feature

Мане и Клоп не се поздравија по победата во дербито во Манчестер

Сенегалскиот напаѓач на фудбалскиот состав Ливерпул, Садио Мане, одби да му подаде рака на менаџерот, Јирген Клоп, по победата од 4-2 против Манчестер Јунајтед остварена на вчерашното гостување на „Олд Трафорд“.
Мане започна како резерва бидејќи Клоп од првата минута го стави во игра Диого Јота. Сепак, црномурестиот играч доби шанса да влезе на теренот во 74. минута.
Веднаш по мечот, камерите го фокусираа германскиот тренер како се обидува да дојде до Мане, но, фудбалерот не го погледна.


Роналдо со објава откри каде ќе настапува наредната сезона?! (фото)

Кристијано Роналдо во средата го постигна голот број 100 во дресот на Јувентус во својата трета сезона во клубот. Јувентус има лоша сезона и би можел да остане без пласман во Лигата на шампионите, а доколку тоа се случи, 36-годишниот Роналдо би можел да биде продаде бидејќи Јувентус не би можел да го финансира неговиот договор, сметаат италијанските медиуми.
Но, пораката на Роналдо на Инстаграм испраќа различни сигнали. Имено, Португалецот објави фотографија од прославата на стотиот погодок за Јувентус со јасна порака дека нема да застане тука.
Тоа би требало да значи дека Роналдо ќе го гледаме во Јувентус и наредната сезона, иако клубот би можел да настапува во Лига Европа.
Роналдо пристигна во Јувентус во 2018. година од Реал Мадрид и има договор со клубот од Торино уште една сезона.

https://www.instagram.com/p/CO0Ei2TgDtL


Гвардиола: Јирген, фала ти што ме направи подобар тренер!

Манчестер Сити на три кола пред крајот на првенството ја освои титулата шампион на Англија. Тоа е трета титула во последните четири сезони под тренерската палка на Пеп Гвардиола.
Помеѓу првите кои му честитаа на Гвардиола беше оној кој на само една сезона ја прекина доминацијата на Сити во Премиерлигата, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Тоа го воодушеви Гвардиола: „Тоа е одличен гест од него, како и од Карло Анчелоти, кој исто така ми честиташе. Им се восхитувам и на двајцата. Клоп веќе години наназад е моја инспирација. Од Дортмунд до Ливерпул ме правеше да бидам подобар тренер, бидејќи водејќи ги неговите најголеми ривали Баерн и Сити поради него морав многу да размислувам за натпреварите и противниците. Многу ти благодарам Јирген и го ценам твојот гест.“ – изјави Гвардиола.


Лампард ќе го наследи Хоџсон во Кристал Палас

Френк Лампард, наскоро може да се врати во тренерската професија. 42-годишниот поранешен играч за врска, кој беше отпуштен од неговиот омилен клуб во јануари, е фаворит за наследник на Рој Хоџсон во Кристал Палас. Хоџсон повторно ја исполни својата задача и го задржа местото на Кристал Палас во елитата, но неговиот договор истекува по крајот на сезоната и според информациите во англиските медиуми, раководството верува дека е време за промена. Конечната одлука сè уште не е донесена, но „Телеграф“ вели дека Френк Лампард е прв на списокот на потенцијални заменици на Рој Хоџсон. Постојат гласини дека Лампард може да биде поканет да го води англискиот тим до 21 година, но според истиот извор, тој не е заинтересиран за оваа работа и повеќе би сакал да се врати како менаџер во Премиер лигата.


Мбапе е најскапиот фудбалер на денешницата

Холандската ревизорска компанија КПМГ го објави список на најскапи фудбалери во светот. Конечниот резултат е добиен од неколку фактори, кои вклучуваат нивото на играчот, неговиот статус, времетраењето на договорот и тековната форма. На прво место е напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе со цена од 189 милиони евра. Норвешкиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е на втората позиција, неговата цена е 131 милиони евра. Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн ја комплетира водечката тројка со цена од 127 милиони евра.
Најскапите фудбалери на светот според КПМГ:
1 Килијан Мбапе (ПСЖ) – 189 милиони евра;
2 Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) – 131 милиони евра;
3 Хари Кејн (Тотенхем) – 127 милиони евра;
4 Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед) – 121 милиони евра;
5 Рахим Стерлинг (Манчестер Сити) – 119 милиони евра;
6 Нејмар (ПСЖ) – 116 милиони евра;
7 Кевин Де Бруин (Манчестер Сити) – 113 милиони евра;
8-10. Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд) – 110 милиони евра;
8-10. Мохамед Салах (Ливерпул) – 110 милиони евра;
8-10. Трент Александар-Арнолд (Ливерпул) – 110 милиони евра.


