feature

Де Брујне: Сега сме само на половина пат до финале

Манчестер Сити со пресврт го победи ПСЖ 2-1 на „Паркот на Принцовите“, го отвори патот кон финалето, но Кевин Де Брујне кој реализираше еден гол смета дека ништо не е готово.
„На полувремето се договоривме да играме повеќе со топката, побрзо да стигнеме до зоната од каде можеме да бидеме опасни, морам да кажам, ова е само половина пат до финалето, не очекува реванш, ништо не е готово“ – изјави Де Брујне.
Де Брујне беше еден од најдобрите индивидуалци на теренот во Париз и еден од најзаслужните во тимот на Пеп Гвардиола за направениот пресврт и големата победа против ПСЖ на гостински терен.


Милан бара уште еден фудбалер на Лил ова лето

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил.
Станува збор за 22-годишnниот крилен напаѓач, Иконе кој оваа сезона има постигнато 7 гола и запиша 7 асистенции. Иконе е спремен на лето да ја промени средината, а миланскиот гигант веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 25 милиони евра.
Интерес за Иконе покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата, но тој е блиску до договор со клубот од „Сан Сиро“.


Вториот најдобар стрелец во Франција бира помеѓу Барса и Јуве

Мемфис Депај, напаѓачот на Лион и во моментот втор стрелец во француското првенство, веќе некое време го договара својот трансфер во Барселона, каде повторно би работел заедно со Роналд Куман, со кого соработуваше во холандската репрезентација.
Депај сезонава постигна 18 погодоци за Лион, со кој има договор до крајот на оваа сезона. Неговите контакти со Барселона се во тек уште од минатата година, а финансиската криза е причина што каталонскиот клуб сега нуди двојно помалку од она што го нудеше минатата година.
Депај и Барселона веќе имаа неколку состаноци на темата негово доаѓање во клубот, но сега се замеша и Јувентус, кој исто така има желба да го доведе. Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и Алваро Мората би можеле да го напуштат клубот од Торино на крајот од сезонава, а Јувентус е во потрага по играчи кои би замениле некој од овие тројца.
Холандскиот напаѓач би можел да пристигне бесплатно, што е прилика која би сакале да ја искористат и во се уште актуелниот италијански првак.


„Кралевите“ по секоја цена го сакаат Пау Торес

Примарна цел на Реал Мадрид на лето ќе биде засилување на одбраната, без разлика дали Рамос ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Како што пренесува доброинформираната „Марка“, прв на листата желби на „кралевите“ е дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес.
24-годишниот Торес е шпански репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Откупната клаузула на играчот на „жолтата подморница“ е 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа цена преку преговори.


Кое е најдоброто напаѓачко трио според Пеп Гвардиола?

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред дуелот со ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите имаше пофални зборови за Нејмар.
„Се сеќавам кога гледав видео исечоци од Нејмар додека беше тинејџер и си мислев ова е крал на Сантос. Да останеше Нејмар во Барселона, ќе освоеја уште два или три трофеи во Лигата на шампионите. Меси, Суарез и тој беа најдобри во офанзивата. Никогаш не сум видел таква напаѓачка тројка.“ – вели поранешниот тренер на Барселона.
„Сепак Нејмар одлучи да замине во ПСЖ и тоа не е лоша одлука. ПСЖ е добар клуб, а Париз убав град. Јас сум обожавател на Нејмар, тој е играч кој го подобрува фудбалот. Му посакувам што помалку повреди.“
Се осврна и на Килијан Мбапе.
„Млад е и тој е иднината на светскиот фудбал. Впрочем, тој е веќе светски првак. Ме импресионира како Халанд, го гледам и си велам себеси: Неверојатно! Колку голови даваат, со каква брзина.“ – заклучи Пеп.


Покетино пред Сити: Ќе биде тешко, но подготвени сме

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурисио Покетино изјави дека неговиот тим го очекува тежок дуел со Манчестер Сити во рамки на Лигата на шампионите.
„Ние сме мирни. Знаеме дека ќе мора многу да се бориме за да победиме еден фантастичен тим како Манчестер Сити. Ќе биде тешко и ќе мора да играме најдобро што можеме.”, рече Покетино на прес-конференцијата.
Аргентинецот зборуваше многу за Сити и тренерот Пеп Гвардиола.
„Мислам дека Сити е еден од најголемите тимови во светот со, исто така за мене, најдобриот тренер. Дали ќе биде потешко отколку против Баерн? Не знаеме.”, рече Покетино.
Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ПСЖ и Сити го играат вечерва од 21. часот во Париз, а најголемата понуда за овој натпревар ќе ја најдете на www.evrotip.mk.


Колку публика ќе биде дозволена на Вимблдон годинава?

Организаторите на тенискиот турнир Вимблдон излегоа со неколку информации во врска со организацијата на Грен Слем турнирот оваа година. Најпрво, Вимблдон е планиран да се одржи од 28. јуни до 11. јули.
Капацитетот за седење на трибините ќе биде најмалку 25% и ќе зависи од препораките на Владата, како и од можното олеснување на ограничувањата по 21 јуни.
„Се надеваме дека 25 отсто е минималниот процент што можеме да си го дозволиме. Што повеќе љубители на тенисот треба да присуствуваат на нашите натпревари. Финансиската страна на турнирот е исто така важна“, вели Сали Болтон, извршен директор на турнирот.
Минатата година натпреварот не се одржа за првпат од 1945. година, а титулите последен пат во 2019-тата ги освоија Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп.


Камавинга ќе потпише за Баерн, а не за Реал Мадрид

Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
18- годишниот играч за врска веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но последните информации се дека е на чекор од трансфер во Баерн Минхен.
Камавинга со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“ и дебитираше за француската репрезентација.
Приоритет на Баерн Минхен во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а веруваат дека Камавинга ќе биде идеално решение.


Македонија носител во ждрепката за претквалификациите за СП во кошарка

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација денес ќе ги дознае ривалите за претквалификациите за Светското првенство во 2023 година. На ждрепката, нашиот национален тим ќе се најде како носител заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска.
Како можни ривали во претквалификацискиот дел се репрезентациите на Романија, Данска, Австрија и Швајцарија од вториот и Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка од третиот шешир.
Пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните две селекции од секоја од четирите групи.


Извлечени двојките од полуфиналето на Лига Европа во ракомет

Вчера во седиштето на ЕХФ во Виена, беа формирани полуфиналните двојки за премиерното издание на Европската ракометна лига.
Полскиот состав Висла Плок кој е единствен што доаѓа надвор од Германија, за противник ќе го има Магдебург додека во вториот меч ќе играат бундеслигашите, Рајн Некар Левен и Фуксе Берлин.
Така наречениот Ф4 турнир во Лигата на Европа ќе биде одигран од 22 до 23 мај во германскиот град Манхајм.