feature

ПСЖ се вклучува во трката за потпис со Осимен

Челниците на Париз Сен Жермен се подготвуваат за големи промени во тимот за наредната сезона.

Не е сигурно продолжувањето на договорот со Лионел Меси кој се двоуми дали да остане во Париз и наредната година, додека бројни се шпекулациите дека на продажба ќе биде понуден и Бразилецот Нејмар.

Претставниците на Париз Сен Жермен, особено спортскиот директор на тимот Луис Кампос веќе напорно работат на изборот на тимот за следната година.

Францускиот весник „Екип“ информира дека парижаните го избраа Виктор Осимен за главна трансфер мета претстојното лето. Напаѓачот има извонредна сезона со тимот на Наполи и досега има постигнато 21 гол и 4 асистенции на 26 натпревари во сите натпреварувања.

Според објавите,  последните неколку дена во Париз бил одржан состанок меѓу претставниците на играчот и претставниците на ПСЖ, каде што била презентирана желбата на парижаните да го доведат Осимен на „Паркот на принцовите“.


Вест Хем Јунајтед тргнува по Мегваер

Премиерлигашот Вест Хем Јунајтед е заинтересиран за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер и би можел да го доведе на позајмица ова лето.

Популарните “чекани“ оваа сезона играат далеку под очекувањата и ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.  Доколку останат во елитата, клубот сигурно ќе го освежи својот состав, а еден од посакуваните играчи е 30-годишниот англиски репрезентативец, пренесуваат англиските медиуми.

Хари Мегваер не се вклопува во плановите на тренерот на Јунајтед Ерик тен Хаг, кој многу  ретко му даваше доверба меѓу стартерите оваа сезона.  Досега дефанзивецот одигра 21 натпревар во сите натпреварувања.


Аргентинецот Ретеги мета на двата милански гиганти

Миланските гиганти Милан и Интер се силно заинтересирани за младиот аргентински напаѓач, Матео Ретеги.

23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а од почетокот на новата сезона на 6 настапи постигна исто толку голови.

Ретеги има италијански корени и може да добие повик од Манчини, а скаутите на Милан и Интер го следат веќе подолго време.

„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, па сакаат да го донесат на лето на „Сан Сиро“.


ПСЖ сака да го купи „Стад де Франс“

Пари Сен Жермен ќе биде кандидат за купување на „Стад де Франс“ што го најави државата, тврди весникот „Л‘Екип“. Продажбата на спортскиот објект треба да се случи летото 2025 година. Бидејќи преговорите со градското собрание на Париз за можното купување на „Паркот на принцовите“, историскиот стадион на ПСЖ, се во ќорсокак, клубот се позиционира како можен купувач на „Стад де Франс“, кој има капацитет од 80.000 и неговата цена, според државата, изнесува 647 милиони евра.

Државата објави две понуди за „Стад де Фрас“ на 7 март, една за нова концесија, а барателите треба да поднесат документи до 27 април до 12:00 часот. Со стадионот, кој беше изграден за Светското првенство во 1998 година, досега стопанисуваа две гигантски компании – „Винчи“ и „Буиг“. ПСЖ сакаше да започне со реконструкција на „Паркот на принцовите“ и да го зголеми неговиот капацитет од 47.000 на 58.000 седишта, што би чинело 500 милиони евра.


Барса и Лапорта кројат план како да го вратат Меси

Барселона е во тешка финансиска ситуација и на лето ќе мора да продава фудбалери за да може да прави трансфери.
Поради тоа Каталонците може да се насочат кон слободни агенти, а најголема желба на клубот е секако да ја врати легендата Меси на „Камп Ноу“.

„Ел Национал“ тврди дека Лапорта смислил план како да го добие Меси за минимална плата. Имено, Барселона ќе му даде симболична плата од 200.000 евра годишно, но кога Меси ќе ја заврши кариерата, тие ќе организираат проштален меч и сиот приход од тој меч, од ТВ правата за натпреварот, спонзорските договори, маркетингот, приходите од влезниците ќе отидат на сметката на Меси.

Прогнозата на каталонскиот медиум е дека Меси во таков случај би добил околу 100 милиони евра.
Меси во моментов преговара за нов договор со ПСЖ, но засега двете страни се далеку од такво нешто.


Модриќ налето го напушта Мадрид?

