feature

Вајли одличен, но остана без финале во ЛШ

Џејкоб Вајли имаше желба, одигра одличен меч, но Касадемонт Сарагоса немаше доволно сили и енергија да го реалкзира во целост комплетниот камбек во дуелот со Пинар Каршијака.
Вајли и соиграчите се вратија од голем резултатски минус во кој влегоа уште во првата четвртина од полуфиналето од ФИБА Лигата на Шампионите, против тимот од Измир (17:29). Одиграа одлично по големиот одмор. Се вратија со (27:14) во третата четвртина. Поведоа со (60:57), но не издржаа.
Турскиот тим имаше подобар финиш во кој стигна до победа (84:79) и историско финале.
Македонскиот репрезентативец беше и најкорисен играч во составот на Касадемонт Сарагоса. Како стартер, одигра 32 минути. Собра 24 индексни поени до кои дојде со 21 реализиран поен, имаше и четири скока, две загубени и една освоена топка за тоа време поминато во полуфиналето во Арената во Нижњи Новгород.


И покрај елиминацијата, Артета не размислува за отказ

Микел Артета предводникот на Арсенал нема намера да замине од клубот според неговата изјава за медиумите.
Арсенал беше елиминиран од Виљареал во Лигата на Европа, откако не успеа да слави во реваншот, одигра само 0:0 и не ја надополни негативата што ја имаше од првиот меч, па англискиот тим прв пат после 26 години се соочува со можност следната сезона да не се појави во ниедно европско натпреварување.
„Не се работи за зборови, тоа треба да го покажеме на теренот. Секогаш сме под притисок бидејќи сакам да дадам се од себе за екипата, за поддршката која ја имам од навивачите. Ова е разочарување, бидејќи се обидувавме да се пласираме во финале. Мислам дека сечија работа е под лупа“, изјави Артета.
Според оваа изјава Артета не размислува за отказ и е подготвен уште долго да го предводи Арсенал.


Евротип предлог тикет – Сабота 08.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 35 коефициент:

Лидс Јунајтед – Тотенхем ГГ, 3+
Двете екипи имаат потреба од бодови, а со смената на менаџерот во Тотенхем, двата клуба се стремат и кон офанзивен фудбал. Затоа очекувам отворен натпревар и многу голови. Тешко е да се прогнозира победникот, па подобра опција е типот на натпревар кој се очекува.

Ливерпул – Саутемптон 1-1, 3+
Уште постојат шанси за „црвените“ да се изборат за пласман во Лигата на шампионите и Саутемптон нема ни квалитет, не е ни во форма да им парира на момците на Клоп. Очекувам лесна и убедлива победа на Ливерпул.

Лион – Лориент 1, 1+ПП & 1+ВП
Победата над Монако го врати Лион во живот и се очекува екипата на Руди Гарсија да ја искористи шансата која му се укажува. Квалитетот е на страната на домашната екипа, Депај е во одлична форма, а и Токо-Екамби се покажа како големо засилување. Нема дилеми, бодовите ќе останат во Лион.

Интер – Сампдорија 1-1
Иако шампинската титула е осигурана и сите во Интер може да здивнат, сепак натпреварот е славенички и сите сакаат да бидат дел од славјето. Победата е најреална опција, а и ривалот, кој е безбеден на средината на табелата, е по мерка.

Хофенхајм – Шалке 04 1-1
Шалке 04 веќе испадна од лигата и последните натпревари од елитата ќе ги игра со шаренолик состав. Тоа е шансата Хофенхајм лесно да излезе на крај со последно пласираната екипа на табелата. Предвидувам многу голови и домашна победа.


Лаутаро Мартинез призна дека бил на чекор до Барса

Лаутаро Мартинез призна дека бил блиску до трансфер во Барселона. За медиумите Лаутаро откри дека на таа тема разговара ли со Лионел Меси, сепак на крајот донел одлука да остане во Интер. „Вистина е, бев многу блиску до трансфер во Барселона. Дури го побарав и Меси, разговаравме на таа тема“. Причината поради која го сменил мислењето биле финансиските проблеми во Барселона. „Финансиските проблеми кои Барселона ги имаше во тоа време ме предомислија. На крајот одлучив да останам во Интер, а од денешна гледна точка тоа се покажа како правилна одлука. Посебно затоа што го освоивме Скудетото“, оизјави Лаутаро.


