feature

МЛС лигата го менува системот на натпреварување

МЛС ја објави историската одлука за промена на натпреварувачкиот календар, преминувајќи на систем есен – пролет. Иако придобивките од овој чекор се значителни, лигата ќе се соочи со неколку предизвици кои ќе треба да ги надмине во транзициската фаза, известува Goal.com.

По години на шпекулации и интерни дискусии, МЛС потврди дека од сезоната 2027 натпреварите ќе се одржуваат од крајот на јули до почетокот на мај, со зимска пауза. Трансфер периодите ќе бидат усогласени со останатите делови од светот, а натпреварите повеќе нема да се играат за време на меѓународните репрезентативни паузи.

Ова е голем чекор за лигата која често беше конзервативна. Промената носи и значителни предизвици. Постоечките договори на играчите ќе треба да се изменат, а лигата ќе влезе во директна борба за публика со другите големи американски спортови.

Овој потег претставува кулминација на повеќегодишните стремежи во рамките на лигата. Комесарот на МЛС, Дон Гарбер, призна дека лигата ја одолговлекуваше промената подолго отколку што посакувале. „Повеќе би сакале да си земеме време и да го направиме тоа како што треба, отколку да бидеме брзи и да погрешиме“, изјави Гарбер.

Клучен поттик за промената е Светското првенство 2026 година, кое се смета за историска шанса за развој на фудбалот во Северна Америка. Лигата сака да го искористи тој импулс за претставување на глобалната сцена. Одлуката е донесена по обемни консултации. Според соопштението на лигата, анкета спроведена меѓу навивачите покажала дека 92 проценти од испитаниците ја поддржуваат промената за усогласување со европскиот фудбал.


Челзи спреман да понуди богатство за Хулијан Алварез

Барселона одамна го гледа Хулијан Алварез како идеално засилување за следната сезона. Аргентинскиот напаѓач се наметна како едно од најпосакуваните имиња кај навивачите и раководството на каталонскиот клуб. Но желбата на Барселона би можела да биде многу потешка за реализација.

Во трката се вклучи Челси и тоа со план за огромна инвестиција. Англискиот клуб подготвува понуда од 150 милиони евра за претстојното лето. Со таква сума Атлетико Мадрид тешко дека ќе остане рамнодушен, особено ако се знае дека Алварез беше купен од Манчестер Сити во 2024 година за 95 милиони евра.

Алварез во Атлетико уште еднаш ја покажа својата класа и важи за напаѓач со голема фудбалска интелигенција.

Дополнително има богато искуство од Премиер лигата каде со Сити освои се што можеше. Ако Челси ја конкретизира понудата, битката за неговиот потпис ќе биде една од најголемите теми на летниот преоден рок.


Братот на Килиан Мбапе ќе игра за селекцијата на Алжир?

Фудбалерот на Лил, Итан Мбапе, би можел да биде повикан во алжирската репрезентација, објави „WinWinAfrique“.

Алжирската фудбалска федерација се надева дека ќе го додаде помладиот брат на капитенот на Франција, Килијан Мбапе, во својата репрезентација.

Итан, кој има 18 години, не е повикан во француските младински селекции.

Мбапе помладиот постигна два гола на пет натпревари од француското првенство оваа сезона.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 5 милиони евра.


Де Јонг: Не мора да играм во Премиер лигата за да докажам дека вредам

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, играчот од средниот ред на Барселона, не смета дека треба да се пресели во Премиер лигата за да ја докаже својата вредност.

„Имаше понуди, но јас сум среќен во Барселона. Англиската Премиер лигата е најдобрата лига во светот во моментов, без сомнение, исто како што беше Ла Лига пред десет години. Но, тоа не значи дека мора да одиш таму за да докажеш дека си одличен играч. Барселона е мој сон уште од детството, изјави Де Јонг за „Марка“.

28-годишниот Холанѓанец истакна дека се чувствува ценет во шпанската лига и дека неговото семејство се чувствува многу удобно во Барселона.

Де Јонг е во каталонскиот клуб од 2019 година. Тој одигра 273 натпревари, постигнувајќи 19 гола и 25 асистенции.


