешни. Голманот на Динамо го сврте вниманието кон себе со одличнитe настапи, а сите светски медиуми од ден на ден го селат во друг клуб. Наводно, пред почетокот на сезоната бил во игра трансфер во Лацио, но се пропаднало, па Ливаковиќ останал во Динамо. Пред тоа се зборуваше дека ќе замине во Милан, но никогаш не се реализираше ниту еден трансфер, но сега Динамо многу тешко ќе го задржи. Веќе постои интерес за него, но имињата на клубовите не се откриваат, иако наводно Баерн е клубот кој најмногу го посакува. Досега Динамo бараше околу десет милиони евра за него, но сега сумата сигурно ќе биде поголема. Според хрватските медиуми, Динамо сега бара 15 милиони евра за Ливаковиќ, но тие се во добра позиција бидејќи немаат потреба да го продадат Ливаковиќ.


Тотенхем застана во редот за потпис на Франк Кеси

Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но може да го напушти „Камп Ноу“ веќе во јануари. Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак е најблиску до Премиер лигата.

Имено, силен интерес за него покажува Антонио Конте, а Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Спарси“ се спремни да платат 20 милиони евра за неговиот потпис, а тоа за Каталонците би бил чист профит со оглед на фактот дека Кеси пристигна како слободен агент.


Влаховиќ се сели во Премиер лигата?

Душан Влаховиќ по завршувањето на Светското првенство би можел да направи трансфер во Премиер лигата, тврдат медиумите на Островот. Јувентус во јануари плати 80 милиони евра за Влаховиќ, но српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал, а најсилен интерес за Влаховиќ покажува Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг е во потрага по врвен напаѓач после заминувањето на Роналдо, а „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 80 милиони фунти за Србинот.


Барселона е заинтересирана за Мукоко од Дортмунд

Медиумите во Шпанија известуваат дека челниците на фудбалскиот клуб Барселона се заинтересирани за ангажман на фудбалерот Јусуфа Мукоко од Борусија Дортмунд.

18-годишниот германски репрезентативец, за првиот тим на Борусија Дортмунд има одиграно 59 натпревари и има постигнато 11 гола. Тој од страна на фудбалските стручњаци се смета дека во иднина ќе биде еден од најдобрите европски напаѓачи. Неговиот договор со германскиот бундеслигаш истекува на крајот од сезоната, и можно е да пристигне во Барселона како слободен играч без обештетување.


Милан го бара на позајмица мароканскиот херој од Мундијалот

„Газета дело Спорт“ пишува дека Милан е подготвен да направи почетна понуда за да го добие Хаким Зијех од Челзи на позајмица со опција за откуп за 15 милиони евра.

„Росонерите“ подолго време го следат Зијех, а сега го зголемија интересот по неговиот одличен настап на Мундијалот во Катар. Планот е да се добие Зијех на позајмица со опција за купување.

Ѕвездата од Мароко е подготвен да му се приклучи на Милан каде што би добил поголема минутажа отколку на „Стемфорд Бриџ“ и наводно е отворен за намалување на платата од 6 милиони евра годишно.


Георгиевски обезбеди медал на Гран-при финалето од Светскиот Куп

Дејан Георгиевски ја забележа и втората победа во категоријата + 80 кг. По стартниот триумф над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез, овојпат во четвртфиналето нашиот натпреварувач славеше и против првиот носител Икаро Мигел Мартин Соарес од Бразил.

На најелитниот и најважниот турнир во теквондото, по Светското првенство, Георгиевски во две рунди со 2-0 (9-5, 6-0) го елиминираше Соарес.

Со овие две победи Македонецот има сигурна бронза, а сега ќе атакува за влез во финалето и борба за златниот медал.

Георгиевски испишува нова историја во Ријад, триумфираше против вториот и третиот таеквондист на светската ранг листа и чекори кон нови бодови кои ќе му обезбедат олимписка норма.


Мамиќ: Хрватска ќе играше финале во Катар ако ги имаше Митровиќ и Влаховиќ

Здравко Мамиќ го коментираше настапот на Србија на Светското првенство во Катар. Хрватска и понатаму е присутна на Мундијалот и ќе игра четвртфинале со Бразил, додека Србија не се пласираше во ноакут-фазата и групната ја заврши како последна. Мамиќ верува дека ако Хрватска има во своите редови напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ ќе игра финале.

„Често пати ме прашуваат зошто Србија нема резултати како Хрватска. Одговорот ми беше едноставен додека не дојде Пикси, многу верував во него и би кажал дека Србија пред него и со него не е истиот тим, но сега на СП видов дека се покажаа старите српски навики. Во некои моменти имаа и двојно подобри играчи од нас, но никогаш не направија посебен успех. Мислам дека репрезентацијата ја создаваа по кафулиња и ресторани“, рече Мамиќ.


Претседателот на ПСЖ: Меси е среќен во клубот

Претседателот на Париз Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи изјави дека е уверен оти фудбалерот Лионел Меси ќе го продолжи договорот со клубот, кога во јануари ќе започнат разговорите околу неговата иднина.

Во разговор за медиумите, Ал-Келаифи се сомнева во медиумските шпекулации дека Меси на крајот од сезоната ќе замине да настапува во американската МЛС лига, и вели дека Аргентинецот е среќен во Париз каде има добра сезона со екипата.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува по завршетокот на сезоната, но Ал-Келаифи вели дека за евентуален нов договор ќе се преговара во јануари и дека е убеден оти Меси би сакал да остане во Париз и во идинина.


Миовски: Сакам трофеј со Абердин, а не индивидуални признанија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски во интервју за весникот „Дејли рекорд“ изјави дека подраго ќе му биде да освои некој трофеј со Абердин сезонава, отколку да остане на врвот на листата на најдобри стрелци во тамошната Премиер лига.

„Да, би било убаво да освоиме некој трофеј, кога веќе сме во полуфиналето на Лига Купот. Повеќе би сакал да кренам трофеј со Абердин, отколку да ја освојам „Златната копачка“. Наша цел е да обезбедиме пласман во европските натпреварувања за следната сезона, да бидеме во првите три на табелата и да обезбедиме пласман во финалето на Лига купот“, вели нашиот репрезентативец.

Абердин во полуфиналето на Лига Купот на Шкотска ќе се сретне со екипата на Ренџерс.


Артета: Ќе ги разгледаме опциите после повредата на Жезус

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека клубот ќе ги разгледа опциите во врска со можното доведување на напаѓач, после повредата и операцијата на коленото на Габриел Жезус.

Бразилецот на почетокот од оваа недела имаше операција на коленото која се изврши во Лондон. Тој со повреда се здоби играјќи за репрезентацијата на Бразил на СП во Катар.

Лекарскиот тим на Арсенал не соопшти колкав период Жезус ќе биде надвор од теренот, но се очекува тој период да трае до три месеци.

Тренерот Артета соопштува дека откако ќе се знаат подетални информации за временската рамка за опоравување на Жезус, клубот ќе ги разгледа опциите за можно доведување на фудбалер кој ќе настапува во нападот на тимот.