feature

Сампаоли ја напушти клупата на Олимпик Марсеј

Хорхе Сампаоили не е повеќе тренер на Олимпик Марсеј , соопштуваат од францускиот клуб. 

62-годишниот аргентински тренер на клупата на Марсеј пристигна во февруари минатата година и успеа да ја доведе екипата до второто место во францускиот шампионат со што обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.

Сампаоли не открива дали ќе прави тренерска пауза или веднаш ќе започне со водење на друг тим.


Извлечени групите за ЛШ во ракомет, Македонија со само еден претставник

Вчера беа формирани групите за новата сезона во ракометната Лига на шампиони во која нашава земја нема има претставник откако Вардар беше елиминиран на „зелената“ маса од страна на ЕХФ.

Во групата „А“ влегоа: Магдебург, ПСЖ, ГОГ Гудме, Веспрем, Динамо Букурешт, Висла Плоцк, Загреб и Порто за кој ќе брани нашиот, Никола Митревски. Во групата Б ќе играат: ПИК Сегед, Барселона, Целје, Кјелце, Кил, Нант, Алборг и Елверум.

Сезона ќе започне на 14 и 15 септември а ќе заврши со Ф4 турнирот во Келн на 17 и 18 јуни во 2023 година.


ФИФА ќе воведе полуавтоматски офсајд на СП во Катар

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека на Светското првенство во Катар годинава ќе се користи полуавтоматска офсајд технологија, таканаречената SAOT.

Според ФИФА, оваа технологија има за цел да ги забрза и да ги направи судиските одлуки посигурни.

Полуавтоматската офсајд технологија, тестирана на два натпревара, овозможува во секое време да се одреди позицијата на играчот и топката, со што се олеснува откривањето на недозволена позиција.

За време на Светското првенство во Катар, новата технологија ќе користи 12 камери кои ќе бидат поставени под покривот на стадионот. Тие камери ќе лоцираат 29 точки на телото на секој играч 50 пати во секунда, пресметувајќи ја нивната точна позиција на теренот.

Исто така, во внатрешноста на топката ќе биде поставен сензор кој ќе испраќа податоци до оперативната соба 500 пати во секунда.


Салах на плажа го продолжи договорот со Ливерпул

Мохамед Салах го продолжи договорот со Ливерпул и ќе настапува за клубот од Енфилд до 2025.година.

Ливерпул објави видео запис со наслов „Салах останува“, и во видеото напаѓачот од Египет ужива на плажа и го облекува црвениот дрес на тимот.

„Ливерпул со огромно задоволство може да потврди дека Мохамед Салах потпиша нов долгорочен договор со клубот“, стои во соопштението на Ливерпул.

Салах во Ливерпул е пет години, и за тоа време одигра 254 натпревари и постигна 156 гола. Медиумите истакнуваат дека со новиот догоговор Салах ќе заработува 400 илјади фунти неделно.  


Габриел Жесус ќе ја „лапне“ деветката во Арсенал

Бразилскиот фудбалски напаѓач, Габриел Жесус, откако успешно ги помина лекарските прегледи во Лондон, се појави во дресот на Арсенал на стадионот – „Емирати“.

На видеото постирано на социјалните мрежи се гледа дека брзоногиот играч го носи дресот со бројот 9.

Тоа е бројката што досега ја користеше Французинот, Лаказет кој во текот на летотово ги напушти „топчиите“.


Маласија од Феенорд се сели во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед постигна начелен договор со Феенорд за доведување на левиот бек Тајрел Маласија, објави британски Скај.

Се очекува трансферот да изнесува 13 милиони фунти, со бонуси од 1,7 милиони фунти. Договорот треба да содржи и клаузула за продажба.

Според пишувањата на медиумите, Јунајтед сега ќе разговара со агентите на холандскиот дефанзивец, а тоа би требало да биде формалност.

Маласија (22) за тимот од Ротердам настапува од 2017 година, а минатата сезона со Феенорд го играше финалето на Конференциската лига.


Турчинот Челик го менува Лил со Рома

Фудбалерот, Мехмед Челик, го напушти составот на Лил и се пресели во редовите на Рома.

Целиот трансфер е во висина од 7 милиони евра со тоа што францускиот тим ќе добие и одреден процент од наредната продажба на фудбалерот.

Десниот бек е третото ново име кај Римајните кои претходно ги обезбедија услугите на голманот Свилар и на Матиќ.


Кошаркарот Весели се пресели во Барселона

Чешкиот кошаркар Јан Весели својата кариера ја продолжува во екипата на Барселона. 

32-годишниот Весели претходните осум сезони ги помина во турскиот шампион Фенербахче. Тој со тимот од Барселона потпиша договор на три години.

Весели е поранешен играч на Партизан, како и на НБА тимовите Денвер и Вашингтон.


Уапсен кошаркарот на Шарлот, Мајлс Бриџис

Мајлс Бриџис, кошаркар на Шарлот Хорнетс, беше уапсен во средата во Лос Анџелес поради семејно насилство.

Според „ТМЗ Спорт“, односно нивни извори од полицијата, неидентификувана жена побарала болничка помош откако расправија во вторник прераснал во физичка пресметка.

Во текстот понатаму се наведува дека 24-годишниот кошаркар сам се пријавил и си заминал од притвор со кауција од 130 илјади долари.

Бриџис пристигна во НБА пред четири години кога беше избран на 12. место на драфтот од Лос Анџелес Клиперс, кои го проследија во Шарлот.

Во текот на претходната сезона особено се проби, со просек од 20 поени и седум скока по натпревар.


Витиња е првото летно засилување на ПСЖ

Од Париз Сен Жермен соопштуваат дека нов играч на клубот е португалскиот репрезентативец Витиња. Тој во Париз пристигна од Порто и потпиша договор на пет години.

Клубот од Париз не наведува финансиски детали, но медиумите наведуваат дека се работи за трансфер вреден околу 40 милиони евра.

22-годишниот Витиња има запишано три настапи за репрезентацијата на Португалија. Витиња е првото засилување на ПСЖ во овој преоден рок.