feature

Милан му нуди нов договор на Ибра, но со помала плата од сегашната

Златан Ибрахимоиќ има желба да игра и следната сезона, па затоа преговара со раководството на Милан за продолжување на соработката.

Според последните информации ако Ибрахимовиќ сака да игра и следната сезона во дресот на Милан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Ибра и понатаму прави разлика на теренот, но без него тимот игра поинаку, побрзо и со повеќе пресинг. Тука се и честите повреди кои ги имаше откако дојде на „Сан Сиро“, па затоа раководството сериозно размислува за платата и времетраењето на договорот.

Најавите се дека Милан на Златан ќе му понуди нов едногодишен договор со помали примања. Тренерот Стефано Пиоли би го користел Ибрахимовиќ помалку со цел да се намали можноста за нови повреди, па Ибра и почесто би поминувал време на клупата.


Серхи Роберто ја намали платата за да остане во Барселона

Серхи Роберто, е еден од капитените на Барселона, а сега се согласи на драстично намалување на платата.

Според актуелниот договор Роберто заработува девет милиони евра по сезона, меѓутоа сега се согласи за двегодишен договор вреден шест милиони евра. Тоа значи дека во следните две години ќе заработува само третина од она што го има според сегашниот договор.

„Чави сака Роберто и понатаму да биде дел од Барселона. Управата на клубот се сложува, а и Роберто сака да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“. Наскоро ќе пристигне и официјалната објава за договорот“, пишува каталонскиот „Спорт“.

Роберто е дете на Барселона, за првиот тим дебитираше уште во 2010 година. Сезонава поради повреда одигра само 560 минути. На терените би требало да се врати на пролет.


Калиниќ ја напушта Верона, следната станица ќе биде Лацио

Агентот на фудбалерот на италијанска Верона, Никола Калиниќ, му ги понудил услугите на фудбалерот на римски Лацио, кој е во потрага по нов напаѓач. 

33-годишниот Калиниќ се пресели во Верона во октомври 2020 година од Атлетико Мадрид за 1,8 милиони евра. Претходно во кариерата хрватскиот напаѓач беше во Рома, Милан, Фиорентина и украински Днипро.

Калиниќ оваа сезона постигна три гола и асистираше на девет натпревари од италијанската Серија А.


Тотенхем ќе пазари во Јувентус

Екипата на Тотенхем во јануарскиот преоден рок би можела да го засили својот офанзивен дел од тимот.

Спортскиот директор на клубот од Лондон, Фабио Паратичи, е фокусиран на доведување на двоецот од Јувентус, Вестон Мекени и Дејан Кулушевски.

Паратичи кој е бивш спортски директор на „Старата дама“ двајцата играчи би ги донел во Тотенхем за 70 милиони евра. 

Тренерот на екипата, Антонио Конте, веќе побарал од раководството на клубот поголем буџет за засилувања, откако ги увидел слабите точки во тимот кој го тренира од минатиот месец.


Одложен натпреварот од Евролигата помеѓу Фенербахче и Реал

Кошаркарската Евролига го одложи натпреварот помеѓу Фенербахче и Реал Мадрид.

Причината за одложувањето е објавата од Реал Мадрид кој пријави уште двајца играчи кои се позитивни на Ковид. Претходно, екипата на Реал информираше дека дури 6 играчи во тимот вклучувајќи го и тренерот Пабло Ласо се заразени со вирусот и тие не настапија на дуелот со ЦСКА Москва каде изненадувачки славеа победа.

Наредниот термин за одржување на средбата ќе биде објавен после консултациите со надлежните тела во Евролигата.


Реал го сака Џејмс и го нуди Азар на Челзи

Реал Мадрид размислува да го замени напаѓачот Еден Азар за дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс. Шпанскиот гигант е заинтересиран за засилување на позицијата десен бек, па затоа може да го врати Азар во Челзи, како дел од зделката за Џејмс.