Драконска казна за фудбалер на Пиза заради расизам

Фудбалерот на Пиза, Микеле Маркони доби суспензија од 10 натпревари за навреда на расна основа против играчот на Киево, Џоел Оби, во натпревар од Серија Б (2-2). Инцидентот се случил на 22 декември минатата година. По првото рочиште во март, Маркони беше прогласен за невин, но потоа се појавија нови докази, што доведе до промена на одлуката. Киево претходно издаде соопштение во кое тврди дека Маркони во разговорот со Оби спомнал за „бунт на робовите“. Ова го потврди и самиот нигерискиот фудбалер кој настапува за клубот Верона.


Мурињо го сака Матиќ како прво засилување во Рома

Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, кој на крајот на сезоната ќе го преземе кормилото на италијанската Рома, планира да купи неколку атрактивни засилувања во текот на летниот преоден рок.
Прв на неговиот список е играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој ја нема посакуваната минутажа на стадионот – „Олд Трафорд“.
Познато е дека „римската волчица“ има добри односи со англискиот состав што значи дека нема да има никакви пречки да се оствари желбата на Мурињо. 32-годишниот Матиќ има договор со Јунајтед до летото во 2023 година.


Азар, Иско и Марсело ставени на трансфер листа во Реал Мадрид

Реал Мадрид на лето ќе прави голема реконструкција на тимот, а некои од актуелните ѕвезди ќе бидат ставени на продажба. Шпанските медиуми пренесуваат дека меѓу нив ќе биде и Еден Азар. Белгиецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100 милиони евра плус бонуси, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да го продаде Азар за 50 милиони евра, што е помалку од половина од сумата која ја платија „кралевите“ за него.
На продажба исто така се ставени Иско и Марсело, кои оваа сезона се во втор план кај Зидан и клубот веќе им ја отвори излезната врата.


Лазаров: Максимално на секој натпревар на ЕП

Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, вели дека ќе се оди чекор по чекор на средбите со Словенија, Данска и Црна Гора, кои ќе ни бидат противници во првата групна фаза на Европското првенство во 2022 година.
„Ќе се подготвуваме максимално и на секој натпревар ќе одиме на победа. Прочитав дека Никола Митревски рекол ако играме како што умееме, не е значајно кој ќе ни биде ривал. Тоа многу ми се допаѓа“ – вели нашиот селектор-играч Лазаров.
Македонија првата групна фаза ќе ја игра во Дебрецен.


Сити и Челзи тргнаа по Левандовски, тука е и ПСЖ

Роберт Левандовски би можел да го напушти Баерн Минхен ова лето, јавува ЕСПН. За 33-годишниот полски напаѓач, освојувач на наградата за најдобар фудбалер на светот во 2020. година, интерес владее кај Челзи и Манчестер Сити. Левандовски има договор со Баерн до 2023. година и германскиот првак за него бара 60 милиони евра. Левандовски претходно тврдеше дека кариерата ќе ја заврши во Баерн, но интересот од Премиерлигата би можел да го натера да го промени мислењето. Во Челзи го сакаат Левандовски по тешката дебитантска сезона на Тимо Вернер во Лондон, а Сити во него гледа наследник на Серхио Агуеро, кој по 10 години си заминува од Манчестер. Интерес за Левандовски покажува и ПСЖ, но до тој трансфер би дошло само доколку Мбапе го напушти Париз. Левандовски сезонава има постигнато 36 погодоци во Бундеслигата и е блиску до рекордот на легендарниот Герд Милер кој во сезоната 1971/72 постигна 40 погодоци.


Сите учесници на ЛОИ во Токио ќе се вакцинираат

Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ соопштија денеска дека склучиле меморандум за разбирање со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за донација вакцини против коронавирус за спортистите и делегациите од сите земји учеснички на претстојните Олимписки игри во Токио. Двете компании ќе ги „координираат своите активности со националните олимписки комитети ширум светот“, а првите испораки на нивната вакцина ќе започнат на крајот од мај. Имунизацијата не е задолжителна за учесниците на Олимпијадата во Токио, но МОК ги поттикнува националните комитети да ги вакцинираат своите спортисти. „Оваа донација вакцини е уште еден инструмент во спектарот мерки претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Токио да бидат безбедни за сите учесници и, во исто време, ја покажува нашата солидарност со нашиот домаќин Јапонија“, изјави претседателот на МОК, Томас Бах. Се очекува околу 11.000 спортисти да настапат на ОИ во јапонската престолнина од 23 јули до 8 август.