Медиумите во Шпанија наведуваат дека ветеранот, Лука Модриќ, веројатно нема да добие продолжување на договорот кој ќе му истече во текот на летото.

Наводно, првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, има намера да направи голема реконструкција и да се ослободи од Хрватот кој наскоро ќе наполни 38 години.

Модриќ кој го облече дресот на Реал Мадрид во 2012 година, успеа да освои пет пехари во Лигата на фудбалските шампиони.


Евротип со безрезервна поддршка за спортот и своите вработени

Спортските обложувалници Евротип како и голем број пати во минатото, уште еднаш реши да излезе во пресрет на барање за спонзорство на спортски клубови кои имаат потреба од помош за успешно реализирање на своите планирани активности.

Овој пат нашата компанија одлучи да им помогне на Ракометниот Клуб Стружанка-Ветеранки кои добија покана за учество на меѓународен ракометен турнир за ветерани/ветеранки “Сарајево љубави моја 2023“. Турнирот ќе се одржува во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево од 16-19.03.2023.

Од наша страна беа доделени парични средства како и маички за нашите претставнички кои ќе бидат одлична презентација на Македонија.

Тимот на Р.К Стружанка-Ветеранки ќе биде единствениот претставник од нашата земја кој ќе учествува на овај меѓународен турнир. Екипата ја сочинуваат Весна Димитриевиќ, Снежана Крстаноска Попин, Крстана Кукоска, Крстана Когоман, Јелена Затуроска, Снеже Трпческа, Венера Јоноска, Славица Маркоска, Александра Кленкоска, Едона Шабани, Илирјана Даути, Марија Ѓоршевска и Дејана Чакар, кои и покрај возраста со голем ентузијазам и желба  тренираат и се натпреваруваат за својот клуб.

Стручниот штаб на екипата е предводена од Ефтим Ѓелинчески и др. Јован Трпеноски кој сеуште е активен во клубот.

Дел од тимот на Р.К Стружанка-Ветеранки е и Јелена Затуроска која е вработена во Евротип обложувалници.

Во неформалниот кафе разговор со нашиот маркетинг директор Елена Трајчевска со дел од тимот и стручниот штаб се разговараше  и за претстојните натпревари на клубот и идните планирани активности кои повторно би биле поддржани од Евротип.


Дурент поради повреда оди на три неделна пауза

НБА тимот Феникс Санс соопштува дека еден од најдобрите играчи во екипата Кевин Дурант поради повреда на зглобот ќе мора да паузира три недели.

Во информациите од клубот се вели дека после направените детални прегледи е утврдено оти паузата на кошаркарот ќе биде пократка од предвиденото. Дурант се повреди на загревањето пред дуелот со Оклахома. Тој  пред пристигнувањето во Феникс играше за Бруклин Нетс и имаше просек од 26,7 поени, 7,3 скока и 3,7 асистенции.

Дурант е 13 кратен учесник на Ол-стар натпреварите, има освоено две титули со Голден Стејт, во кои е прогласен за МВП на финалињата.


Пабло Ласо е можен нов тренер на Панатинаикос

Грчките медиуми пренесуваат дека шпанскиот стручњак Пабло Ласо ќе биде нов тренер на кошаркарскиот клуб Панатинаикос.

 Раководството на клубот од Атина посакуваа Ласо да биде назначен за тренер веднаш после заминувањето на Радоњиќ, меѓутоа Шпанецот изразил желба да го преземе тимот на крајот од сезоната.

Според информациите од Грција, Ласо со Панатинаикос ќе потпише договор на три години и ќе биде долгорочна варијанта за клупата на атињаните.

Пабло Ласо како тренер е најпознат по своите успеси со водењето на Реал Мадрид.


Анчелоти: Бензема ќе биде подготвен за Ливерпул

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти, изјави дека најдобриот напаѓач во тимот Карим Бензема поради повреда на скочниот зглоб ќе го пропушти дуелот во Пример со Еспањол, меѓутоа би требало да биде подготвен за натпреварот со Ливерпул во ЛШ.

Бензема поради повреди, оваа сезона има пропуштено 12 натпревари на Реал Мадрид, но го пропушти и Мундијалот во Катар.

„Кралскиот клуб“ во среда го очекува реванш натпревар против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот дуел меѓу двете екипи се одигра на „Енфилд“ каде Реал славеше со 5:2.