feature

Швајцарецот Шер доби нов двегодишен договор во Њукасл

Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед денеска потврди дека дефанзивецот Фабијан Шер потпиша нов двегодишен договор. Репрезентативецот на Швајцарија беше клучен дел од тимот на Еди Хау оваа сезона, играјќи цели 90 минути во 22 од првите 24 натпревари.

30-годишниот фудбалер пристигна во Њукасл од шпанскиот тим Депортиво Ла Коруња во 2018 година и има 98 настапи за „страчките“ во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола.

„Апсолутно сум воодушевен. Тоа е она што отсекогаш го сакав – да останам овде за да играм за овој неверојатен клуб“, изјавил Шер.


Модриќ до крајот на кариерата во Реал Мадрид

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да ја заврши кариерата во мадридскиот клуб. Според весникот „АС“,36-годишниот играч постигна договор со клубот за продолжување на договорот.

Според изворот, новиот договор ќе биде до летото 2023 година со можност за продолжување на уште една година. Оваа сезона Хрватот одигра 24 натпревари, постигнувајќи  2 гола и 5 асистенции.


Австрија го назначи Ралф Рангник за нов селектор

Ралф Рангник е назначен за селектор на австриската репрезентација, објави официјалниот сајт на Австрискиот фудбалски сојуз.

Рангник ќе ја преземе својата нова позиција на крајот на мај 2022 година. Договорот на Ралф со австриската репрезентација е на две години, но доколку тимот ги мине квалификациите за ЕП 2024, тогаш соработката автоматски ќе биде продолжена за уште две години.

„Многу сме задоволни што успеавме да го доведеме Ралф Рангник, извонреден стручњак во областа на меѓународниот фудбал, за селектор на австриската репрезентација. Сите сме убедени дека тој е идеалниот кандидат и дека неговата визија за фудбалот ќе придонесе за развојот на репрезентацијата“, изјавија Герхард Милетих, претседател на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Ќе потсетиме, сега Ралф Рангник го предводи Манчестер Јунајтед привремено. 63-годишниот германски стручњак го презеде англискиот тим на 3 декември 2021 година. На крајот од сезоната ќе заземе една од позициите во структурата на Манчестер Јунајтед. Претходно беше објавено дека германскиот стручњак ќе може да комбинира две работни места, бидејќи Рангник ќе треба да ги извршува обврските во Манчестер Јунајтед само шест дена месечно.


Кристал Палас го враќа Ван Бисака од Манчестер Јунајтед

Спортскиот портал Атлетик пренесува дека клубот Кристал Палас е сериозно заинтересиран за враќање на десниот бек Арон Ван Бисака од Манчестер Јунајтед.

Дефанзивецот кој е поранешен играч на Кристал Палас, беше доведен во Манчестер Јунајтед од поранешниот тренер Оле Гунар Солксјер за цена од 50 милиони фунти, но во последнава сезона играчот го загуби местото на првотимец. 

Според информациите новиот тренер Тен Хаг нема намера да го спречува играчот доколку сака да ја промени средината. Од Кристал Палас се надеваат дека ќе успеат да го доведат Ван Бисака на позајмица со опција за откуп на договорот.


Каде ќе заврши напаѓачот на Лил – Џонатан Дејвид?

Џонатан Дејвид игра фантастична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

22-годишниот напаѓач е голема желба на Барселона, Милан, Интер, Арсенал и Ливерпул, па на лето сигурно ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Лил има финансиски проблеми и одлучи да гостави напаѓачот на продажба, а за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Неговиот агент, Ник Мавромарас најави дека ја игра последната сезона во Лил, па многу европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.


Ефес обезбеди пласман на Ф4 во Белград

Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес, се пласира на завршниот Фајнал-фор турнир од Евролигата кој ќе се одржи во Белград.

Ефес во четвртфиналната серија го елиминира Армани Милано со вкупен резултат од 3:1. Последниот натпревар заврши со победа од 75:70 за турскиот тим.


Гвардиола инсистира на доведување на Френки де Јонг

Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, објавија медиумите во Англија.

Според истите, за трансферот е заинтересиран лично Пеп Гвардиола. Шпанецот го гледа Френки де Јонг како замена за Фернандињо, кој ќе го напушти тимот на лето. Претходно беше објавено дека интерес за играчот покажал и Манчестер Јунајтед.

Де Јонг (24) му се приклучи на шпанскиот тим од Ајакс во 2019 година. Оваа сезона холандскиот играч од средниот ред има одиграно 43 натпревари на кои постигна четири гола и пет асистенции.


Барса од 2023 година привремено се сели од „Камп Ноу“

Поради реконструкција на „Камп Ноу“, фудбалскиот клуб Барселона ќе ги игра натпреварите на Олимпискиот стадион во сезоната 2023/24.

На официјалната веб-страница на Барселона е објавен планот за реновирање на стадионот кој ќе започне летово.

Третото ниво на стадионот ќе биде срушено во летото 2023 година, а потоа фудбалерите на Барселона ќе се преселат на „Монжуик“.

Овој олимписки стадион е изграден во 1929 година, а неговата реконструкција е извршена во 1989 година, непосредно пред почетокот на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

Приходите од набавка на билети нема да заостануваат, бидејќи „Монтжуик“ прима 60.713 гледачи.

Каталонците во сезоната 2024/25 ќе можат да се вратат на „Камп Ноу“, но на располагање ќе имаат само 50% од капацитетот.


Ралф Рангник станува селектор на Австрија

Како што пренесува Скај Спортс, тренерот на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник ќе биде назначен за селектор на австриската фудбалска репрезентација. 

Сепак, според пишувањата, тој ќе ја задржи функцијата како консултант на тимот од Олд Трафорд со важност до 2024 година.

63-годишниот Германец стана привремен тренер на Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година, а по завршетокот од сезоната неговото место го презема Холанѓанецот Ерик тен Хаг.


Барса спремна да му ги исполни барањата на Левандовски, договорот пред реализација

Синоќа имало состанок меѓу претставниците на Роберт Левандовски и шефовите во Барселона. На него присуствувал и фудбалскиот директор на Каталонците, Матеу Алемани.

На агент Пини Захави му бил понуден договор за Левандовски на 2+1 година.

Барселона посочила дека е подготвена да плати 30 до 35 милиони евра за правата на Левандовски.

Во исто време, Баерн не сака да го пушти напаѓачот за толкава сума и Каталонците сметаат на Лева да го притисне германскиот шампион да дојде до трансфер.