feature

Конте го позајми Ндомбеле во Наполи

Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи се засили за оваа сезона ангажирајќи го 25-годишниот Французин Танги Ндомбеле како позајмен фудбалер од Тотенхем.     

Францускиот играч за врска во Тотенхем не успеа да избори стандардно место во првиот тим и вториот дел од ланската сезона го мина како позајмен фудбалер во Лион од каде се пресели во лондонскиот премиерлигаш во 2019 година. 

Наполи ќе има право да го откупи неговиот договор со Тотенхем на крајот на сезоната. Новото засилување на Наполи има седум настапи за француската репрезентација.


Калин Ивановски го освои првиот турнир во кариерата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски одигра уште еден одличен натпревар и триумфираше во финалето на ИТФ-фјучрс турнирот во Монастир, Тунис.

Нашиот тенисер оствари одличен успех со освојувањето на овој турнир откако во финалето го победи Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Кијеметовиќ со 4-6, но подоцна следуваше целосно враќање во натпреварот на Калин Ивановски кој го доби вториот сет со идентични 6-4.

Решавачкиот трет сет му припадна на Ивановски кој со убедливи 6-1 успеа да дојде до победа на овој меч и турнир.


Мегваер доби нов поддржувач, Тухел го сака во Челзи

Челзи упатиле барање за можноста да го ангажира дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, според „Дејли Мејл“. Лондончани ја разгледуваат опцијата да го вклучат англискиот интернационалец како дел од зделката за трансферот на Кристијан Пулишиќ во редовите на „црвените ѓаволи“.

Не е тајна дека Челзи е во потрага по нов играч кој ќе ја засили одбраната. И покрај ангажманот на Калиду Кулибали од Наполи, на „сините“ им треба барем уште едно засилување во таа област бидејќи клубот беше напуштен од Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен летото и моментално имаат малку опции во центарот на одбраната.

Главна трансфер цел на Челзи е Весли Фофана од Лестер. Сепак, преговорите за 21-годишниот талент одат напорно, па затоа на „Стемфорд Бриџ“ размислуваат за други опции, а една од нив е и Мегваер.


Литванија европски кадетски првак во Скопје

Кадетската репрезентацијата на Литванија е нов европски шампион во кошарка. Во големото финале, одиграно синоќа во „Борис Трајковски“ во Скопје, Литванија ја победи Шпанија со 77-68.    

Мантас Лоренцикас со 26 поени и шест скока беше најдобар играч победничкиот тим. Литванија по серијата од четири порази во финалните натпревари на Европските шампионати з аиграчи до 16 години и за прв пат по 2008 година, ја освои титулата. 

Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Франција ја совлада Грција со 65-46. На шампионатот во Скопје учествуваше и македонската репрезентација која го освои 12. место.


Барса се вклучи во трката по Белерин

Дефанзивецот на Арсенал, Хектор Белерин има се повеќе додворувачи. Се очекува 27-годишниот десен бек во секој момент да го раскине договорот со „топчиите“ и да стане слободен играч, што го прави толку посакуван на пазарот. Сега италијански Удинезе е подготвен да се вклучи во битката за неговиот потпис.

Белерин минатата сезона ја мина на позајмица во Бетис, каде што настапи многу силно. Желбата на фудбалерот е повторно да го облече тимот на Севиља, која исто така сака да го врати во својот тим.

Во меѓувреме, сепак, интерес за Белерин има и од Барселона, а тоа може да ги промени плановите на дефанзивецот и тој да реши да си ја проба среќата на „Камп Ноу“. Не е за потценување фактот дека Шпанецот е дете на Каталонците.


Танганга е темата заради која преговараат Милан и Тотенхем

Италијанскиот шампион Милан, сега повторно ги отвори преговорите со Тотенхем за трансфер на Џафет Танганга.

Танганга претходно беше на мета на Милан, но имаше врски и со Рома. Разговорите меѓу „росонерите“ и Спарс се повторно отворени, а Милан сака да го ангажира Танганга на позајмица со опција за купување следното лето. Таков договор, пак, не им одговара на лондончани.

Но, и покрај тоа што разговорите се враќаат, ситуацијата е иста како што беше претходно и Спарс сакаат само трајно да го продадат дефанзивецот.


Словенија прв фаворит за златото на Евробаскетот

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ја издвои Словенија како главен кандидат за освојување на златниот медал на претстојното Европско првенство.     

Зад Словенија, која ја предводи центарот на Далас, Лука Дончиќ, следат Франција, Грција и Литванија, додека Србија предводена од најкорисниот играч во НБА лигата Никола Јокиќ, е петти кандидат за европското злато според ФИБА. Европското кошаркарско првенство ќе се одржи од 1 до 18 септември. Како и претходните две изданија, завршниот европски турнир ќе се одржи во четири држави. 

Натпреварите во групната фаза ќе се играат во Германија, Чешка, Грузија и Италија. Финалето ќе се игра во Берлин.


Интер го тргна Шкрињар од трансфер пазарот

Интер го тргна од трансфер листата дефанзивецот Милан Шкрињар откако ја одби официјалната понуда од францускиот гигант Пари Сен Жермен.

Претседателот Стивен Жанг, им соопштил на соработниците дека клубот нема интерес да ја продаде својата ѕвезда, а наместо тоа, Интер истражува опции за обновување на договорот со Словакот кој има активен договор до 2023 година.

Менаџерот Симеоне Инзаги го гледа 27-годишниот дефанзивец како клучен дел од тимот и ќе има влијателна улога во неговите планови за сезоната 2022/23.


Варди не размислува зља друг клуб, продолжува во Лестер до 2024 година

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди потпиша нов договор со „лисиците“. Новиот договор со 35-годишниот фудбалер е до летото 2024 година. На овој начин конечно пропадна можноста тој да се приклучи на тимот на Манчестер Јунајтед.

Варди игра за Лестер Сити од 2012 година. Тој е голгетер број 1 во историјата на клубот со 164 гола на 387 натпревари.


Гатусо инсистира на трансфер на Кавани во Валенсија

Валенсија е во преговори со Единсон Кавани. „Лилјаците“ итно бараат нов напаѓач по продажбата на Гонзало Гедеш во Вулверхемптон. Затоа клубот го сврте вниманието кон уругвајскиот ветеран.

Во последните неколку недели, Кавани се шпекулираше дека е на прагот на преселба во француска Ница. Сепак, напаѓачот во последен момент ја одбил понудата на овој клуб. Се верува дека причина за тоа е токму понудата од Валенсија до него.

Од „Местаља“ веќе стапиле во контакт со 35-годишниот Уругваец и веќе водат преговори со него. Се верува дека двете страни се блиску до договор кој формално би можел да биде објавен за неколку дена.

Кавани моментално е слободен играч откако последните две сезони ги мина во Манчестер Јунајтед. Сепак, неговиот престој на „Олд Трафорд“ не беше особено успешен, бидејќи за „црвените ѓаволи“ одигра 59 натпревари и постигна 19 гола, пред да одлучи да не го продолжи договорот со клубот.