feature

Новогодишниот хуманитарен базар во Голд Фелициa

По повод новогодишните празници под организација на КС Групацијата изминатата Недела се одржа Новогодишениот хуманитарен базар во просториите на Голд Фелициа.
Програмата на Новогодишниот базар беше направена од различни активности во кои дечињата навистина уживаа. Новогодишната работилница беше под раководство на Весела Богдановиќ – соработник од ОУ “Кочо Рацин” од Општина Могила.

Децата му пишуваа честитки на Дедо Мраз, правеа шеќерна шума, ги бараа разликите, плетеа кукле, шалче и белегзија, сложуваа сложувалка и уште многу други игри.
За радоста да биде уште поголема ги посети Дедо Мраз со неговите помошници и ги израдува со пакетчиња.

Додека децата се забавуваа, возрасните уживаа во греено вино и ракија, топол чај, вкусно печени костени. Под мотото “Дегустирај и донирај” се собираа средства во поставените кутии.

Оваа слика за да биде комплетна, како опшествено одговорни компании ја поддржаа Голд Фелициа, Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Витаминка, Далвина, Колид, Краш, Агро Леска, Сандеј, Даути, Прилепска Пивара, Фреш ап, Пеар Натурал, Здраужение “Галоп”.
Но, највредни беа вработените на цела КС Групација кои вредно ја поставија целата слика да изгледа како бајка .

Средствата кои беа собрани од овој базар, како и продуктите кои беа донирани од нашите вработени, ќе бидат подарени на семејствата на кои им се најпотребни.
КС Групацијата и во иднина ќе продолже со организација на хуманитарни настани.


Фенербахче ја раскинува соработката со Алиоски

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче донел одлука предвреме да ја прекина соработката со македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.

Според информациите од турските медиуми, најверојатно Алиоски ќе се врати во саудискиот клуб Ал Ахли од каде фубалерот пристигна на позајмица во Фенербахче.

 Претходно беше планирано клубот од Истанбул на крајот од сезоната целосно да го откупи договорот на Алиоски, меѓутоа во меѓувреме се случи пресврт во намерите, и челниците на популарниот Фенер, се решија да ја прекинат соработката со македонскиот интернационалец.


Верати доби договор до 2026 година во ПСЖ

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати го продолжи договорот со францускиот клуб до 2026 година. Ова го соопшти прес-службата на тимот.

Верати дојде во ПСЖ од Пескара во 2012 година. За десет сезони во Париз учествуваше на 398 натпревари, постигна 11 голови и даде 48 асистенции. Претходниот договор на 30-годишниот Марко Верати со ПСЖ беше со важност до јуни 2024 година. На 15 натпревари од францускиот шампионат, тимот освои 41 бод и води на табелата.

Претходно беше објавено дека спортскиот директор на парижаните, Луис Кампос, е во преговори за продолжување на договорот со уште неколку играчи – Серхио Рамос, Лионел Меси, Маркињос и Преснел Кимпембе.


Бускетс се предомисли, ќе игра за Барса и догодина

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, наводно, се стреми кон потпишување нов договор со клубот -и покрај стравувањата дека ќе замине како слободен играч на крајот на сезоната и ќе се пресели во САД во тамошната МЛС лига.

Шпанецот во моментов е играч со најдолг стаж во тимот и капитен на клубот, но неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Тој веќе го објави своето повлекување од репрезентацијата на Шпанија по Светското првенство, а некои луѓе во клубот сметаа дека тој најверојатно ќе си оди и од Барселона.

Но, сега ситуацијата „радикално се промени“ по разговорите со неговиот менаџер Чави. Според „Мундо Депортиво“ по Нова година Бускетс ќе седне со раководството и ќе ги разгледа опциите за уште едногодишно останување во Каталонија.


Симеоне: Атлетико има одличен тим, проблемот е во мене

Тренерот на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, на конференцијата за новинарите пред продолжението на сезоната, изјави дека одговорноста за подигнување на нивото на екипата е негова.

