feature

Марковски доби ново засилување, Иванов потпиша за Работнички

Прволигашот Работнички доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Нов фудбалер е Бојан Иванов, 27-годишниот фудбалер за врска кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Тој потпиша двегодишен договор со Работнички.

Бојан Иванов е играч од средниот ред кој располага со одлична фудбалска техника и се очекува да ја зголеми конкуренцијата во составот на Љупчо Марковски.


Лунин ги одби сите понуди, сака да остане во Мадрид

Андриј Лунин кој му е резерва на голманот, Тибо Куртоа во Реал Мадрид, нема намера да го напушти клубот иако неговиот татко го советува да го направи спротивното.

Украинецот иако ја грее клупата, одлучи да продолжи да го носи дресот на „кралевите“ со надеж дека еден ден ќе биде прв голман на Бернабе.

23-годишниот чувар на мрежата беше купен во 2018 година од Зорја Луганск за 8,5 милиони евра.


Тен Хаг лично ќе го убедува Роналдо да остане во Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сака лично да разговара за иднината со напаѓачот Кристијано Роналдо, пишува Дејли Меил.

Според изворот, разговорот меѓу страните е закажан во моментот на враќање на Роналдо во клубот за да започне со претсезонските тренинзи.

Претходно беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на „црвените ѓаволи“ да го продадат доколку дојде добра понуда. Поточно, португалскиот напаѓач е незадоволен од активноста на клубот на трансфер пазарот, во споредба со конкурентите во Премиер лигата.

Исто така, беше објавено дека Роналдо побарал од раководството на Манчестер Јунајтед да ангажира 6-7 нови имиња во летниот преоден рок.


Маласија доаѓа на потпис во Манчестер Јунајтед

Тајрел Маласија денес треба да пристигне на Островот за да ги реализира задолжителните медицинските прегледи пред да потпише за Манчестер Јунајтед.

„Црвените Ѓаволи“ и Феенорд претходно ги договорија сите детали околу трансферот. Фудбалерот ќе остане на стадионот – „Олд Трафорд“ до 2026 година а има и опција и за дополнителни 12 месеци.

Дваесеткратниот шампион на Англија за левиот бек ќе плати 15 милиони евра, плус два како бонуси.


Чави „пречкрта“ шест играчи на Барселона

Тренерот на Барселона Чави Ернандез во наредната сезона нема да смета на шест фудбалери, а то се Рики Пуиг, Оскар Мингуез, Клеман Ленгле, Самуел Умтити и Муса Вагуе.

Барселона ги започна подготовките за новата сезона, а тренерот Чави им соопшти на челниците на клубот дека повеќе нема да рачуна на услугите на споменатите играчи, и дека им порача да си побараат нови клубови.

Чави очекува дека во следниот период Барса ќе ја засилат пет нови фудбалери.

Екипата од Камп Ноу минатата сезона остана без освоен трофеј, а во Ла Лига заврши како второпласирана со 13 бода помалку од шампионот Реал Мадрид.


Дембеле би останал во Барса со помала плата од 40%

Осман Дембеле би можел да го продолжи договорот со Барселона со намалување на платата за 40%.

Според „АС“, Французинот може да се согласи со понудата на неговиот сегашен клуб кој му дава договор на Дембеле до 2024 година со намалување на платата за 40 % и доаѓа на нивото на Ансу Фати.

Барселона се сомнева дека Дембеле пред неколку месеци договорил трансфер со ПСЖ и бил подготвен да се пресели во францускиот клуб со слободен трансфер. Сепак, поради одлуката на Килијан Мбапе да остане во Париз, како и поради големите промени во раководството на ПСЖ, ситуацијата се промени. Крилниот напаѓач нема други понуди.

Поради ова, Осман Дембеле може да се предомисли и да се согласи на условите на Барселона. 25-годишниот фудбалер минатата сезона имаше 32 настапи за Барселона, постигнувајќи 2 гола и 13 асистенции.


Несторовски продолжува во Удинезе до 2023

Македонскиот фудбалски интернационалец, Илија Несторовски, ја продолжи соработката со неговиот сегашен клуб Удинезе. Од таму пренесуваат дека Несторовски се согласи на нов договор до јуни 2023 година со можност за продолжување на уште една сезона.

Несторовски го носи црно-белиот дрес на Удинезе од 2019 година кога пристигна од тимот на Палермо.


Ерменски Пјуник нов дом на репрезентативецот Марјан Радески

Пјуник од Ерменија промовираше десетмина нови играчи, а меѓу нив беше и поранешниот мкааедонски репрезентативец Маријан Радески.

Радески во изминатата сезона настапуваше за Шкупи, а за него ова ќе биде прв интернационален предизвик. Радески досега настапуваше само во домашни клубови во дресот на: 11. октомври, Металург, Шкендија и Академија Пандев.

За репрезентацијата на Македонија има 18 натпревари, беше дел од составот за Европското првенство, но не доби шанса на ниту еден од трите натпревари.

Ќе споменеме и дека во Пјуник од Македонија пристигнува Андре Менсалао, досегашниот играч на Шкендија.


Лапорта: Нема да го продадеме Френки Де Јонг

Манчестер Јунајтед долго се обидува да го договори трансферот на Френки де Јонг, но веројатно тој ќе остане во Барселона. Кога клубовите имаа шанса да се договорат, ставот на Де Јонг секогаш беше дека тој сака да остане во Барселона. Сега и претседателот на Барселона вели дека ќе направи се за да го задржи, па шансите на Манчестер јунајтед да дојде до неговиот потпис стануваат минимални.

„Има многу клубови кои го сакаат него, не е само Манчестер јунајтед. Ние немаме намера да го продадеме, тој сака да остане“, вели Лапорта.

„Ќе направам се за да го задржам Френки, но има и проблем со платата и тоа треба да се прилагоди“.


Калвин Филипс претставен во Манчестер Сити

Досегашниот играч на Лидс, Калвин Филипс, потпиша договор на шест години со Манчестер Сити.

Шампионот на Англија за услугите на англискиот репрезентативец плати 45 милиони фунти. 26-годишниот играч од средината на теренот изјави дека го ибрал Манчестер Сити најповеќе поради тренерот Гвардиола.

Филипс во дресот на Лидс одигра 234 натпревари и постигна 14 гола. За репрезентацијата на Англија има забележано 23 настапи.