feature

„Шумарите“ го сакаат Патрик Виеира за нов менаџер

Раководството на Нотингем Форест наводно размислува да го отпушти Стив Купер и да го замени со Патрик Виеира како главен тренер на клубот.

Според информациите, раководството на премиерлигашот размислува да го отпушти 43-годишниот Велшанец и да го замени со поранешниот тренер на Кристал Палас.

Нотингем Форест синоќа претрпе пораз од Лидс со 2-1, а клубот моментално е на 17. место во Премиер лигата.


Весли Снајде пак жестоко го критикуваше Душан Тадиќ

Ајакс загуби во големото дерби со Феенорд и практично остана без шанси за титулата во домашното првнество, но последниот кикс против Го Ахед Иглс дополнително ги разгоре критиките во Амстердам, а тука особено до израз доаѓа Весли Снајдер.

Легендарниот играч за врска речиси цела сезона го критикува Душан Тадиќ, но сега посебно жестоко го нападна капитенот, со напомена дека веќе не може да го гледа како игра на теренот.

Ајакс едноставно не е ист тим по заминувањето на Ерик Тен Хаг, неговиот наследниот Шрудер брзо доби отказ, но тимот не бележи прогрес и под водство на Џони Хејтинга.

„Многу го сакам Џон Хејтинга, но за жал повторно гледам моменти како ова да е истиот тим кој го водеше Шрудер. Повторно се прават истите промени, повторно играта се врти околу Душан Тадиќ. Верувајте ми, немам ништо против Србите, имам многу пријатели од оваа земја, но мислам дека е доста. Не можам да го гледам, ако се бараат виновници зошто Ајакс не победува, тој е на врвот. Веднаш би се ослободил од него“, вели Снајдер.

По последниот кикс, Ајакс има осум бода помалку од лидерот Феенорд и јасно е дека одбраната на титулата се претвора во невозможна мисија.


Смолинг и Дибала ја напуштаат Рома на крајот од сезоната

Крис Смолинг би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Договорот на Смолинг истекува на крајот на сезоната, а двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката. Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, како и Интер, па се уште не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

Во слична ситуација е и Пауло Дибала, кој сигурно ќе ја напушти Рома доколку тимот не обезбеди пласман во Лигата на шампиони.

Агентот на Дибала веќе стапил во контакт со неколку европски клубови, а доколку Рома не заврши во Топ 4 тогаш Аргентинецот може да си замине за симболична сума.


Собослај од РБ Лајпциг интересен за Малдини и Милан

Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг, Домоник Собослај.

22-годишниот унгарски репрезентативец игра одлична сезона во Бундеслигата, каде на 24 меча постигна 4 гола и запиша 8 асистенции Милан е во потрага по офанзивен играч за врска бидејќи иднината на Брахим Дијаз е неизвесна, а Де Кетеларе не ги оправда очекувањата.

Собослај е мета на многу европски гиганти, а Пиоли смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Тој има договор со Лајпциг до 2026 година и германскиот клуб за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Како алтернатива се споменува Лазар Самарџиќ од Удинезе, кој игра одлично во Серија А сезонава.


Луис Енрике на преговори со Челзи

Италијанскиот фудбалски новинар Фабрицио Романо објави дека Луис Енрике е во Лондон и преговара со раководството на Челзи за позицијата нов тренер на екипата.

Тимот од „Стенфорд Бриџ“ во моментот е без тренер откако пред неколку дена Греам Потер доби отказ. Медиумите од Англија неодамна објавија дека Енрике наводно изјавил дека посакува да се испроба како тренер во Премиер лигата, и дека сака да замине во клуб кој има големи амбиции.

52-годишниот Шпанец во моментот е без ангажман откако минатата година го напушти кормилото на репрезентацијата на Шпанија после неуспехот на СП во Катар. Во минатото Енрике беше тренер на Барселона, Селта и Рома.


Емери: Можеме да се бориме за пласман во Европа

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, после натпреварот со Лестер изјави дека неговата екипа може да се бори за место кое наредната сезона води во Европа.

