feature

Гуању Жоу се раздели со Ферари

Вестите од светот на Формула 1 овој петок започнуваат со официјална потврда за разделба. Скудерија Ферари и кинескиот возач Гуању Жоу повеќе нема да соработуваат, откако италијанскиот тим објави дека тој ја напушта улогата на резервен возач.

По само една сезона помината како резервен и развоен возач на тимот од Маранело, Гуању Жоу ги пакува куферите и го напушта славниот италијански бренд.


Аке потврди заминување од Сити овој јануари

Нејтан Аке си оди од Манчестер Сити и тоа уште во текот на овој зимски преоден рок.И, за да ја претставува Холандија, мора да игра во клуб, а тоа не е случај. И тоа е она што му го истакнува Роналд Куман.

„Всушност, неколку пати ми кажа дека сака да играм повеќе и понекогаш е тешко да ме повика ако не играм многу“, рече Нејтан Аке, додавајќи:

„Ќе се борам, сакам да играм на секој натпревар. Но, нема да кажам дека требаше да играм на секој натпревар, бидејќи Рубен Дијас, Јошко Гвардиол и Нико О’Рајли играат фантастично, како и целата одбрана, сепак, секој играч би сакал да има минути. Ќе видиме што ќе се случи во иднина.“

Нејтан Аке има поскромна улога во тековната сезона отколку во претходните сезони. Тој настапи само на 13 натпревари и собра 596 минути. Не е ни чудо што е вознемирен.


Милутинов е најкорисен кошаркар на полусезоната во Евролигата

Српскиот кошаркар Никола Милутинов во Евролигата ја освои титулата најкорисен играч (МВП) според просечниот индекс на корисност.

Центарот на Олимпијакос доминираше на паркетот со одлични бројки, просечно остварувајќи двоцифрен број поени (11), на кои придодава 7,7 скока по натпревар.

Покрај Милутинов, неговиот соиграч во Олимпијакос, Саша Везенков, исто така се најде веднаш зад него во рангирањето, што покажува колку добро функционира тандемот во редовите на грчкиот тим.

Бугаринот има поголем просек во ефикасноста (18,1 поени), но Милутинов е покорисен во однос на индексните поени.


Два премиерлигаши го сакаат Родриго во зимскиот преоден рок

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, не е задоволен од својот статус во тимот, долго се шпекулира дека би можел да замине од Мадрид, а каталонскиот весник „Спорт“, тврди дека до крајот на преодниот рок тој би можел да гзамине од „Сантојаго Бернабеу“.

Според овој извор, доколку Бразилецот го напушти Мадрид, најреални следни дестинации се Арсенал и Манчестер Сити.

Родриго и неговиот татко, кој е и негов менаџер, не сакаат да им се повтори минатото лето, кога Бразилецот не успеа да го напушти клубот и покрај интересот од неколку врвни европски тимови.

Сепак, трансферот би можел да се одложи поради повредата на коленото на ѕвездата на Реал, Килијан Мбапе, поради што тој ќе пропушти неколку натпревари.

Доколку продажбата се реализира, Реал Мадрид ќе бара отштета од околу 100 милиони евра (87 милиони фунти), со оглед на тоа што договорот на Родриго е до 2028 година.

Покрај англиските клубови, интерес покажува и ПСЖ, кој, доколку сака, би можел да ги надмине понудите од Премиер лигата.


Миовски настапи во „Олд фирм“ дербито, Ренџерс го освои „Селтик парк“

Ренџерс го победија Селтик со 3-1 во денешното дерби на „Олд Фирм“ на „Селтик Парк“. „Полицајците“ ја продлабочија кризата на градскиот ривал и веројатно му го потпишаа отказот на нивниот менаџер Вилфред Нанси.

Со победата, Ренџерс се израмнија со второпласираниот Селтик со 38 бода, додека водечките Хартс имаат три бода повеќе и натпревар помалку.

Селтик поведе во 19-та минута со голот на Хјун-Џун Јанг и го задржа водството до крајот на полувремето. Сепак, Ренџерс го свртија резултатот со три гола. Младиот 21-годишен португалски напаѓач Јусеф Чермити израмни во 50-та минута, а девет минути подоцна ги доведе гостите во водство. Победата на Ренџерс ја потврди Мајки Мур во 71-та минута.

Македнскиот репрезентатвиц, Бојан Миовски, доби шанса в судиското надополнување на времето. На теренот влезе во 92-та минута и веднаш поради остар старт доби жолт картон.

За прв пат од октомври 2010 година, Селтик загуби домашен натпревар во кој водеше на полувреме. И тогаш загубија од Ренџерс со 3-1.

Ренџерс сега имаат 172 победи во меѓусебните дуели, една повеќе од нивниот најголем ривал, додека 106 натпревари завршија без победник.


„Волците“ во дваесеттиот натпревар ја запишаа првата победа

Вуллверхемптон ја прекинаа најлошата низа во историјата на Премиер лигата. Во 20-то коло, ја забележаа првата победа во сезоната. Вулфс го победија Вест Хем со 3-0.

Вулверхемптон ги решија „чеканите“ за едно полувреме. Победата ја најави Андраде по само четири минути игра, а по половина час Хванг зголеми на 2-0. Точка на победата, со првиот гол во сениорската кариера, стави 18-годишниот Мане.

Овој млад фудбалер го обележа натпреварот, бидејќи асистираше за првиот гол и избори пенал.

Брајтон лесно се справи со Барнли. По еден гол во првото и второто полувреме беа доволни за триумф 2-0. Рутер погоди во 29-та, а Ајви во 47-та минута.

