Серена Вилијамс се откажа од настап на овогодинешниот УС Опен
Американската тенисерка Серена Вилијамс објави дека се откажува од настап на гренд слем турнирот УС Опен, кој ќе започне идната недела, поради повреда на препоните која не е целосно санирана.
„По внимателно размислување и слушајќи ги советите на лекарите и лекарската екипа, одлучив да се повлечам од УС Опен како би дозволила на своето тело целосно да се опорави од повредата на препоните.“ – објави 39-годишната Вилијамс.
Американскатаа тенисерка, која е освојувач на 23 гренд слем титули во својата кариера, мораше да го предаде првиот меч на овогодинешниот Вимблдон.
Јани Атанасов дополнително повикан во македонската репрезентација
Фудбалерот од средниот ред на сплитски Хајдук, Јани Атанасов доби повик од селекторот Благоја Милевски да биде дел од А репрезентацијата на Македонија за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство. Поранешниот капитен на Македонија до 21 година добива шанса да биде дел од најдобриот национален состав откако стана извесно дека Аријан Адеми од Динамо Загреб нема да може да се стави на располагање на тимот за натпреварите против Ерменија (2. септември), Исланд (5. септември) и Романија (8. септември). Неизвесно е доаѓањето и на Бобан Николов од молдавски Шериф.
Соочени со неможноста на Адеми поради здравствени причини да му се приклучи на тимот и неизвесноста со евентуалното доаѓање на Николов, стручниот штаб во А репрезентацијата прати дополнителен повик до Јани Атанасов, фудбалер кој игра на позицијата на Адеми и со своите играчки карактеристики е најблиску до тоа што евентуално би ни било потребно.
Запакоста го напушти Челзи и потпиша со Аталанта
Повремениот италијански фудбалски репрезентативец, Давиде Запакоста, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Аталанта.
Тој по четири сезони си замина од Челзи бидејќи не ја доби вистинската шанса и постојано беше испраќан на позајмица. 29-годишниот играч потпиша за „сините“ во 2017-та, но, во последните две сезони играше како позајмен во „Серија „А“ за екипите на Рома и на Џенова.
Десниот бек и претходно го носеше дресот на екипата од Бергамо и тоа во сезоната 2014/15.
Фиорентина го доби Тореира на позајмица од Арсенал
Фудбалскиот состав на Арсенал времено се ослободи од Лукас Тореира кој го напушти Лондон и замина во Фиорентина.
Тој деновиве треба да биде промовиран како засилување за екипата од Фиренца. Уругваецот кој има играно за Пескара и Сампдорија, сега се враќа како позајмен играч во Серија А со опција „виолетовите“ да го откупат неговиот договор за 16 милиони евра.
Тореира со неговото искуство, треба биде одлично засилување во средниот ред за италијанскиот тим.
Клубовите не ги пуштаат репрезентативците во загрозените земји од ковид, ФИФА мора да реагира
Премиерлигашите нема да им дозволат на околу 60 фудбалери да настапат во септемврските квалификации за СП.
Тоа се репрезентативци на земјите кои се ставени на црвената листа на Велика Британија поради состојбата со коронавирусот. Тие пак, што ќе се вратат на островот, ќе мора да поминат десет дена во карантин.
Според проценката станува збор за играчи од 19 клубови што ќе биде голем удар за многу репрезентации кои се во трката за место на Мундијалот во Катар.
ТФТ патува во Краснојарск, Куманово во Гронинген
Објавени се домаќините на четирите квалификациски турнири што ќе ја кренат завесата во сезоната 2021/22 од натпреварите во ФИБА Евро Купот.
ФИБА одлучи во улога на организатори да бидат: Гронинген, Софија, Краснојарск и Парну.
Холандскиот клуб Донар Гронинген ќе биде домаќин на турнирот „А“ во својата домашна арена. А победникот од четвртфиналето помеѓу нашиот Куманово 2009 и Свонс Гмунден од Австрија ќе ги пречекаат домаќините во едно полуфинале.
Бенфика од Португалија и романскиот Волунтари ќе се соочат во другото полуфинале. Победникот на турнирот „А“ ќе биде сместен во групата „Ц“ од редовната сезона.
Бугарската кошаркарска федерација ќе биде домаќин на турнирот „Б“ во Софија. Полскиот Трефл Сопот во првото полуфинале ќе го пречека Дњипро од Украина, додека грчкиот Ираклис ќе се соочи со бугарскиот Академик Пловдив во второто. Тимот што ќе победи на турнирот „Б“ ќе обезбеди место во групата „Е“ за редовниот дел од сезоната.