Гатусо и Еми Мартинес во јавен спор околу Светското

Gatusso and Emi Martinez arguing

Селекторот на Италија, Женаро Гатусо, предизвика бура реакции со своите коментари околу распределбата на квалификациските места за Светското првенство. Тој оцени дека системот во Јужна Америка, кој обезбедува шест директни места и едно преку бараж, е многу поповолен во споредба со европските квалификации, каде конкуренцијата е далеку пожестока. Според Гатусо, ваквата распределба не ја одразува реалната сила на континентите и ги става европските селекции во потешка позиција.

Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, веднаш му врати на Гатусо, потсетувајќи дека европските репрезентации играат на идеални терени и под стабилни климатски услови. За разлика од тоа, јужноамериканските квалификации често се одвиваат на нерамни терени, во екстремни надморски височини и во средини каде атмосферата е бескомпромисна: „Кој не играл кај нас, не знае колку е тешко“, кажа Мартинес, нагласувајќи дека предизвиците не се само во противникот, туку и во самите услови.

Размената на остри зборови меѓу Гатусо и Мартинес ја оживеа старата расправа за рамнотежата на силите меѓу Европа и Јужна Америка. Додека Јужна Америка се гордее со своите легенди и жестоки квалификации, Европа се истакнува со широката конкуренција и постојани пресметки со врвни селекции. Двете страни тврдат дека нивниот пат до Мундијалот е потежок, а расправата за правичноста во распределбата на местата повторно е во центарот на вниманието.


Клоп ќе работи како ТВ коментатор за време на Мундијалот

По успешната тренерска кариера, која ја замени со работата на раководител на фудбалски операции во Ред Бул, Јирген Клоп повторно ќе биде веднаш до теренот.

Славниот Германец нема да биде на клупата, туку ќе биде стручен аналитичар за платформата „MagentaTV“ за Светското првенство во 2026 година. Истата работа ја работеше за „ZDF“ на Светското првенство во 2006 година и на Европското првенство во 2008 година. За време на Светското првенство во 2010 година, беше ангажиран како стручен коментатор за „RTL“.

Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.

Како тренер, Клоп го воведе Мајнц од втората лига во Бундеслигата, а со Дортмунд двапати беше шампион на Германија и ја водеше до финалето на Лигата на шампионите.

Од 2015 година до крајот на сезоната 2023/24, тој беше тренер на Ливерпул. Во својот мандат, тој му донесе осум трофеи на клубот, вклучувајќи ја и првата титула во Премиер лигата од 1990 година, а во 2019 година го предводеше Ливерпул до трофејот во Лигата на шампионите.


Познати 29 репрезентации кои обезбедија мундијалска виза

Бројот на учесници на Светското првенство во 2026 година полека се зголемува. Од 48-те репрезентации што ќе учествуваат на Светското првенство следното лето, досега се познати 29.

Засега само две се од Европа, Франција и Англија. Вечерва, речиси сигурно ќе им се придружи и хрватската репрезентација, која математички со бод против Фраските острови ќе обебзеди пласман.

Засега, најмногу познати учесници доаѓаат од Африка, девет репрезентации и осум од Азија.

Да споменеме дека меѓу 29-те досега безбедни патници се и три дебитанти: Узбекистан, Јордан и Зелено’ртските Острови.

Извлекувањето на групите за Светското првенство ќе се одржи на 5 декември во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон.

Конечниот список на сите учесници на Светското првенство ќе биде познат дури на крајот на март следната година, кога се закажани дополнителни квалификации во Европа, од кои ќе произлезат последните четири патници.

Кој го обезбеди настапот?

Домаќини: САД, Мексико, Канада

Африка: Алжир, Зелено’ртските Острови, Египет, Гана, Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Сенегал, Јужна Африка, Тунис

Азија: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Узбекистан

Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Европа: Франција, Англија

Океанија: Нов Зеланд


Роналдо ризикува поголема суспензија, ќе скокне натпревари и на Мундијалот

Кристијно Роналдо го доби првиот црвен картон во неговата репрезентативна кариера од 226 натпревари. Тој беше исклучен за време на квалификацискиот пораз за Светското првенство 2026 против Република Ирска (2-0).