Според извори од Шпанија, сопственикот на англискиот тим, Роман Абрамович, би сакал да го врати Азар на „Стемфорд Бриџ“, но не по цена да загуби една од младите ѕвезди на својот тим. 22-годишниот Рис Џејмс на 22 натпревари оваа сезона, постигна пет гола и имаше шест асистенции.

Договорот на Англичанецот истекува во 2025 година, а пазарната вредност на Џејмс се проценува на 55 милиони евра.


ПСЖ сака да го врати Кингсли Коман од Баерн

Баерн на крајот од сезоната ќе се раздели со Кингсли Коман кому му истекува договорот, а засега нема индиции дека ќе го продолжи.

Не е спорна волјата на клубот да го задржи, туку на играчот кој одбива понуди, а како што пишуваат медиумите од Шпанија, тој би можел да го засили ПСЖ како слободен играч. Францускиот клуб како слободни играчи по истиот рецепт ги донесе Рамос, Вајналдум, Меси, Донарума …

Баварците не седат со скрстени раце, туку бараат замена, а се работи за фантастичниот фудбалер на Лидс – Рафиња.

25-годишниот крилен напаѓач постигна осум гола на 16 натпревари. Тој сака да се испроба во поголем клуб, а нема сомнеж дека Баерн е токму тоа.


Јапонија нема да испрати владина делегација во Пекинг

Јапонија нема да испрати владина делегација на Олимпијадата во Пекинг во 2022 година, но тоа не е дипломатски бојкот предводен од САД за Токио. Ваквиот потег е разбирлив, поради силните економски односи меѓу Земјата на изгрејсонцето и Кина.

Генералниот секретар на владиниот кабинет изјави дека на Зимските олимписки игри ќе испрати луѓе директно поврзани со Олимписките игри, како Сеико Хашимото, шефот на организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио и лидерите на олимпискиот и параолимпискиот комитет во Јапонија.

„Јапонија верува дека е важно Кина да обезбеди слобода, почитување на основните човекови права и владеење на правото, кои се заеднички вредности на меѓународната заедница. Јапонија разговара за ова со Кина директно и на различни нивоа. Олимписките и Параолимписките игри се прослава на мирот и спортот и му даваат на светот храброст. Јапонската влада ја засноваше својата одлука на тие фактори и ја донесе самата“, рече Хироказу Мацуно, главен секретар на владиниот кабинет.


Арсен Захарјан е најновата желба на Реал Мадрид

Реал Мадрид е силно заинтересиран за рускиот репрезентативец и член на Динамо Москва, Арсен Захарјан.

18-годишниот играч за врска важи за еден од најголемите руски таленти, а скаутите на „кралевите“ го следат веќе подолго време.

На трансферот на Захарјан работат поранешниот директор на Реал, Предраг Мијатовиќ заедно со агентот на Лука Модриќ, Владо Лемиќ.

Двајцата веќе имале срдба со раководните луѓе на Динамо Москва и почнале преговори за трансферот.

Според информациите од шпанските медиуми Реал Мадрид сака да го куши играчот и да го остави на позајмица во Динамо Москва најмалку една година.


Брендан Роџерс незадоволен од распоредот на Лестер во Премиер лигата

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс, изрази незадоволство од набиениот распоред на неговата екипа во Премиер лигата.

Популарните „лисици“ беа поразени со 6:3 на гостувањето кај Манчестер Сити, а имаат само два дена до следната средба која ја имаат против Ливерпул.

„Распоредот е смешен. Сите знаеме дека на играчите им е потребен одмор од најмалку 72 часа за потполно опоравување од претходниот натпревар. Тоа што играме 2 натпревари во три дена е смешно. Нема да имаме физички подготовки за натпреварот. Ливерпул ќе биде во голема предност бидејќи имаа седум дена пауза поради нивниот одложен натпревар против Лидс. Предизвикот е голем но ние не се предаваме и ќе го дадеме нашиот максимум“. изјави Роџерс.