feature

Челзи нуди богатство за Морган Роџерс

Челниците на Челзи нема да штедат за да го ангажираат Морган Роџерс од Астон Вила се шпекулира со рекорден трансфер од 130 милиони фунти.

Ливерпул летово ги помести границите кога се во прашање најскапите трансфер во Премиерлигата, прво со ангажманот на Флоријан Вирц, а потоа и со Александер Исак.

Но Челси сега може да отиде чекор понапред и да постави нов рекорд на „островото“.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ подолго време го следи Морган Роџерс од Астон Вила, и сега е подготвен да плати фантастични 130 милиони фунти.

23 годишниот Морган Роџерс и оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Унаи Емери, па останува да се види дали Астон Вила ќе може да одолее на волку богат предлог.

Можеби ќе ве интересира


Јуве го враќа Тео Хернандез во Серија А

Тео Хернандез би можел да се врати во Серија А, поранешниот фудбалер на Милан преговара со Јувентус, и е подготвен да се откаже од многу милиони за да го облече „бело-црниот“ дрес.

Минатото лето, Тео Хернандез го напушти Милан и се пресели во Саудиска Арабија во зделка вредна околу 25 милиони евра.

Минатиот месец, левиот бек си ја отвори душата во разговор со Газета дело Спорт, откри дека не сакал да замине од „Сан Сиро“, но практично бил избркан и добил порака од директорите дека ќе дреме на трибини доколку остане.

Како што објави новинарот Карло Пелегати, Тео Хернандез сега подготвува одмазда и преселба во редовите на лут ривал на „росонерите“.

Агентите на Французинот се во контакт со Јувентус и се подготвува терен за враќање на Тео Хернандез во Серија А.

Зделката би се случила по крајот на сезоната, и левиот бек е подготвен да се откаже од многу милиони за да го облече дресот на „старата дама“, неговата сегашна плата е околу 20 милиони евра годишно, и ќе треба да прифати четири пати помали примања.


Куња го спаси Јунајтед од пораз во Лидс

Манчестер јунајтед одигра 1-1 на гостувањето кај Лидс, „ѓаволите“ со крпен состав избегнаа пораз откако Аронсон ги донесе домаќините во водство, Куња изедначи само три минути подоцна.

Рубен Аморим мака мачи со повреди и отсуства, па денеска против Лидс во стартниот состав имаше дури шест дефанзивци и направи само една замена во продолжението од мечот.

Па „ѓаволите“ сосема очекувано се мачеа против новајлијата, кој беше во серија од шест натпревари без пораз.

По едно мирно прво полувреме, Аронсон ги донесе домаќините во предност од 1-0 во 62. минута, но само три минути подоцна Куња реализираше за 1-1 и поделба на бодовите.


Галатасарај се вклучи во трката за Фратези

Турскиот клуб Галатасарај се насочи кон играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фратези. Според инсајдерот Џанлука Ди Марцио, клубот од Истанбул е подготвен да инвестира до 35 милиони евра во договорот.

Според извор, истанбулскиот клуб разгледува опција за позајмица со можност за откуп на договорот на играчот. Оваа формула наводно е целосно прифатлива за Интер, бидејќи Италијанците сакаат да го продадат играчот со гаранција, наместо да бидат исполнети одредени услови.

Давиде Фратези игра за Интер од јули 2023 година.


Билиќ се враќа на клупата на Вест Хем

Иднината на Нуно Еспирито Санто во Вест Хем е во прашање по поразот од 3-0 од Вулверхемптон во 20-то коло од Премиер лигата. Раководството на клубот размислува за промена на менаџерската позиција. Според „Ток Спорт“, Славен Билиќ, кој претходно ги водеше „чеканите“, е подготвен да се врати во клубот доколку раководството одлучи да го замени Португалецот.

Сопственикот на клубот, Дејвид Саливан, веќе изрази сомнежи во врска со назначувањето на Нуно Еспирито Санто, кој го замени Греам Потер. И покрај првичните намери да го вратат Билиќ, одборот на директори го убеди Саливан да му даде предност на португалскиот тренер. Мајкл Карик, кој претходно беше на потесниот список на клубот, е исто така меѓу потенцијалните кандидати за позицијата главен тренер.


Фонсека: Ендрик не е подготвен за деведесет минути

Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, зборуваше за адаптацијата на напаѓачот Ендрик, кој е позајмен од Реал Мадрид.

Бразилецот не е вклучен во составот за денешниот натпреварот со Монако на гостински терен.

„Ендрик е во добра физичка состојба, но не е подготвен да ги одигра сите 90 минути. Тој почна да тренира оваа недела и неговата адаптација оди многу добро. Тој е многу мотивиран. Беше добро примен од тимот, но Ендрик нема да игра против Монако“, го цитира „Л’Екип“ Фонсека.

Се очекува новиот фудбалер на Лион да дебитира на 11 јануари против Лил во 1/16 финалето од Купот на Франција.


Фрејзер Фостер потпиша за Борнмут

Борнмут го објави потпишувањето на голманот Фрејзер Фостер. Неговиот договор важи до крајот на сезоната. Тој ќе го носи бројот 17 за својот нов тим.

Триесет и седумгодишниот Англичанец беше без клуб откако го напушти Тотенхем во јануари 2025 година.

Фостер има одиграно 155 натпревари во Премиер лигата и прими 204 гола во својата кариера.

Голманот во кариерата има брането и за Саутемптон, Њукасл и Норич.


Отворен мини-преоден рок во мак-одбојката

Мини преодниот рок на Одбојкарската федерација на Македонија во паузата во првенството ќе биде активен од 3 до 17.јануари 2026 година.

Во овој период домашните играчи ќе можат да ја менуваат клупската средина во пресрет на продолжението од сезоната.

Овој трансфер период е наменет и за пријавување на странски играчи со меѓународен ФИВБ сертификат, како и за домашни играчи кои играле во странство во првиот дел од сезоната.

Вториот дел од сезоната во Првата лига мажи и Првата и Втората лига жени стартува на 24 јануари.


Адејеми парично казнет за прекршокот и недисциплината

Нико Ковач нема немара да толерира недисциплина во својот тим. Па така Борусија Дортмунд на препорака на својот тренер го казни Карим Адејемми.

Офанзивецот ќе плати висока казна за неговиот прекршок на натпреварот против Борусија Менхенгладбах.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд беше казнета со голема сума по кризниот состанок што се одржа веднаш штом тимот пристигна во нивниот зимски тренинг камп во Марбеља.

Одлуката беше донесена во луксузниот одморалиште Кимптон Лос Монтерос, а Адејеми ќе мора да плати казна од дури 90.000 евра, пишува германскиот Спорт Билд.

Според информациите од германските медиуми, износот од 90.000 евра ќе биде одбиен директно од месечната плата на Адејеми, што е дел од неговиот годишен договор вреден околу шест милиони евра.


Се повреди Валанчиунас, Далас во нови проблеми

Литванецот Јонас Валанчиунас требеше да биде соодветната замена за повредениот Никола Јокиќ во редовите на Денвер Нагетс , но 33-годишникот, исто така се повреди.

Станува збор за истегнување на листот од десната нога, повреда со која се здоби на натпреварот во Торонто. Како да не е доволно што Џамал Мареј е единствениот здрав член на почетниот состав на Денвер, сигурниот „инсајдер“ Шамс Чаранија известува дека Валанчиунас ќе биде надвор од терените четири недели.