Астон Вила вчера забележа победа над Лестер со 2:1 во Премиер лигата и во моменот се наоѓа на седмата позиција на табелата со совоени 44 бода, шест помалку од Манчестер Јунајтед.

„Сега е најважно да бидеме подобри во секој натпревар и да се трудиме да бидеме конкурентни. Ќе пробаме и во следните дуели да задржиме посед на топката и да бидеме ефикасни во завршницата. Можеме да се бориме за место кое води во Европа“, изјави Емери.


Арсенал фаворит за потпис на Деклан Рајс

Даклан Рајс на лето сигирно ќе биде еден од најбараните фудбалери во Премиер лигата, бидејќи играчот одлучи да ја промени средината

.Рајс важи за еден од најбараните англиски фудбалери, клубовите од Манчестер, Челзи и Арсенал покажуваат интерес, а тој сигурно ќе го напушти Вест Хем на лето.

24-годишниот играч за врска одби да го продолжи договорот со Вест Хем, па „чеканите“ ќе мора да го продадат на лето, а за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал важи како фаворит за неговиот потпис, но не сака да понуди повеќе од 80 милиони фунти.


Галагер од Челзи се сели во Ливерпул

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот на Челзи и англиски репрезентативец, Конор Галагер.

Примарна цел на Ливерул на лето ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Клоп е токму Галагер. 23-годишниот англиски репрезентативец оваа сезона добива голема минутажа во Челзи и покажува одлични партии.

Меѓутоа, неговата иднина ќе зависи од новиот тренер и од конкуренцијата која ќе ја има во Челзи.

Челзи не исклучува продажба на Галагер доколку пристигне добра понуда, а Ливерпул е спремен да понуди 50 милиони фунти.


Зидан има две понуди за продолжување на кариерата

Зинедин Зидан на крајот од сезоната ќе го преземе ПСЖ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на „светците“, Кристоф Галтие на крајот од сезоната ќе добие отказ, а на негово место ќе седне Зидан.

„Постојат два клуба кои се опција за Зидан. Колку и тоа изненадувачки да звучи, едниот е Реал. Зидан има одличен однос со претседателот Флорентино Перез. Вториот клуб кој е заинтересиран за Зидан е ПСЖ. Зидан И минатото лето преговараше со ПСЖ“, пишува „Мундо Депортиво“.

Евентуално доаѓање на Зидан во ПСЖ би довело до бројни промени во тимот на шампионот на Франција, а се најавува дека негов прв поголем потег би бил заминување на Нејмар.

Зидан беше тренер на Реал Мадрид од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година, со клубот од Мадрид освои 11 трофеи.


Арсенал нуди трампа Зинченко – Тео Хернандез

Лондонски Арсенал може да го замени украинскиот дефанзивец Александар Зинченко за францускиот фудбалер Тео Хернандез кој игра во Милан, објави „Калчомеркато“.

Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета сака да ја засили позицијата на лев бек на тимот со помош на ангажирањето на Тео Ернандез. „Топџиите“ планираат да му понудат на Милан за францускиот дефанзивец еден од двојката Зинченко или Тиерни и 70-80 милиони евра.

Јасно е дека тешко може Милан да се согласи на таква понуда, бидејќи сакаат да ги продолжат договорите со нивните главни играчи. Александар Зинченко се приклучи на тимот на Арсенал во летото 2022 година, преселувајќи се од Манчестер Сити.Лондонски Арсенал може да го замени украинскиот дефанзивец Александар Зинченко за францускиот фудбалер Тео Ернандез кој игра во Милан, објави „Калчомеркато“.

Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета сака да ја засили позицијата на лев бек на тимот со помош на ангажирањето на Тео Ернандез. „Топџиите“ планираат да му понудат на Милан за францускиот дефанзивец еден од двојката Зинченко или Тиерни и 70-80 милиони евра.

Јасно е дека тешко може Милан да се согласи на таква понуда, бидејќи сакаат да ги продолжат договорите со нивните главни играчи. Александар Зинченко се приклучи на тимот на Арсенал во летото 2022 година, преселувајќи се од Манчестер Сити.