Во 60-тата минута, тој ја удри Дарен О’Ши со лакт од фрустрација. Доби жолт картон, а откако судијата ја прегледа снимката, ја смени одлуката и го исклучи Португалецот.

Во моментот кога Роналдо доби црвен картон, Ириците водеа со 2:0, со головите на Трој Парот. Иако петкратниот освојувач на Златната топка е познат по тоа што ги губи нервите низ годините, тој никогаш не добил црвен картон во дресот на националниот тим.

Роналдо сигурно ќе го пропушти последниот квалификациски натпревар против Ерменија во недела, кога доколку не се случи уште една сензација, Португалија треба да го завери пласманот на Мундијалот.

Останува да се види колку ќе трае конечната суспензија, бидејќи може да добие суспензија од три натпревари поради насилно однесување.

Дисциплинските правила на ФИФА налагаат суспензија од „најмалку три натпревари или соодветен временски период за напад, вклучувајќи удирање со лакти, тупаници, шутирање, гризење, плукање или удирање на противник или лице кое не е службено лице на натпреварот“.

Дисциплинската комисија ќе одлучи за неговата судбина. Доколку му биде изречена забрана од три натпревари, Роналдо би можел да ги пропушти првите натпревари на Португалија на Светското првенство следното лето.

Со оглед на тоа што легендарниот напаѓач, кој ќе наполни 41 година во февруари, потврди дека СП 2026 ќе биде неговиот последен голем турнир, тој се надева дека казната ќе биде што е можно поблага.


Мбапе ја напушти француската репрезентација поради воспаление на десниот глужд

Kylian Mbappe looking frustrated in a Real Madrid shrit

Килиjан Мбапе се врати во Мадрид од репрезентацијата на Франција поради воспаление на десниот глужд. По неговиот голем придонес за осигурување на пласманот на Франција на Светското првенство 2026, со двата гола против Украина, Мбапе ќе помине низ дополнителни медицински тестови за да се процени сериозноста на повредата.

Француската фудбалска федерација потврди дека, покрај Мбапе, и Ману Коне и Едуардо Камавинга се вратиле во клубовите поради потребата од третман или одмор. Воспаленитето на глуждот е повторен проблем за Мбапе, кој веќе пропушти неколку натпревари поради истата повреда. Лекарскиот тим на Реал Мадрид ќе го следи внимателно неговото опоравување.

Мбапе е клучен играч за тимот оваа сезона, настапувајќи на сите натпревари под водство на Чаби Алонсо.

Отсуството на Мбапе од претстојниот натпревар на Франција против Азербејџан е веќе потврдено, а навивачите на Реал Мадрид со нетрпение очекуваат негово брзо закрепнување. Иако засега не се пријавени сериозни оштетувања, акцентот е ставен на опоравувањето и управувањето со воспалението на глуждот за да се осигури неговото враќање во најдобра форма за обврските во Ла Лига и Лигата на шампионите.


Мбапе и Камавинга го напуштија кампот на репрезентацијата заради повреда

Француските фудбалери обезбедија пласман на Светското првенство едно коло пред крајот на квалификациите, откако остварија убедлив триумф од 4-0 над Украина.

Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните за пласманот на „триколорите“ на Светското првенство, но во меѓувреме се здоби со лесна повреда.

Станува збор за воспаление на зглобот, а со оглед на тоа што визата за САД, Канада и Мексико е веќе обезбедена, нема потреба најдобриот играч на Франција да се изложува на ризик во натпреварот од последното коло од Групата Д со Азербејџан (недела, 18.00 часот).

26-годишникот веќе се врати во Мадрид, каде што ќе се одмори и ќе ја санира повредата пред да ги продолжи клупските обврски.

Заедно со Мбапе, во Мадрид се врати и Едуардо Камавинга, неговиот соиграч од Реал.

„Камавинга претрпе истегнување на тетивата на левата нога. Мбапе сè уште страда од воспаление на десниот глужд, што бара дополнителни тестови. Тие ќе бидат подложени на нови тестови денес во Мадрид“, се вели во соопштението на Француската фудбалска федерација.