Важно е да се спомене и дека во 80-та минута на теренот влезе Џејмс Милнер за кого ова беше 649-ти натпревар во Премиер лигата. Милнер е на четири натпревари од израмнување на рекордот на Гарет Бери и на пет од тоа да стане рекордер на Премиер лигата на сите времиња за најмногу одиграни натпревари.


Лазаров: Да ги подобриме психолошката подготовка и самодовербата пред Европското првенство

Од вчера македонската ракометна репрезентација е комплетна и со доаѓањето на Мартин Томовски со сите сили ја одржува формата пред турнирот во Швајцарија и подоцна патот за Хернинг. Селекторот потенцира дека менталитетот е многу важен и само со правилен пристап можеме да се надминеме себеси во Данска.

По вечерашниот тренинг Лазаров зборуваше со новинарите.

„Планираното го остваривме и треба да знаеме дека трениравме доста интезивно овие осум дена, каде што првиот дел од поделивме на два дела, во Скопје и во Хрватска. Имавме идеални услови, особено во Хрватска за тренинг, бидејќи имавме на располагање сала во хотелот, имавме фитнес центар. Имавме одлична контролна средба, со оглед на интезитетот на тренирање, задоволен сум од натпреварот. Знам дека имаме доста работи за поправање, но ни остануваат 15 дена, знаеме што треба да работиме и на што да обрнеме внимание.

Секогаш зборувам за нашиот менталитет, малку можеби сум здодевен, но тоа е така. Психолошка подготовка и самодовербата мора да ги поправиме, знам дека тоа тешко се менува поготово кога играчот ќе стигне до одреден број на години, не можеш да му промениш одредени навики кои ги има стекнато како мал, но одиме на тоа да го промениме тој менталитет и дека треба да веруваме во невозможното“, рече селекторот Кире Лазаров.

Селекторот ќе го направи последниот пресек на списокот пред патот за Швајцарија, каде нашите ракомегари ќе го имаат последниот тест пред Европското првенство.


Милан го сака Кореанецот Ким од Баерн Минхен

DUBAI, UNITED ARAB EMIRATES – FEBRUARY 01: Kim Min-jae of Korea Republic during the FIFA World Cup Qatar 2022 Qualifier between Syria and South Korea at Al Rashid Stadium on February 1, 2022 in Dubai, United Arab Emirates. (Photo by Matthew Ashton – AMA/Getty Images)

Угледниот „Газета дело Спорт” наведува дека челниците на Росонерите веќе идентификувале неколку потенцијални решенија за одбранбената линија.

Како една од главните мети се истакнува Ким Мин, стоперот на Баерн од Минхен.

Јужнокорејскиот репрезентативец зад себе има богато искуство во играње на највисоко ниво, а на италијанската јавност добро му е познат уште од периодот поминат во Наполи.

Токму во Серија А, Ким остави силен впечаток, што дополнително го зголемува интересот на Милан да го врати на италијанскиот терен.

Сепак, евентуалниот договор со Баерн Минхен не би бил воопшто лесен, имајќи ги предвид финансиските барања.

Освен Ким, Милан разгледува и друга опција, а тоа е Луиз Фелипе, стоперот на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.

Луиз Фелипе се профилираше како сигурен дефанзивец, познат по цврстината, добрата поставеност и способноста за играње од задната линија.

Неговото име сè почесто се поврзува со враќање во италијанскиот фудбал, каде што веќе настапуваше и остави солидна трага.


Харви Елиот прави изненадувачки трансфер во МЛС лигата

Американскиот клуб од врвната лига, Шарлот, ја анализира состојбата на Харви Елиот во Астон Вила, но секоја трансфер активност ќе зависи од одлуките кои ќе ги донесат Астон Вила и Ливерпул. Англискиот репрезентативец не добива шанса за играње во Вила, а Шарлот претставува еден од малкуте клубови што би можеле да му понудат нова можност веќе во јануари.

Елиот премина во Вила на последниот ден од преодниот рок на позајмица со обврска за откуп доколку одигра 10 натпревари. До сега, забележал само пет настапи и не влегол во игра од септември, што покажува дека Вила не е заинтересирана да ја активира клаузулата за откуп.

Според ФИФА правилата, играчот не може да настапи за три клуба во текот на една сезона која се простира од лето до пролет. Бидејќи Елиот одиграл една минута за Ливерпул пред да оди во Вила, за него се затворени вратите на многу европски лиги.

Сепак, американската МЛС лига користи различен календар, што го отвора патот за Шарлот да му ја обезбеди потребната играчка практика на Елиот пред Светското првенство, ако Вила и Ливерпул не планираат да го користат во втората полусезона. Извори велат дека ситуацијата е сѐ уште во фаза на истражување, а за интересот на американскиот клуб прв објави Фабрицио Романо.


Израелецот Соломон претставен во Фиорентина

Фиорентина вчера го комплетира трансферот на Манор Соломон но зделката предизвика и бурни реакции кај навивачите, кои порачаа дека Израелецот „не е добредојден“.

Фиорентина целосно потфрли во првиот дел од сезоната и со само 9 освоени бодови се наоѓа на последното место на табелата.

Па клубот од „Артемио Френки“ не трошеше многу време и вчера го потврди Манор Соломон како прво засилување.

Тој пристигнува на позајмица од Тотнем со опција во целост да биде купен за 10 милиони евра, но неговиот трансфер предизвика голема бура помеѓу навивачите.

Не се проблем неговите квалитети, туку неговото израелско потекло, па поради војната помеѓу Израел и Палестина, доби многу пораки дека „не е добредојден“.