Германскиот фудбалски репрезентативец Марко Ројс поради повреда која ја заработи пред некој период дефинитивно нема да настапува на претстојниот Мундијал во Катар.
Капитенот на Борусија Дортмунд поради повреда не настапуваше и на СП во 2014 година кога Германија стана Светски шампион. Тој исто така го пропушти последното Европско првенство.
Отсуството на Марко Ројс со сигурност ќе биде хендикеп за селекторот Ханси Флик при изборот на фудбалери за нападот во репрезентацијата.
Џејмс загуби надеж, нема да игра на Мундијалот заради повреда
Десниот бек на Челзи, Рис Џејмс , поради повреда, нема да добие повик од селекторот на Англија, Герет Саутгејт и нема да настапи на Светското фудбалско првенство во Катар од 20 ноември до 18 декември, најавија медиумите на Островот.
Менаџерот на „Три лава“ утре ќе го објави составот во кој ќе го нема 22-годишниот Џејмс кој не можеше навреме да се справи со повредата на десното колено.
Тоа го потврди денеска и менаџерот на Челзи, Греам Потер. Џејмс има 15 натпревари за репрезентацијата на Англија.
Дест, Мекени и Пулишиќ ги предводат Американците на Мундијалот
Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави за првпат по осум години се враќа на Мундијалите, па селекторот на оваа репрезентација, Грег Берхалтер веќе го стокми списокот од 26 играчи на кои ќе смета на првенството во Катар.
Во последната листа се најдоа и голманот на Арсенал, Мет Тарнер, дефанзивецот на Милан, Сержињо Дест, играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени и Кристијан Пулишиќ од Челзи.
Американците премиерата ќе ја имаат на 21 ноември против Велс.
НОМВРИ МЕСЕЦ НА ЕДУКАЦИЈА ЗА женското и машкото ЗДРАВЈЕ
Вработените се најголемото богатство за една компанија!
Затоа Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и КС Сервис како опшествено
одговорни фирми кои се грижат за нивните вработени, спроведоа едукативно предавање кое
се одржа на две теми: Канцер на дојка и Канцер на
матка.
Предавањето се одржа на 09.11.2022 во Голд Фелиција, каде што професорите проф. д-р Горан
Димитров, проф. Д-р. Нино Васев и проф. д-р. Гордана Ристевска – Димитровска,
кои се врвни експерти на бројната публика им дадоа едукација и препораки за зачувување на женското здравје.
Професорите д-р Горан Димитров, проф. Д-р. Нино Васев посочија кои се првите се знаци и симптоми на канцер, како до
рано откривање , превенција и стадиуми на канцер.
Проф. Д – р.Гордана Ристевска – Димитровска зборуваше
за психолошкото здравје на личноста
како многу важен сегмент за тоа како
да се преживее и живее со канцер, и како да се справат психички сите кои
се соочуваат со ваков проблем.
Беше изработена и посебена брошура
со информации кои што секоја жена треба да ги знае, за тоа како се прави
самопреглед за рано откивање на ракот на
дојка. Во прилог имаше месечен календар за евиденција
на самопреглед на градите со цел
да се поттикне иницијатива жената
да биде подговорна и да ја зголеми
самосвеста за сопственото здравје.
Тројцата експерти донесоа
едносгласен заклучок дека клучно
е да се прават редовни прегледи, најмалку еднаш годишно, бидејќи раното
откривање и следење на промените може да спасат живот.
Затоа и препораката гласи: Грижете
се навремено за вашето здравје затоа што живот значи.
Вработените беа многу задоволни и посочија дека добро е кога работодавачот
се грижи за нивното здравје.
Елена Трајчевска – како главен
организатор на овој едукативен настан посочи
Ние не застануваме тука, така што крајот на месец Ноември ќе го заокружиме со едукативно предавање за мажите (Мовембер)
Ние сме компанија која што секогаш ќе се грижи за здравјето на своите вработени
и тука сме секогаш да организираме настани од ваков тип со цел да ја зголемиме
свесноста за здравјето на нашите вработени.
