feature

Интер го става Лаутаро Мартинез на трансфер листа

Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, пренесува „Газета дело Спорт“.

Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра.

Лаутаро оваа сезона  не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Клубот од Милано бара најмалку 80 милиони евра за својата ѕвезда, па останува да видиме дали некој клуб ќе ја понуди таа сума.


Атлетико Мадрид се соочува со проблеми поради повредите на Феликс и Лемар

Од Атлетико Мадрид соопштуваат дека Жоао Феликс и Томас Лемар се здобија со повреди и се надвор од тимот. 

Сериозноста на повредите не се познати во целост, па ќе треба подетални прегледи од медицинскиот тим пред да се направи точна проценка колку долго ќе мора да паузираат.

Повредите на Португалецот и Французинот доаѓаат во важен момент од сезоната за Атлетико, бидејќи клубот до крајот на сезоната ќе се бори за место во топ 4, односно учество во Лигата на шампионите следната година.


Клоп: Натпреварот со Манчестер Јунајтед е од огромна важност

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, го опиша дерби дуелот со Манчестер Јунајтед како натпревар од големо значење, во кој на „Енфилд“ се сретнуваат два од најголемите клубови во светот. 

Доколку Ливерпул успее да слави победа, ќе биде на врвот на табелата најмалку 24 часа, додека со победа,Манчестер Јунајтед би се израмнил со Тотенхем во битката за четвртото место.

“Кога се објавува програмата за сезоната, ова е еден од првите натпревари што ги проверувам. Голем, огромен натпревар помеѓу два од најголемите клубови во светот. И овој пат натпреварот е исклучително важен за двата тима. Ќе бидат интензивни 90 минути. Мора да се погрижиме да ги задржиме бодовите на Енфилд. Очекуваме Салах повторно да почне да постигнува голови , а играта во врвот на нападот одлично му прилега на Садио Мане, изјави Клоп на пресот во пресрет на дербито.


Стигна потврда околу можното купување на гигантот Милан

Амбасадата на Бахреин во Лондон официјално потврди дека преговорите за купување на италијанскиот гигант Милан се во тек.

Неполни 48 часа по првите гласини и веста дека калчолигашот Милан ќе добие нови сопственици што ја пренесоа францускиот весник „Л`Екип“ и агенцијата Ројтерс, дојде и официјална потврда во која се вели: „Фондот Инвесткорп од Бахреин е во ексклузивни преговори за купување на Милан и за таа цел понуди 1,1 милијарда долари. 

Инвсткорп е основан во 1982 година, и има голем обем  на активности и управување со средства  во висина од над од 42 милијарди долари ширум светот.


Ракитиќ: Судењето против Реал беше на наша штета

Хрватскиот играч за врска во Севиља, Иван Ракитиќ, изрази разочарување од поразот на неговиот тим од Реал Мадрид, со оглед на тоа што домаќините на пауза водеа со 2:0, а на крајот мечот го загубија со 2:3. Поранешниот играч на Барселона не пропушти да се пожали на делењето на правдата од страна на главниот судија на дуелот. 

Ракитиќ отворено го изрази своето незадоволство од судијата кој не го исклучи Камавинга за прекршокот врз Антони Марсијал.

„Исклучувањето на Камавинга ми изгледа многу јасно. Немам поим зошто судијата не му додели картон за таков прекршок. Мислам дека судењето беше против нас “, изјави Ракитиќ.


Баерн отпиша купување на Халанд, сака да го задржи Левандовски

Полските медиуми неодамна објавија информација дека Роберт Левандовски усно се договорил со Барселона и дека од следната сезона треба да се пресели од Минхен во Каталонија. Оливер Кан, генералниот директор на Баерн изјави дека нема да прифати евентуално заминување на најдобриот клупски стрелец.

Баерн ненадејно испадна од Лигата на шампионите во четвртфиналето. Виљареал беше подобар, а со оглед на бодовната предност во Бундеслигата, клубот полека почна да се подготвува за следната сезона.

Левандовски не е задоволен од понудата што ја има од клубот за продолжување на соработката, а наводно веќе и „намигнал“ на Барселона за да почне да го подготвува трансферот.

„Роберт Левандовски до денешен ден има важечки договор со Баерн за уште една сезона по оваа. Сакаме тој да остане со нас што е можно подолго. Малку сме загрижени, гледајќи ги неговите години. Затоа се оди побавно отколку што би сакале“, откри Оливер Кан во интервју за телевизијата Спорт1.


Легендата Сунес смета дека Јунајтед треба да го продаде Погба

Греам Сунес се изјасни против останувањето на Пол Погба во Манчестер Јунајтед. Според него, останувањето на Французинот на „Олд Трафорд“ е грешка во чисто фудбалска смисла.

„Ако му понудат нов договор, тоа е само за да вратат барем дел од вложените 89 милиони фунти за негово привлекување, што е рекорд за трансфер во Велика Британија. Се сомневам дека некој го сака во својот тим во позадина на неговите советници. Сите ривали на Манчестер Јунајтед сакаат Погба да остане. Тоа кажува доволно“, вели Сунес.

„Понекогаш се прашувам што повеќе го интересира – следбениците на Инстаграм или што се случува на теренот. Пол е контроверзна личност. Пред да биде вратен во Манчестер Јунајтед, дали некој воопшто го праша Сер Алекс Фергусон зошто го пушти да си замине? Очигледно најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата имаше причина, но никој не го користи неговото искуство“, додаде легендата.


Ромањоли на радарот на Лацио, потписот веќе договорен

Лацио ја доби битката за потписот на капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, пренесуваат медиумите на Апенините.

Договорот на Ромањоли со Милан истекува на крајот на сезоната, а двете страни од поодамна ги прекинаа преговорите за продолжување на соработката.

Милан веќе го договори трансферот на Свен Ботман од Лил, кој треба да биде замена за Ромањоли.

Според последните информации Ромањоли кариерата ќе ја продолжи во Лацио, клуб за кого навива од дестсвото бидејќи е роден во Рим.


Сити заинтересиран за Рафаел Леао од Милан

Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. Според информации од Италија, скаутите на клубот веќе преговараат за можен трансфер со агентот на фудбалерот, Жорж Мендеш.

Италијанскиот клуб не е подготвен да се раздели со својот млад напаѓач и ќе бара најмалку 70 милиони евра за негов трансфер. Милан му понудил на Леао и продолжување на договорот до 2026 година со зголемување на платата до 4,5 милиони евра.

Леао (22) е во Милан од 2019 година кога се пресели во тимот од Лил.


Ливерпул заинтересиран за Калвин Ремзи од Абердин

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е заинтересиран за десниот бек на Абердин, Калвин Ремзи.

„Црвените“ го гледаат 18-годишниот Шкотланѓанец како резерва на позицијата која сега ја покрива Трент Александер-Арнолд. Доколку биде ангажиран Ремзи, тимот би можел да го напушти Неко Вилијамс, кој моментално игра како позајмен играч за Фулам.

Во сезоната 2021/22, Ремзи постигна 1 гол и даде 9 асистенции во 31 натпревар за Абердин. Неговата вредноста се проценува на 600 илјади евра.