feature

Ковид-19 го сопре Кимих, Германецот се враќа дури следната година

Џошуа Кимих, нема да игра на преостанатите натпревари на тимот оваа година. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на клубот.

„Мило ми е што мојот карантин поради коронавирусот заврши. Добро сум, но поради мала инфилтрација на белите дробови се уште не можам да тренирам со полна сила. Со нетрпение го очекувам моето целосно враќање на должноста во јануари“ изјави Кимих.

Германскиот фудбалски сојуз неодамна објави дека неименуван фудбалер бил позитивен на тестот за Ковид-19 и веднаш бил ставен во карантин. Тој нема симптоми на болеста и е целосно вакциниран. Четворица други германски репрезентативци кои беа класифицирани како контактирани и покрај негативните тестови исто така беа ставени во карантин. Меѓу нив беа Карим Адејеми, Џамал ​​Мусиала, Серж Гнабри и Џошуа Кимих.


Тухел го убедил Дембеле да премине во Челзи

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, наводно веќе го убедил Усман Дембеле наредново лето да ја напушти Барселона и да се пресели во Лондон.

Тухел и Дембеле се во добри односи од нивниот заедничкиот период во Борусија Дортмунд и се чини дека шансите за овај трансфер се реални.

Договорот на 24-годишниот Французин со каталонците истекува во Јуни и тој како слободен играч ќе биде баран од многу европски екипи. За негов потпис интерес покажуваат Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Њукасл и Јувентус.


Џанлука Вијали ја купува Сампдорија

Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлука Вијали, би можел да стане нов сопственик на Сампдорија.

Клубот од Џенова остана без газда после апсењето на Масимо Фереро поради што тој си поднесе оставка од местото претседател.

Според италијанските медиуми, популарната Сампа, може да премине во рацете на инвестицискиот фонд  Динан-Виали. Еден од сопствениците на овој фонд е прославениот поранешен играч на Сампдорија и италијанската репрезентација, Џанлука Вијали, кој се обиде да го преземе клубот и во 2019 година.

Легендарниот центарфор во дресот на Сампдорија има одиграно 328 натпревари и постигнато 141 гола, а како репрезентативец на Италија забележа 59 натпревари  и 16 погодоци.

Виали во моментот е дел од стручниот штаб на селекторот Манчини.


Серена Вилијамс ќе го скокне Австралија опен

Седумкратната шампионка на Австралија опен, Серена Вилијамс, одлучи да не учествува на првиот Грен Слем за 2022 година.

„Oва не е лесна одлука, но јас моментално не сум таму каде што треба да бидам, пред се физички, за да се натпреварувам. Мелбурн е еден од моите омилени градови за посета и со нетрпение очекувам да играм во Австралија опен секоја година“, напиша 40-годишната Американка.

Вилијамс е надвор од терените од јуни 2021 година.


Позната следната дестинација на Марсело

Левиот бек на Реал Мадрид, после 13 години си заминува од „кралскиот клуб“.

Неговиот договор со „белите“ од Мадрид истекува на крајот од сезоната и се чини дека ова е вистинското време за промена на средината.

Голем број на извори потврдуваат дека Марсело веќе ја донел одлуката да се врати во родниот Бразил каде ќе заигра за својот поранешен клуб Флуминензе од каде во 2007 замина за Мадрид.

Тој во Реал Мадрид пристигна како замена за Роберто Карлос и успеа да ги освои сите можни трофеи како и три последователни Лиги на шампиони.


Палермо фаворити за домаќинство на натпреварот Италија – Македонија

Бараж натпреварот за пласман на СП 2022 меѓу Италија и Македонија ќе се игра или во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“ или на стадионот „Ренадо Дал Ара“ во Болоња. Овие два града се во трка за организатори на мартовското бараж-полуфинале за настап на Мундијалот во Катар, објавија италијанските медиуми.

Италијансата федерација денеска треба да ја донесе конечната одлука за градот домаќин на мечот. Според Италијанците, фаворит е Пелермо, кој досега 15 пати бил домаќин на натпреварите на „аѕурите“. На стадионот во Сицилија, Италија има скор од 13 победи, едно реми и еден пораз.


Виси настапот на Бензема во мадридското дерби

Реал Мадрид се уште не знае со сигурност дали Карим Бенземан ќе биде на располагање за натпреварот против Атлетико Мадрид овој викенд.

Бензема заработи повреда на мускулот за време на победата над Реал Сосиедад минатиот викенд и не играше на дуелот со Интер. Во моментов Бензема тренира во теретана и според „Мундо Депортиво“ тестовите ќе бидат направени во петок.

Доколку Бензема не е целосно фит, Лука Јовиќ ќе продолжи да го заменува по неколкуте импресивни настапи кои ги имаше неодамна.


Морезмо именуванa за прва дама на Ролан Гарос

Поранешната француска тенисерка Амели Морезмо е нов директор на турнирот во Ролан Гарос, објавија од федерацијата.

Тоа ќе биде за првпат во историјата дама да биде на чело на престижниот Грен Слем. 42-годишната Морезмо е поренашна најдобра тенисерка во светот, а на позицијата доаѓа на местото на Ги Форже кој ќе си замине на крајот на актуелната година.

Досега Морезмо работеше како тренер на неколку тенисери, а меѓу нив беа Енди Мареј и Викторија Азаренка.


РБ Лајпциг официјално има нов тренер

Членот на германската Бундеслига РБ Лајпциг, преку официјално соопштение информира дека за нов тренер на екипата е назначен Доменико Тедеско.

36-годишниот Тедеско е поранешен тренер на Шалке 04 и московски Спартак. Тој ќе ја води екипата на Лајпциг до јуни 2023 година, потврдуваат од клубот.

Доменико Тедеско доаѓа на местото на Американецот Џеси Марш, кој доби отказ по серијата од слаби резултати. Лајпциг е 11-ти на табелата во првенството на Германија со 18 бодови, 16 помалку од лидерот Баерн Минхен. Во Лигата на шампиони го освоија 3. место во групната фаза со што продолжуваат со настапи во Лига Европа.

https://twitter.com/RBLeipzig_EN/status/1468883555468165120?s=20

Вајналдум со можно враќање во Премиер лигата

Жоржињо Вајналдум во повеќе наврати изјави дека направи грешка со неговото заминување во екипата на Париз Сен Жермен и сега би можел повторно да се врати во англиската Премиер лига.

Медиумите во Англија пренесуваат дека е можно ПСЖ да му дозволи на Вајналдум да замине на позајмица, а најголем интерес за негово доведување покажала екипата на Арсенал.

Холанѓанецот би бил огромно засилување за тренерот Артета и неговото искуство би било од голема корист за останатите играчи. Во средниот ред тој би заиграл покрај Парти, а Гранит Џака би останал на клупата.

Вајналдум во тимот од Париз се соочува со огромна конкуренција, затоа што за неговата позиција голем број на играчи, како Верати, Гана, Паредес, Ерера или Данило.

Останува да се види дали тој ќе се избори за место во ПСЖ или заминување на позајмица е пореален избор.