Нејтан Џонс е нов тренер на Саутемптон
Англиските медиуми ја потврдија веста дека премиерлигашот Саутемптон за нов тренер на екипата го назначи Нејтан Џонс.
49-годишниот Џонс претходно го водеше тимот на Лутон, а со Саутемптон ќе потпише долгорочен договор. Тој на клупата на англискиот клуб ќе го замени Австриецот Хазенхитл кој беше отпуштен во понеделникот после слабите резултати во оваа сезона.
Саутемптон во моментот го зазема 18.место во Премиер лигата со освоени 12 бода, и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Дидие Дешамп го соопшти списокот со фудбалери за Катар
Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, го соопшти списокот со 25 играчи кои ќе настапат на Светското првенство во Катар.
Селекторот на Франција која е бранител на титулата од последното СП во Русија, на списокот патници наместо дозволените 26, одбра 25 фудбалери. Поради многубројните повреди со кои се соочува селекцијата на Триколорите, Дешамп во тимот го повика и 36 годишниот напаѓач на Милан , Оливие Жиру. Поради повреди меѓу другите ќе отсуствуваат Пол Погба и Нголо Канте.
Рис Џејмс го пропушта Светското првенство во Катар
Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, поради повреда нема да настапи на Светското првенство во Катар.
После разговорот со селекторот на Англија, Гарет Саутгејт, е одлучено дека Џејмс не е доволно опоравен после повредата на коленото која ја доби минатиот месец за време на натпреварот помеѓу Челзи и Милан во ЛШ. Бекот на клубот од Лондон последниов период имаше интензивна рехабилитација во Дубаи, но сепак нема доволно време за целосно закрепнување од повредата.
Според информациите, 22-годишниот Џејмс е длабоко разочаран од одлуката но во исто време ја разбира ситуацијата во која се наоѓа селекторот Саутгејт.
Англија на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Иран, САД и Велс.
Понуда за Ливерпул вредна 5 милијарди долари од инвеститори од Дубаи
Англиски и арапски медиуми ја пренесуваат веста дека фудбалскиот клуб Ливерпул би можел да добие нови сопственици за пет милијарди долари.
Инвеститори од Дубаи кои се обединети во фондот „Дубаи Интернешнл Капитал“ планираат да ја понудат наведената сума на актуелните сопственици на Ливерпул, ФСГ, и да го преземат мнозинскиот пакет на акции на клубот од Енфилд.
Богаташите од Дубаи беа на прагот од купување на Ливерпул и во 2007.година, но тогаш нивната понуда од 360 милиони долари не беше прифатена, но сега се надеваат дека нивната желба ќе биде исполнета.
Асенсио незадоволен од понудата на Реал за нов договор
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Марко Асенсио е незадоволен од понудата на клубот за нов договор. Како што е познато, актуелниот договор на играчот истекува на лето, а постојано се појавуваат различни информации во врска со желбата на играчот да остане или да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Во моментов како што стојат работите повеќе е веројатна втората варијанта.
„Реал се обидува да ја намали платата на Асенсио. Тој моментално добива 5 милиони евра по сезона, но клубот сака тој повторно да потпише со пониски параметри, наместо да вклучи неколку бонуси кои се активираат под одредени услови. Сепак, Асенсио не е задоволен со овој предлог, а истото важи и за неговиот агент Жорж Мендеш“, открива новинарот Едуардо Инда.
Левандовски ризикува суспензија од три натпревари
34-годишниот полски напаѓач во екипата на Барселона Роберт Левандовски може да ги пропушти следните три средби на својата екипа во шампионатот на Шпанија по инцидентот на натпреварот од 14. коло со Осасуна (2-1). Ова го објавија медиумите во Шпанија.
Како што е наведено во официјалниот записник од средбата, откако доби втор жолт картон, а како резултат на тоа беше исклучен во 31. минута од играта, Роберт Левандовски, напуштајќи го теренот, покажал непристоен гест кон судијата, кој се состоеше во тоа што Полјакот го крена прстот до носот, а потоа го покажа кон судијата.
Според изворот, прописите на натпреварувањето предвидуваат евентуална дисквалификација за Роберт Левандовски до три натпревари, кои ќе се одиграат по Светското првенство во Катар – 2022 година.