Турнирот „Ц“ ќе се игра во Русија, а во улога на домаќин ќе биде Енисеј во Краснојарск. Домаќините ќе се борат против израелската Хапоел Хаифа во првото полуфинале. Германскиот Меди Бајројт во второто полуфинале го чека победникот од четвртфиналната пресметка меѓу унгарските Натуртекс-СЗТЕ-Сегед и ТФТ од Скопје. Победникот од турнирот „Ц“ ќе го заземе преостанатото место во групата А за редовна сезона.
Естонскиот клуб Парну Садам ќе биде домаќин на турнирот „Д“. Домаќините ќе се соочат со австриската ГГМТ Виена, а победникот ќе го добие за противник актуелниот шампион на ФИБА Купот на Европа, Ирони Нес Зиона во едно полуфинале. Кипарскиот тим Керавнос ќе се судри со Порто во другото полуфинале.
Победникот на овој турнир ќе се пласира во групата „Р“ од редовниот дел од сезоната.
Инаку, сите турнири ќе се играат помеѓу 28. септември и 1. октомври, со исклучок на Турнирот „Б“ во Софија, кој ќе започне на 29. септември бидејќи нема четвртфинале.
Милевски повика тројца дебитанти и тројца повратници во репрезентацијата
Селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација, Балгоја Милевски, денеска го објави поширокиот список за септемврските квалификациски мечеви со Ерменија, Исланд и Романија.
Кај голманите се повикани: Димитриевски, Шишковски, Илиев и Јанков. Во одбраната: С. Ристовски, Велковски, Муслиу, К.Ристевски, Алиоски, Тодоровски, Ашковски, Зајков и Серафимов. За средниот ред ќе конкурираат: Елмас, Барди, Спировски, Костадино и Аврамовски. На списокот се ставени и Боби Николов кој е позитивен на Ковид и повредениот Адеми. Милевски во нападот ги повика : Јаховиќ, М. Ристовски, Миовски, Чурлинов, Трајковски и Ѓорѓев.
Македонија на 2 септември ќе ја пречека Ерменија во Скопје, три дена потоа ќе оди на Исланд додека на 8 септември ќе и биде домаќин на Романија.
Два златни медали на државно натпреварување, но и големи планови во иднина!
Street Workout, односно уличното вежбање е дисциплина која добива на популарност кај младите кои се занимаваат со спорт, а 20-годишниот Бојан од Битола, кој веќе пет години се занимава со улично вежбање, веќе има големи успеси со кои може да се пофали. Бојан пред неколку дена освои две златни медали на државното натпреварување кое се одржа во Куманово, а со поддршка на спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клуб, тој има големи планови за во иднина. Повеќе дознајте од разговорот со него.
Зума се сели во Вест Хем за 28 милиони евра
Англиските медиуми потврдуваат дека Челзи се раздели со уште еден свој фудбалер. По неколкудневно преговарање, Курт Зума кариерата ја продолжува во екипата на Вест Хем.
Како што пишуваат извори блиски до двете страни, сумата на трансферот е 28 милиони евра, а договорот меѓу фудбалерот и неговиот нов клуб ќе биде заклучно со 30. јуни 2026 година.
Новинарите претходно открија дека Зума веќе ги договорил условите од личната соработка со „чеканите“, па се чекаше договор меѓу Вест Хем и Челзи за трансфер цената.
Канатларовски го објави списокот за натпреварите против Франција и Србија
Македонската репрезентација до 21 година на почетокот на септември го започнува новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија. Нашата селекција првите два натпревари ќе ги одигра против Франција во Ле Ман на 2. септември и против Србија на 7. септември во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“.
Новиот предводник на нашата млада репрезентација, Драги Канатларовски за двата меча од квалификациите за ЕП ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П. 1932);
Напад: Стефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);
„Нов почеток и за мене и за фудбалерите. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со фудбалерите. Оваа генерација започнува нов квалификациски циклус и навистина задоволството и честа да ја предводам се големи, исто како и нашите очекувања од квалификацискиот циклус. На списокот се повикани во моментот најдобрите фудбалери со кои располагаме. Еден од главните услови за да бидат во репрезентацијата е стандардно да настапуваат во своите клубови. Не очекуваат два тешки меча против Франција, тим кој е апсолутен фаворит во групата и домашниот натпревар со Србија, репрезентација која располага со многу квалитетни млади фудбалери. Се надевам дека најпрвин квалитетно ќе ги одработиме подготовките, сите ќе бидат здрави и ќе се борат за место во почетниот состав. Најважно за мене е сите да бидеме во функција на тимот. Очекуваме дека новоповиканите фудбалери Божиновски, Чолаковски и Рустемовски ќе дадат дополнителен импулс на тренинзите и натпреаврите и како и сите останати да го дадат својот максимумот и да се бориме за позитивен резултат на воведните два натпревари.“ – порача селекторот Канатларовски.