feature

Катар дозволи влез во земјата и за навивачи кои не поседуваат влезници за натпреварите

Домаќинот на Светското фудбалско првенство, Катар, соопшти дека ги ублажи ограничувањата за посетителите кои ќе пристигаат за време на Мундијалот, и од 2.декември ќе дозволи влез во земјата на навивачите без влезници во време кога се завршува групната фаза.

Навивачите и понатаму ќе мора да се пријавуваат за добивање код за идентификација, но влезница за натпреварите нема да биде обрзувачка. 

Катар за време на одржување на Мундијалот очекува посета од 1,2 милиони навивачи.


Де Хеа сака да остане во Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеа е подготвен да го продолжи договорот со клубот од Олд Трафорд.

Де Хеа има договор со Јунајтед кој истекува на крајот од сезоната, според кој има неделна плата од 430 илјади евра. Шпанецот во неодамнешните изјави вели дека сака да остане во Манчестер и дека е подготвен да потпише нов договор за помала плата.

31- годишниот Де Хеа во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011 година од мадридски Атлетико. Досега за англискиот клуб има забележано 504 натпревари. Шпанскиот голман има голема поддршка од тренерот Ерик тен Хаг и најверојатно соработката ќе биде продолжена.


Фабијан Руиз ќе отсуствува од ПСЖ до паузата за Мундијалот

Фудбалерот од средниот ред на Париз Сен Жермен, Фабијан Руиз, поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари на тимот. Руиз повредата ја заработи на дуелот од ЛШ против Јувентус.

Клубот од Париз потврди дека Руиз има повреда на мускулот на ногата и дека нема да може да игра во тимот до Мундијалот во Катар. Руиз ги пропушта дуелите од Лига 1 против Лориен и Оксер.


Гаранчо експресно добива нов договор во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед вчера победи со минимални 0-1 во Баскија против Реал Сосиедад. Единствениот гол на натпреварот го постигна младиот Алеханрдо Гаранчо.

Аргентинецот има само осумнаесет години и главно игра на позицијата лево крило, а вчера го постигна деби голот во дресот на Јунајтед по асистенција на Роналдо. Гарначо повремено добива шанса во Лигата на Европа, додека во Премиер лигата запиша само минута. Но, Тен Хаг верува во неговиот потецијал и младиот фудбалер наскоро би можел да добие нов договор.

Неговиот актуелен договор истекува на крајот на оваа сезона, веќе се појавија заинтересирани екипи и Јунајтед сака да му даде продолжување на соработката до 2027 година.


Жиру е најтешкиот ривал за Вирџил ван Дајк

Вирџил ван Дајк гостуваше во поткастот на Гери Невил.

Ван Дајк важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, а откри кој напаѓач му создава најмногу проблеми и му е најтешко да го чува.

„Жиру е напаѓачот кој ми создава најмногу проблеми. Секогаш верувам дека добро го чувам, но тој ненако успева да постигне гол. Независно дали за Арсенал, Челзи или Франција, тој секогаш постигнува голови. Тој е мојата ноќна мора“, изјави Ван Дајк.


Француски новинар најави дека Зидан ќе го наследи Дешам на селекторското место

Тиери Анри изјави дека Зинедин Зидан нема да се врати на тренерската работа за да преземе некој клуб, а изгледа дека бил во право.

Зидан се споменуваше како можен нов тренер на Јувентус ако Алегри добие отказ, но тогаш Анри изјави дека не очекува Зидан да се врати во клупскиот фудбал. Славниот напаѓач најави дека Зидан ја чека клупата на француската репрезентација и тоа е единствениот предизвик за кој сака да се врати на фудбалот.

И изгледа Анри беше во право. Францускиот новинар Сержи Валентин објави дека Зидан дефинитивно ќе го наследи Дешам во репрезентацијата во Катар.


Наполи му нуди нов договор на тренерот Спалети

Од италијанскиот фудбалски клуб Наполи најавуваат дека се подготвени да му понудат нов договор на тренерот Лучијано Спалети.

Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис е задоволен од прогресот на екипата под раководство на Спалети, и како поддршка во неговата идна работа, клубот сака да го задржи тренерот со понуда за нов договор.

Актуелниот договор на 63 годишниот стратег е со важност до крајот на сезоната, но со сигурност челниците на Наполи сакаат долгорочна соработка со Спалети кој би останал во клубот и наредните сезони.


Лопетеги е нов тренер на Вулверхемптон

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон објави дека за нов тренер на екипата го назначи Јулен Лопетеги.

Шпанскиот стручњак на клупата на Волвс ќе седне на 14.ноември, но поради репрезентативната пауза за СП во Катар, негов прв натпревар ќе биде гостувањето со Евертон на 26.декември.

Лопетеги доби отказ од Севиља во октомври после поразот од Борусија Дортмунд во ЛШ. Негов најголем успех со Севиља каде остана тренер три сезони, беше трофејот во Лига Европа 2020.година.


Горица му даде отказ на Игор Ангеловски

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, не е повеќе тренер на хрватскиот прволигаш Горица.

Ангеловски доби отказ од клубот после последниот пораз од Истра со 1:0, со што беше продолжена низата на лоши резултати на Горица. Ангеловски кој беше тренер на хрватскиот клуб неполни три месеци, на 10 натпревари освои само два бода, и го остава клубот во битка за опстанок во лигата.


Ѓоковиќ руши рекорди на Мастерс турнирите

Српскиот тениски великан, Новак Ѓоковиќ, по победата над Карен Хачанов во третото коло на Мастерсот во Париз, стигна до своето 90-то четвртфинале на некој од Мастер АТП турнирите. Според овој показател, Ѓоковиќ е само втор по 22-кратниот носител на Грен Слем титули, Рафаел Надал, кој досега има 99 настапи во четврфинале на Мастерсите.

Во Париз во четвртфиналните дуели не очекуваат интересни пресметки: Карлос Алкарас (Шпанија) против Холгер Руне (Данска), Френсис Тиафо (САД) против Феликс Ожер-Алиасим (Канада), Новак Ѓоковиќ (Србија) ќе игра со Лоренцо Мусети (Италија), додека Стефанос Циципас (Грција) ќе се соочи со Томи Пол (САД).