feature

Во ПСЖ се размислува за доведување на Лукаку

Францускиот вицепрвак Париз Сен Жермен во текот на летниот преоден рок размислува да го доведе напаѓачот на Челзи Ромелу Лукаку. 

Според медиумските информации, ПСЖ очекува да се раздели со напаѓачот Килијан Мбапе бидејќи неговиот договор истекува на лето и поради оваа причина Парижаните ќе бараат нов голгетер.

 Белгиецот оваа сезона постигна 12 гола и забележа две асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања. Неговиот договор со Челзи истекува во 2026 година, но на почетокот на сезоната тој јавно објави дека не е среќен во тимот и не е исклучена можноста тој да побара заминување од Лондон.


Џорџ Клуни е заинтересиран за купување на Дерби Каунти

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни е заинтересиран да го купи англискиот клуб Дерби Каунти. Тимот кој настапува во Чемпионшип е во големи проблеми од самиот старт на првенството кога поради финансиски проблеми им беа одземени 21 бода.

Сепак, екипата предводена од тренерот Вејн Руни е на осум бода од зоната за спас, а до крајот на сезоната остануваат уште седум кола. 

Клуни пред неколку години започна преговори за купување на шпанскиот клуб Малага, но тогаш договорот пропадна.

„Дерби е голем фудбалски клуб кој има фантастична историја и сигурен сум дека ќе има голема иднина. Знам дека во последно време има проблеми, но во овие околности е очигледно дека и играчите на теренот и навивачите ја играат одлично својата улога. Мојот интерес за фудбалот секако порасна во последните години. Пред некое време ме прашаа дали сакам да се приклучам на група која сака да ја купи Малага. Тоа беше возбудлива перспектива, но на крајот пропадна. Можеби поседувањето фудбалски клуб е возбудлива работа и не ја отфрлам можноста да бидам дел од некој клуб во иднина“, изјави Клуни.


Меси најави крај на своите настапи за Аргентина

Ѕвездата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Лионел Меси, најави крај на својата репрезентативна кариера.

Тој во изјава после победата од 3:0 над Венецуела кажа дека многу работи ќе се променат за него после Светското првенство во Катар.

„Не знам што ќе правам по Светското првенство. Размислувам за она што претстои. По Катар ќе треба да проценам многу работи“, изјави Меси.

Запрашан дали ќе продолжи да го носи дресот на својата репрезентација и следната година, Меси рече: „Не знам, вистината е дека не знам. Размислувам за тоа што доаѓа наскоро, натпреварот со Еквадор во вторник и контролите во јуни и септември. Се надевам дека ќе поминат на најдобар начин. Едно е сигурно, по завршувањето на Светското првенство многу работи ќе се променат“, потенцира Меси.


Бешикташ назначи нов тренер

Турскиот фудбалски гигант Бешикташ, го именува Валеријан Исмаел за нов тренер на тимот. Исмаел е трето тренерско име во клубот од Истанбул оваа сезона.

Тој на клупата ќе го замени Ондер Каравелија кој по само два месеци доби отказ од клубот. Причината се поразите во последните четири натпревари на екипата.

Договорот на Исмаел со Бешикташ е со важност до јуни 2023 година.


Ѓоковиќ сепак оди на УС Опен??!

Ерик Адамс, првиот човек на градот донесе одлука – се укинува наредбата според која на невакцинирани спортисти им беше забрането да учествуваат на натпревари во тој град!

Таа одлука е донесена пред се поради играчите на њујоршки тимови во различни спортови, но јасно е дека од сето тоа може да има корист Новак Ѓоковиќ, кој под тие услови би можел да се најде на УС Опен.

Но, од друга страна, оваа одлука не му ја отвори докрај вратата на Новак Ѓоковиќ за учество на турнирот во Њујорк, а причината е што се уште е невозможно да се влезе во САД за лица кои не се вакцинирани.

Од таа причина, првиот рекет во светот ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами, па Дубаи му беше единствениот турнир досега оваа календарска година. Останува да се види како ќе се разреши сагата со УС Опен, но ова секако е добар почеток за српскиот тенисер.


Диего Симеоне го бара Лаутаро Мартинез

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, побарал од  раководството на клубот да направи обид и да го ангажира напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Како можна препрека за реализација на овов трансфер е високата цена од 60 милиони евра, која Атлетико би требал да ја плати за 24-годишниот Аргентинец. Самиот Мартинез, кој неодамна го обнови договорот со Интер до 2026 година, е подготвен да го напушти клубот бидејќи не се чувствува доволно вклучен во проектот на тренерот Инзаги.

Интер не ја исклучува неговата продажба, бидејќи планира да го ангажира Пауло Дибала од Јувентус како слободен играч, како и доведување на двоецот од Сасуоло, Фратези и Скамака.


Жиру се доближи до рекордот на Тиери Анри

Напаѓачот на Франција, Оливие Жиру стигна на четири гола од рекордот на француската легенда Тиери Анри, по бројот на постигнати голови во дресот на репрезентацијата.

Жиру беше стрелец при победата на Франција од 2:1 над Брегот на Слоновата Коска, во пријателски натпревар кој се одигра во Марсеј.

Во моментов напаѓачот на Милан во дресот на Франција има постигнато вкупно 47 гола, додека Анри останува на врвот со дадени 51 гол.

Жиру стана и вториот француски репрезентативец кој постигнал гол во националниот дрес на возраст од над 35 години. 


Мурињо го враќа Паредес во Рома

Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, сака да го ангажира 

играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Леандро Паредес.

Аргентинецот не стартер кај францускиот состав и може да се врати во “римскиот клуб за кој играше  од 2014 до 2017 година.

Договорот на Паредес со Пари Сен Жермен истекува во 2023 година. Единствен проблем во целата ситуација може да биде високата годишна плата на Паредес од 8,5 милиони евра.


Тен Хаг веќе го планира стручиот штаб на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг, има намера да  донесе на Олд Трафорд како помошник една од иконите на „црвените ѓаволи“.

Тоа ќе се случи доколку во текот на летото го преземе Манчестер Јунајтед како што се шпекулира последниве денови. Имињата кои се поврзуваат со него се Робин ван Перси, Руд ван Нистелрој и Јан Стам. Нистелрој е помошник тренер во ПСВ Ајндховен а Робин ван Перси во Феенорд.

Стам има најдолг стаж како тренер, па дури има искуство и во Англија кога го водеше Ридинг во периодот од 2016 до 2018 година. Тој е моментално без работа.


Баерн Минхен плати 300 илјади евра за 13-годишен талент

Екипата на Баерн Минхен го доведе 13-годишниот напаѓач Мајк Виздом од Борусија Менхенгладбах. Тој ќе игра за тимот во категоријата до 15 години.

Тимот од Минхен за трансферот плати 300.000 евра.Напаѓачот важи за огромен талент, а Баерн го скаутирал веќе година и пол.

Спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах ги критикуваше постапките на Баварците. „Ваквите постапки не се корисни за германскиот фудбал. Тоа е одвратно. “