УЕФА дозволи гледачи на финалето на Лигата на шампионите во Порто

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и официјално потврди дека финалето во Лигата на шампиони ќе се игра во Порто на стадионот „Драгао“. Финалето требаше да се игра на 29-ти мај во Истанбул, а УЕФА објасни дека се преместува во Порто поради потешкотиите англиските фанови да патуваат во Турција. Се шпекулираше дека мечот може да се игра на „Вембли“ затоа што во прашање се две англиски екипи, меѓутоа британската Влада не можеше да даде гаранции за присуство на фанови. Во Порто ќе има по 6.000 фанови на Манчестер Сити и Челзи, двата англиски клуба кои ќе се борат за трофејот.


Чаневски: Да покажеме дека научивме поука од претходниот пораз од Вардар

Еурофарм Пелистер во финалето од Купот на Македонија ќе се сретне со големиот ривал Вардар, во потрага по титула. Пелистерци го совладаа Бутел во полуфиналето, а „зелено-белите“ се едногласни во намерата трофејот повторно да го вратат во Битола. „Се надеваме дека ги научивме поуките од поразот од Вардар 1961 во шампионатот. Тоа треба да го покажеме на терен. Кога сте комплетни е многу поразлично и ротацијата е подобра. Сите ќе го дадат максимумот за титулата да дојде во нашите витрини“. – вели капитенот на битолчани, Градимир Чаневски. „Сите клубови имаа проблеми со ковид-19, не стигнаа и повреди и не бевме комплетни баш кога требаше да бидеме вистински. Многу се радувам што сме комплетни и тренираме цела екипа. Добро ќе се спремиме и ќе бидеме силен конкурент на сите ривали и во шампионатот и во Купот. Верувам дека со ангажманот и квалитетот ќе покажеме каков квалитет имаме“, вели Стипе Мандалиниќ. Финалето помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра во сабота со почеток од 17.30 часот.


Рома го враќа Ламела на инсистирање на Жозе Мурињо

Рома е силно заинтересирана за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела. Жозе Мурињо одлично го познава Ламела бидејќи двајцата соработуваа во Тотенхем и сака да го донесе во Рома ова лето. Аргентинецот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Рома, од каде се пресели во Тотенхем. Ламела не добива голема минутажа оваа сезона и е спремен да се врати во Серија А. 28-годишниот Аргентинец на лето влегува во последната година од договорот, а Тотенхем за неговата слобода бара 15 милиони евра.


Салцбург пак ја одбрани титулата во австриската Бундеслига

Со победата над Рапид со 2-0, Салцбург и официјално ја комплетираше новата шампионска титула во австриската Бундеслига. Пред големото дерби, тимот на Џеси Марш имаше доволно бодови да го потврди освојувањето на осмата шампионска титула по ред, но најефикасниот стрелец во лигата, Петсон Дака, не остави ништо на случајот. Ова е трета двојна круна по ред за „биковите“, и 15-та шампионска титула.


Јаневски доби место во стручниот штаб на Брос во Јужна Африка

Чедомир Јаневски ќе има нова улога во неговата кариера – ќе биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка! Во псоледната сезона македонскиот стратег оствари одлични резултати со Олимпијакос Никозија, па така го привлече вниманието. Во репрезентацијата на Јужна Африка тој ќе биде асистент на тренерот Хуго Брос. Играчката кариера Јаневски ја заврши во 1999 година во клубот Даринг Клаб Бланкенберге и таму ја започна и тренерската кариера. Во периодот од 2012 до 2013 година тој беше и селектор на македонската репрезентација.