feature

Капитенот го напушта Јувентус во зимскиот преоден рок?

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи би можел да го напушти тој клуб веќе во јануари, тврди „Кориере дело Спорт“.

По резимеата на вчерашното дерби против Торино, каде што се наведуваше дека Душан Влаховиќ уште еднаш го спасил Масимилијано Алегри, оваа листа го допре и статусот на Леонардо Бонучи во Јувентус.

Капитенот на тимот вчерашниот натпревар го започна од клупата, неговите игри често се под се oчекуваното ниво, а се шпекулира и дека е во лоши односи со Алегри. Сето ова може да предизвика негово заминување од Торино, а се поврзува со клубот на поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте.

Тотенхем не би имал ништо против да го ангажира, а Бонучи. Се најавува дека разделбата со Јуве би можела да следи веќе во јануари.


Шпанија нема да прати интервентна полиција на Мундијалот во Катар

Шпанија нема да испрати интервентна полиција во Катар за да помогне во одржување на јавниот ред за време на претстојното Светско фудбалско првенство како што тоа го бараше домаќинот на Мундијалот.     

Шпанското Министерство за внатрешни работи не сакаше да даде дополнителен коментар за одлуката и само го потврди претходниот извештај на радиото Кадена Сер, кое јави дека Шпанија размислува дали да испрати околу 115 полицајци во Катар, што на крајот го одби. Со популација помала од три милиони, од кои само 380.000 се државјани на Катар, оваа блискоисточна земја се соочува со недостиг на персонал додека се подготвува за едномесечниот фудбалски турнир, кој почнува на 20 ноември. 

Минатиот месец Турција најави дека ќе испрати повеќе од 3.000 припадници на интервентната полиција во Катар.


Сари критичен на тревникот на „Олимпико“

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, не крие дека е разочаран по вчерашното реми без голови со Удинезе во рамките на Серија А.

Неговиот тим одигра очајно во нападот откако најдобриот голгетер, Чиро Имобиле, мораше да го напушти теренот поради повреда уште во првото полувреме.

„Игравме против најлошиот можен противник,  физичка свежа екипа во периодот во кој ние игравме три натпревари во седум денови. Теренот беше крајно лош“, вели тренерот на „римските орли“.


Суспензија заради допинг на победничката на Бостонскиот маратон

Победничката на минатогодшното издание на маратонот во Бостон, Дајана Кипјокеи, е суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за атлетски интегритет (AIU).     

Атлетичарката од Кенија, исто така, е обвинета и за попречување на истрагата. Во соопштенмието на AIU се прецизира дека при допинг тестот на Кипјокеи е пронајдена забранетата сусптанца тримцинолон ацетонид. Вкупно десет кениски атлетичари и атлетичарки биле позитивни на оваа супстанца, додека од почеток на оваа година бројот на позитивни случаи во остатокот на светот изнесувал само два.

Кипјокеи се соочува со четиригодишна суспензија и одземање на победата на Бостонскиот маратон.


Гризман побара прошка од фановите на Атлетико

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по победата во натпреварот од 9. коло на Ла Лига со Атлетик (0-1) и им се извини на навивачите на мадридскиот клуб за преселбата во Барселона во 2019 година.     

Целиот тим заврши неверојатна работа. Трчавме заедно, напаѓавме, делувавме тимски. Поминавме низ многу предизвици, но да победиме на крајот е најдоброто чувство. Среќен сум затоа што моите деца ќе прашаат дали сум постигнал гол и можам да одговорам да. Драго ми е што потпишав договор со Атлетико и станав полноправен играч на овој клуб. Но, би сакал да се извинам. Сакам да се извинам на навивачите за штетата што можеби им ја нанесов пред три години кога се преминав во Барселона. Но, најдобриот начин да го направам ова е да го покажам најдоброто од себе на теренот. Ние сме на вистинскиот пат, изјави Гризман. 

На 10 октомври, прес-службата на Атлетико објави дека клубот ги откупил правата на Гризман од Барселона. Новиот договор на напаѓачот со мадридскиот клуб е до летото 2026 година.


Виси настапот на Ричарлисон на Светското првенство?

Фудбалерот на Тотенхем, Ричарлисон, кој вчера заработи повреда на мечот со Евертон во Премиер-лигата, може да го пропушти Светското првенство во Катар кое ќе започне на 20 ноември.

Доколку се потврди дека Бразилецот има искинат мускул, тогаш паузата од терените ќе биде некаде од шест до 8 недели. Во таква ситуација селекторот на „кариоките“, Тите, ќе остане без неговата прва опција во нападот. Целата ситуација емотивно ја доживеа играчот на „Спарси“.

„Тешко е да се каже, бев толку блиску до сонот да играм за Бразил на СП во Катар. Ќе видиме што ќе кажат лекарите. Имам болки додека се движам“ беа зборовите на Ричарлисон.


Швјонтек го освои турнирот во Сан Диего

Полската тенисерка Ига Швјонтек стигна до осмиот трофеј сезонава. Таа го освои ВТА турнирот во Сан Диего победувајќи ја во финалето Дона Векиќ од Хрватска.     

Финалето кое се одигра синоќа траеше 109 минути и заврши со 2-1, по сетови 6-3, 3-6 и 6-0. За првиот светски рекет ова беше вкупно единаесетта титула во кариерата. Вкупниот награден фонд во Сан Диего (САД) изнесуваше 757.900 долари.


Чави е статистички најлош тренер на Барселона од 2001.година досега

Екипата на Барселона доживеа пораз од 3:1 на „Ел Класико“ дуелот со Реал Мадрид. Од доаѓањето на Чави Ернандез на клупата на Барса, тимот се труди да игра допадлив и напаѓачки фудбал, меѓутоа според статистиката, Чави е најлошиот тренер на екипата од „Камп Ноу“ од 2001.година.

Чави водејќи ја Барселона има 56 процент на победи од 50 натпревари, односно тимот под негово водство остварил 28 победи, 11 нерешени и 11 порази. Овај скор е најлош од било кој тренер кој ја има водено Барселона од 2001.година до сега.


Мбапе: Немам побарано трансфер од ПСЖ, среќен сум во клубот

Фудбалерот на Париз Сен Жермен Килијан Мбапе ја демантираше веста дека сака да го напушти клубот на почетокот од наредната година.

Претходниве денови некои медиуми ја објавија информацијата дека Мбапе сака да го напушти ПСЖ во јануари поради неисполнети ветувања од челниците на клубот.

„Не сум побарал напуштање на ПСЖ. Среќен сум во клубот и не сум бесен на никој. Шокиран сум од веста дека сум сакал да заминам од клубот. Тоа е целосна измислица“, изјави Мбапе за француските медиуми после победата на ПСЖ над Олимпик Марсеј со 1:0,во 11.коло од Лига 1.


Клоп: Го заслужив добиениот црвен картон

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп изрази огромно задоволство од победата на својот тим во дербито со Манчестер Сити од 1:0, во 10.коло на Премиер лигата. Единствениот гол на средбата го постигна Мохамед Салах во 76.минута.

„Натпреварот беше извонреден. Двата тима беа феноменални и силно ја посакуваа победата. На крајот ние успеавме да реализираме една од подобрите ситуации и затоа победивме. Околу моето исклучување во 86.минута сакам да истакнам дека беше заслужено, бидејќи реагирав бурно за стартот над Салах, и не сум горд на таа ситуација“, истакна Клоп после средбата.