feature

Шкендија се засили со Клисман Цаке од Струга

Актуелниот шампион во македонската Прва лига, екипата на Шкендија ја засили одбраната со доведување на Клисман Цаке од Струга Трим Лум.
Според договорот, 22- годишниот Цаке ќе остане во екипата од Тетово во наредните три и пол години. Пред да пристигне во Македонија, дефанзивецот настапуваше за тимот на Тирана од Албанија.
Шкендија е доста активна на фудбалскиот пазар овој период. Пред трансферот на Цака, тетовчани ги доведоа и Ферхан Хасани, играчот од Бразил, Месалао, како и Михаил Маневски.


ПСЖ му нуди седум милиони годишно на Рудигер

Францускиот ПСЖ е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, чиј договор со лондонскиот клуб истекува летото 2022 година.

Парижаните му нудат на германскиот фудбалер годишна плата од 7 милиони евра, пишува „Фудбал Меркато“. Според изворот, 28-годишниот Рудигер сепак преферира да се пресели во Реал Мадрид и покрај тоа што финансиската понуда на францускиот клуб е поголема. За Рудигер е заинтересиран и Баерн Минхен. Од 1 јануари дефанзивецот може директно да преговара со кој било клуб.

Рудигер му се приклучи на Челзи во 2017 година откако се дојде од Рома. Германскиот фудбалер оваа сезона учествуваше на 27 натпревари, на кои постигна два гола и четири асистенции.


Роберто Карлос одбил неколку понуди да потпише за клуб од Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и на Бразил, Роберто Карлос, изјави дека во текот на неговата кариера можел да игра во Астон Вила, Бирмингем или Челзи.

„Се што требаше да направам е да потпишам договор. Тоа беше единственото нешто што не го направив иако бев многу блиску. Астон Вила во 1993 година, Бирмингем во 1994 година и Челзи во 2007 година. Сакав да играм во Англија, но, не жалам. Играв за Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот. Сега дефинитивно нема да играм во Премиер-лигата, но, секој натпревар го гледам на телевизија“, изјави Роберто Карлос.


Полска му ја нуди селекторската позиција на Славен Билиќ

Полската фудбалска федерација сака да го доведе хрватскиот селектор Славен Билиќ на функцијата селектор на оваа репрезентација, пренесуваат полските медиуми.

Полска остана без селектор кон крајот на минатата година кога португалскиот селектор Пауло Соуза се пресели во бразилски Фламенго. Славен Билиќ неодамна остана без работа, откако го напушти тимот на Пекинг Гуан по завршувањето на сезоната во кинеската лига.

Репрезентацијата на Полска во март ќе игра во бараж натпреварите за Светското првенство во Катар. Полуфиналето ќе го играат на гости кај Русија, а во евентуалното финале противник би им биле Чешка или Шведска.


Барселона со план за доведување на Бразилецот Оскар

Барселона размислува за реализација на интересен и неочекуван трансфер на фудбалскиот пазар со доведување на некогашниот играч на Челзи, Оскар.

од Барселона се надеваат дека до завршувањето на зимскиот трансфер период, ќе успеат да се ослободат од повеќе играчи како би прибрале финансии за доведување на уште неколку засилувања во тимот.

Бразилецот Оскар кој моментално настапува во кинеското првенство за екипата на Шангај, би го пополнил местото на Кутињо кој замина на позајмица во Астон Вила.


Нејмар се врати во Париз

Напаѓачот на Париз Сен Жермен, Нејмар се врати во Франција и се очекува тој да го заврши своето опоравување од повредата во Париз.

Тој претходниов период беше во родниот Бразил каде работеше со членовите на медицинскиот тим на ПСЖ.

Нејмар својата повреда на скочниот зглоб ја заработи на првенствениот натпревар против Сент Етјен , кога при еден груб старт на противнички фудбалер во финишот на мечот мораше на носилки да го напушти теренот.


Барселона го продолжи договорот со Умтити и го регистрира Торес.

Фудбалскиот клуб Барселона го обнови договорот со дефанзивецот Самуел Умтити па тој ќе остане на „Камп Ноу“до 2026 година. 

Иако се очекуваше тој да го напушти клубот, според информациите Барселона не добила доволно добри понуди за негова продажба.

Францускиот дефанзивецсе согласи за намалување на својата плата со што овозможи Каталонците да го регистрираат своето ново засилување Феран Торес кој пристигна од Манчестер Сити.


Клеј Томпсон по пауза од 941 ден повторно настапи за Голден Стејт

Еден од најдобрите играчи и шутери во екипата на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон, по 31-месечна пауза поради повреда се врати на кошаркарскиот терен.

Томпсон одигра одлична партија во победата на Вориорс над Кливленд при што за 20 минути игра успеа да постигне 17 поени, 3 скока и 1 асистенција.

Неговото повторно враќање го израдува целиот тим и стручниот штаб на екипата а посебно навивачите на Вориорс од кои доби огромен аплауз и овации.


Најдобриот фудбалер на Зенит пред потпис со Њукасл

Новите сопственици на Њукасл планираат да испратат понуда до напаѓачот на Зенит, Сердар Азмун, информираат англиските медиуми.

Според наведеното, премиер-лигашот планира да му плати 6 милиони евра на рускиот клуб за да дојде до потписот на искусниот фудбалер кој во сезонава на 21 меч на сите турнири постигна 10 голови и направи 4. асистенции.

Договорот на Иранецот Азмун со рускиот клуб ќе истече на крајот од сезоната. Трансфермаркт ја проценува неговата траснферна вредност на 25 милиони евра.  Азмун го облече дресот на Зенит пред точно две години.


Можен крај на сезоната за Федерико Киеза

Големи се шансите дека фудбалската сезона за Федерико Киеза е завршена откако Јувентус објави дека нивниот напаѓач заработил повреда на лигаментите од левото колено за време на извонредната победа на неговит тим над Рома со 4:3.

Киеза го напушти теренот на стадионот Олимпико во Рим, за време на првото полувреме, а неговиот клуб во соопштението по крајот на натпреварот објави дека над 24-годишниот играч ќе мора да биде извршена операција на предните вкрстени лигаменти.

Од Јуве не соопштија колку долго Киеза ќе отсуствува од терените, но ако се знае колку сериозна е повредата на вкрстените лигаменти, медиумите во Италија веќе ја прогласија неговата сезона за завршена.