feature

Милан во Ренато Санчез гледа наследник на Кеси

Челните луѓе во италијанскиот гигант Милан, ќе се насочат кон доведување на Ренато Санчез од Лил, доколку преговорите со Франк Кеси дојдат до мртва точка.

Во моментов преговорите на „росонерите“ со менаџерот на Кеси се во застој бидејќи играчот инсистира на плата од 9 милиони евра, додека Милан останува на својата понуда од 6,5 милиони евра.

За Португалецот Санчез кој имаше одлична сезона во францускиот Лил со кого успеа да стане и шампион на Лига 1, е заинтересиран и лондонски Арсенал.


Жозе Мурињо ја засилува Рома со Мејтланд-Најлс од Арсенал

Фудбалскиот клуб Рома е блиску до доведување нa Ејнсли Мејтланд-Најлс, кој настапува за Арсенал.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, одлично ги познава квалитетите на 24-годишниот играч и се надева дека реализацијата на трансферот ќе се случи многу брзо. 

Наводно, понудата на клубот од Италија би била Мејтланд-Најлс да пристигне во екипата од Рим како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа да биде откупен за 10 милиони евра.

Доколку играчот ја засили Рома, тој би бил третиот Англичанец во тимот на Мурињо, после Крис Смолинг и Теми Абрахам.


Новак Џоковиќ избран за најдобар европски спортист

Тенисерот  број 1 во светот, Новак Џоковиќ, е избран за најдобар спортист во Европа.

Изборот го вршат 64 новински агенции од Европа, а е организиран од Полската национална агенција.

За Џоковиќ ова е четврт пат како го добива престижното признание. Претходно тој беше победник на изборот во 2011, 2015 и 2018 година. 

Тој наградата ја доби со 172 поени, а зад него на листата се најдоа Роберт Левандовски со 133 поени и Ф1 шампионот, Макс Ферстапен со 125 поени.


Реал Мадрид планира продажба на Бејл и Иско оваа зима

Шпанскиот весник „Марка“ информира дека Реал Мадрид има намера во јануари да продаде неколкумина свои играчи. Меѓу нив најчесто споменувани се Иско и Герет Бејл. Договорите на двајцата играчи со клубот од Мадрид истекуваат во летото 2022 година.

Останати фудбалери кои можат да се најдат на листата за јануарска продажба се Марсело, Маријано Дијаз, Лука Јовиќ и Еден Азар.

Од Реал Мадрид доаѓаат информации дека се отворени за разгледување на понуди за овие играчи.

„Кралскиот клуб“ со евентуална продажба на наведените фудбалери би собрал доволно финансии за летната трансфер кампања со која се планира доведување на нови засилувања во екипата.


„Пеналџијата“ Жоргињо сруши рекорд на Џерард

Играчот од средината на теренот во екипата на Челзи, Жоргињо, постигна два гола од пенал при победата на неговиот тим над Астон Вила со 3:1, во рамките на 19.коло од Премиер лигата.

Репрезентативецот головите ги постигна во 34. и 93.минута од натпреварот и со десет голови од пенал реализирани во 2021 година, тој го собори рекордот на легендарниот Стивен Џерард кој за Ливерпул во 2014 година постигна 9 голови од белата точка.


95 од 100 најдобри светски тенисери се вакцинирани

Вакцинирани против коронавирус се вкупно 95 од 100 најдобро рангирани светски тенисери, изјави првиот човек на АТП Тур, Сајмон Хигсон.

Извршниот директор на АТП Тур наведе на Твитер дека само пет играчи од Топ 100 најдобри не примиле вакцина против Ковид-19, без да го наведе нивниот идентитет.

„Нашите најнови бројки за првите 100 (тенисери) се 95 отсто“, напиша Хигсон на својот Твитер профил.

Прашањето околу вакцинирањето во светскиот тенис стана тема број еден со наближувањето на Грен-слем турнирот Австралија Опен на кој тенисерите за настап мораат да бидат вакцинирани.


Рангнинк: Марсијал ми најави дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник потврди дека 26-годишниот француски напаѓач сака да си замине од клубот.

„Ентони ми објасни дека е во Манчестер Јунајтед седум години и веќе чувствува дека е дојдено време за да направи промена. Можам да го разберам. Од она што го знам, додека немало понуди за него. Се додека нема интерес, тој ќе работи со тимот“, изјави Рангник.

Во редовите на Манчестер Јунајтед Марсијал дојде во 2015 година од Монако за сума од 60 милиони евра. Сезонава за Јунајтед Марсијал настапи на 10 натпревари и постигна еден гол.


Њукасл му нуди богатство на Осман Дембеле

Њукасл сериозно размислува да го ангажира напаѓачот на Барселона Осман Дембеле. Од Њукасл се подготвени на францускиот напаѓач да му понудат добра парична понуда за да дојде во тимот како слободен играч следното лето, објави „Мундо Депортиво“.

Според истите информации, Њукасл подготвува договор за 24-годишниот Дембеле со плата од 15 милиони евра по сезона, како и 15 милиони евра како бонус за потпис. Се наведува дека условите на Њукасл се подобри од оние на Барселона.

Дембеле оваа сезона имаше две асистенции во пет натпревари од шпанското првенство. Неговата пазарната вредност се проценува на 50 милиони евра.


Кристијан Пулишиќ заминува од Челзи?

Англиските медиуми ја пренесуваат информацијата дека постои можност Кристијан Пулишиќ да го напушти неговиот сегашен клуб Челзи.

23-годишниот Американец, пристигна во тимот од Лондон во 2019 како огромно засилување од Борусија Дортмунд. Меѓутоа од неговото доаѓање па до сега тој со своите игри не успеа да се наметне како кандидат за првата екипа. Тренерот на Челзи, Томас Тухел има голем број на играчи кои настапуваат на истата позиција со Пулишиќ, кои добиваат поголема минутажа на теренот од него. Поради оваа причина, играчот има план да прејде во клуб каде би бил стандарден играч со редовни настапи.

Наводен интерес за купување на Кристијан Пулишиќ покажуваат тимови од Бундеслигата како и италијанските великани Милан и Интер.


Аталанта се засилува со Бога од Сасуоло

Италијанскиот калчолигаш Аталанта ќе го засилува тимот со доведување на играчот Џереми Бога од Сасуоло.

34-годишниот африкански играч од средината на теренот одлично би се вклопил во играта и тактиката на тренерот Гасперини, и се очекува тој да биде од голема корист во борбата на Аталанта за задржување при врвот од табелата во Серија А.

Џереми Бога е поранешен играч на лондонски Челзи, а неговите одлични игри во Сасуоло очигледно ја зголемија и неговата вредност на пазарот. Неговиот трансфер во екипата од Бергамо би изнесувал приближно 22 милиони евра.