„Имаме одличен тим кој го сочинуваат четворица финалисти на Светското првенство. Многумина од овие играчи се освојувачи на шампионатот со Атлетико Мадрид. Во мене е проблемот за моменталната состојба на тимот“, порачува Симеоне.

Атлетико во вториот дел од сезоната во шпанската Ла Лига влегува како петтопласиран тим на табелата со освоени 24 бода.


Моријасу доби нов договор како јапонски селектор

Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација, Хаџиме Моријасу, ќе остане на функцијата до Светското првенство во 2026 година, потврдија челниците на федерацијата.

Неговата селекција имаше сензационални победи против Германија и Шпанија на Светското првенство во Катар и успеа да стигна до осминафиналето.

Моријасу ќе биде првиот селектор на „самураите“ што ќе се појави на два последователни Мундијала.


Џејмс од Челзи поради повреда ќе паузира еден месец

Одбранбениот фудбалер на Челзи, Рис Џејмс, поради повреда ќе отсуствува од терените еден
месец, соопштуваат од лондонскиот клуб.
Џејмс на натпреварот против Бурнмаут ја обнови повредата на коленото поради која го пропушти
настапот на Светското првенство во Катар.
Медиумите во Англија пренесуваат дека Челзи е заинтересиран за доведување на хрватскиот
репрезентативец Јосип Јурановиќ, кој би бил замена за Џејмс во наредниот период.


Бускетс се предомисли, ќе игра за Барса и догодина

BARCELONA, SPAIN – JANUARY 21: Sergio Busquets of FC Barcelona looks on during the Copa del Rey match between Cornella and FC Barcelona on January 21, 2021 in Barcelona, Spain. Sporting stadiums around Spain remain under strict restrictions due to the Coronavirus Pandemic as Government social distancing laws prohibit fans inside venues resulting in games being played behind closed doors. (Photo by Pedro Salado/Quality Sport Images/Getty Images)

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, наводно, се стреми кон потпишување нов договор со клубот -и покрај стравувањата дека ќе замине како слободен играч на крајот на сезоната и ќе се пресели во САД во тамошната МЛС лига.

Шпанецот во моментов е играч со најдолг стаж во тимот и капитен на клубот, но неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Тој веќе го објави своето повлекување од репрезентацијата на Шпанија по Светското првенство, а некои луѓе во клубот сметаа дека тој најверојатно ќе си оди и од Барселона.

Но, сега ситуацијата „радикално се промени“ по разговорите со неговиот менаџер Чави. Според „Мундо Депортиво“ по Нова година Бускетс ќе седне со раководството и ќе ги разгледа опциите за уште едногодишно останување во Каталонија.


Џејмс од Челзи поради повреда ќе паузира еден месец

Одбранбениот фудбалер на Челзи, Рис Џејмс, поради повреда ќе отсуствува од терените еден месец, соопштуваат од лондонскиот клуб.

Џејмс на натпреварот против Бурнмаут ја обнови повредата на коленото поради која го пропушти настапот на Светското првенство во Катар.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Челзи е заинтересиран за доведување на хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ, кој би бил замена за Џејмс во наредниот период.


Гакпо официјално претставен во Ливерпул

Досегашниот фудбалер на ПСВ, Коди Гакпо, пристигна во Ливерпул каде ќе ја продолжи својата
кариера, откако претходно двата клуба постигнаа договор околу трансфер на играчот.
23-годишниот холандски репрезентативец во својот нов клуб ќе заигра на почетокот на зимскиот
преоден рок, и неговиот договор ќе биде со важност до 2028.година.
„Ливерпул е одличен клуб за мене, и јас сум навистина возбуден што ќе играм тука. Со нетрпение
го чекам стартот на тренинзите и настапите за овај славен клуб“, изјави Гакпо.
Коди Гакпо имаше одличен настап на Светското првенство во Катар, каде за Холандија постигна
три гола, а минатата сезона во ПСВ постигна девет гола и запиша 12 асистенции.