feature

Монако и Фабрегас се разделија по три сезони

Монако денеска објави дека се разделува со искусниот шпански фудбалер, Сеск Фабрегас. Договорот на 35-годишниот Шпанец истекува овој месец и нема да биде обновен.

Фабрегас одигра 68 натпревари за Монако откако пристигна од Челзи во 2019 година. Навивачите на тимот ќе го паметат со неговата брилијантна партија против Пари Сен Жермен во ноември 2020 година.

Минатата сезона, поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Барселона му помогна на тимот да заврши на третото место. Сепак, имаше сериозни проблеми со повредите, пропуштајќи ја првата полусезона.


Баерн – Ајнтрахт на стартот на новата сезона во Германија

Баерн Минхен ќе ја започне одбраната на титулата во Бундеслигата со гостувањето кај шампионот во Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт на 5 август.

Во Германија, шампионот го отвора првенството во првиот меч од новата сезона.

Вицешампионот Борусија Дортмунд ќе ја започне кампањата со Баер Леверкузен, кој минатата сезона заврши на третото место, на 6 или 7 август.

РБ Лајпциг ќе започне со гостување кај Штутгарт.

Првиот натпревар помеѓу Баерн (Минхен) и Борусија (Дортмунд) во текот на сезоната ќе се игра во Дортмунд на 7, 8 или 9 октомври, а вториот натпревар во Минхен ќе биде на 31 март 2023 година, 1 или 2 април.

Точните датуми ќе бидат објавени по преговорите со носителите на телевизиските права.


Постигнат договор, Мане се сели во Минхен

Ливерпул и Баерн се договорија за трансферната сума на напаѓачот Садио Мане.

Баварците за фудбалерот ќе платат 41 милион евра. 32 милиони се фиксна сума, 6 милиони ќе предвидени за бонуси за одиграни натпревари а 3 милиони за индивидуалните и тимските достигнувања.

Сенегалецот ги договор личните услови со германскиот тим и ќе потпише договор на три години.


Митревски уште две години верен на Порто

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски, кој беше номиниран за најдобар голман оваа сезона во Лигата на шампионите, ќе остане во дресот на Порто и во следните две сезони.

Како што потврди клубот, тој ја продолжил соработката со „змејовите“ до 2024 година.

Митревски е несомнено еден од најдобрите голмани во Европа во моментов, па Португалците не размислуваа премногу пред да му понудат нова соработка.


Арсенал се засили со Виеира од Порто

Фабио Виеира е нов фудбалер на премиерлигашот Арсенал. Фудбалскиот клуб Порто објави дека изврши продажба на 22-годишниот фудбалер, и дека вкупната вредност на трансферот изнесува 34 милиони фунти. Договорот на Виеира со Арсенал е потпишан на пет години.

Виеира е играч која настапува во средината од теренот, и целата своја кариера досега ја помина во шампионот на Португалија, Порто.

Арсенал до крајот на преодниот рок, сака да го доведе бразилскиот напаѓач Габриел Жезус, како и фудбалерот на Лестер, Тилеманс.


Бисума е нов играч на Тотенхем

Тотенхем ја исполни желбата на тренерот Антонио Конте, и го реализира трансферот на фудбалерот Ив Бисума.

Бисума кој е играч од средината на теренот, во Тотенхем пристигна од екипата на Брајтон каде настапуваше од 2018 година.

 Тој со клубот од Лондон потпиша договор со важност до 2026 година кој е вреден 25 милиони фунти, плус 10 милиони во вид на бонуси.


Брајтон го потпиша Парагваецот Хулио Енсосо

Фудбалскиот состав на Брајтон го привлече Парагваецот, Хулио Енсисо, од Клуб Либертад. Англискиот состав за неговиот потпси  ќе плати 9,5 милиони фунти.

18-годишниот талент потпиша четиригодишен договор. Енцисо имаше силна сезона со Либертад, постигнувајќи 11 гола и 3 асистенции на 14 првенствени натпревари.

Тој дебитираше за репрезентацијата на Парагвај во јуни 2021 година и  има одиграно пет натпревари.


Одредени градовите домаќини на СП 2026

ФИФА ги одреди градовите каде ќе се играат натпреварите на СП во 2026 година. Светското првенство во фудбал во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико, а дури шеснаесет градови ќе ги пречекаат најдобриот светски селекции на Мундијалот, кој за првпат ќе има дури 48 селекции учеснички.

Во Канада тоа ќе бидат Торонто и Ванкувер, во Мексико Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј, а дури единаесет градови од Соединетите Американски Држави: Атланта, Сан Франциско, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њујорк/Њу Џерси, Филаделфија и Сиетл.

Во наредниот период ќе бидат објавени и останатите детали околу одигрувањето на натпреварите од СП во 2026 година.


Ветеранката Серена најавува нов обид да биде најдобра во светот

Серена Вилијамс објави нова објава на социјалните мрежи со која најави дека се чувствува подготвена за да учествува на „Вимблдон“. Отвореното првенство на Велика Британија ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули, а Вилијамс веќе доби „вајлд-карта“ за турнирот на трева во Лондон.

„Работам од утро до мрак. Се чувствувам доволно самоуверена за да се осмелам повторно да бидам најдобра“, напиша Американката, која има седум титули во британската престолнина.

Вилијамс (40) минатата година се здоби со повреда на тетивата на тетивата на мечот од првото коло на Вимблдон против Александра Саснович од Белорусија и оттогаш нема одиграно ниту еден натпревар.


Александар Ѓорѓевиќ ја напушти клупата на Фенербахче

Од турскиот кошаркарски шампион Фенербахче ја потврдија веста дека ја прекинаа соработката со српскиот тренер Александар Ѓорѓевиќ.

Познатиот стратег неодамна со Фенербахче го освои трофејот во турската лига после победата во финалната серија над европскиот шампион Анадолу Ефес.

Според информациите големи се шансите Ѓорѓевиќ да го замени Истанбул со Мадрид, и да биде тренер на Реал.