Серхио Агуеро ќе го напушти Манчестер Сити, ова беше потврдено и од „граѓаните“ пред неколку недели. Сега прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата. Се поврзуваше Агуеро во изминатиот период со повеќе клубови. Најмногу со Барселона, а тука беа уште Јувентус, Челзи, Тотенхем…Сега од англиските медиуми има и едно изненадување. Наводно, клубот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, Лидс сака да се обиде да го доведе Аргентинецот. Според информациите тренерот на Лидс, Марсело Биелса најмногу инсистирал на ваков трансфер.
Евротип предлог тикет – Недела 11.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 27 коефициент:
Шефилд Јунајтед – Арсенал 2 Неиграњето на Одегард остави сериозна трага врз „топџиите“ и не блескаа во организацијата и реализацијата против Славија. Норвежанецот нема да игра и во Шефилд, но Пепе и Обамејанг ќе добијат шанса од првата минута. Секој резултат освен победа на клубот од Лондон ќе биде големо изненадување.
Лион – Анжер 1-1 Збрката на врвот на табелата му дава шанса и Лион да се надева на титулата. Формата на момците на Руди Гарсија не е во нагорна линија и тоа загрижува пред гостувањето на Анжер на „Групама Стадиум“. Сепак, индивидуалната класа на Депај, Палета, Токо-Екамби треба да дојде до израз.
Интер – Каљари 1, 3+ Интер има десет победи по ред, па победува и кога игра добро, но и кога има проблеми. Со Каљари низ минатото се соочувал со грижи, но овојпат формата на клубот од Сардинија е очајна, не помогна многу ни тренерската смена, па бодовите треба да останат на „Сан Сиро“.
Бетис – Атлетико Мадрид 2 Суарез се повреди на тренинг и нема да игра три недели. Тоа е уште еден тежок удар за Симеоне по поразот од Севиља пред една недела. Но, Бетис не е Севиља и екипата на Пелегрини ќе мора да одговори во одбраната ако сака да остане непоразена. Очекувам реакција и три бода за лидерот.
Виљареал – Осасуна 1-1 Иако акцент фрла на Лига Европа, екипата на Унаи Емери има идеална шанса за лесни три бода против Осасуна, пред возвратниот дуел со Динамо Загреб. Не се очекуваат големи промени, ротацијата нема да биде комплетна и бодовите треба да останат на „Естадион де ла серамика“.
Италијанските гиганти го сакаат Жоржињо ова лето
Плејмејкерот на Челзи, Жоржињо ова лето би можел да се врати во Серија А, откри неговиот агент. Агентот Жоао Сантош откри дека трите најголеми италијански клуба го сакаат Жоржињо и ќе се обидат да го донесат ова лето. „Жоржињо би бил среќен да се врати во Италија. Тој има договор со Челзи на уште две години, но наскоро ќе има преговори за продолжување на договорот. Во моментов неговата цена е 50 милиони евра. За него интерес покажува Јувентус, но и Милан и Интер. Сепак, не знам дали Челзи е спремен да го пушти“, откри агентот.
Кејн поставил услови за да остане во Тотенхем
Хари Кејн на крајот на оваа сезона би можел да го напушти Тотенхем. Пред неколку недели се појавија шпекулации дека Кејн ова лето има желба да ја промени средината. Веќе неколку сезони наназад англискиот репрезентативец е прва ѕвезда, но сега се шпекулира дека тој сака кариерата да ја продолжи кариерата во екипа која ќе се бори за трофеи на европска сцена. „Скај Спорт“ денес објави дека Кејн ќе донесе одлука во зависност од исходот на актуелната сезона. Наводно, Кејн ќе замине ако клубот не обезбеди настап во Лигата на шампионите за следната сезона. Во овој момент Тотенхем е шести на табелата со три бода помалку од Вест Хем кој е четврти на позицијата која води во ЛШ.
Сколс: Само два клуба може да си го дозволат Халанд
Пол Сколс е една од големите ѕвезди која по крајот на играчката кариера е доста актуелен со своите анализи, коментари на актуелните фудбалски теми, а една таква дефинитивно е Ерлинг Халанд и неговата иднина во Борусија Дортмунд. Норвежанецот има дадено 49 голови на 51 натпревар за Дортмунд и многумина сметаат дека по крајот на оваа сезона си заминува од Германија. Се споменуваат клубови од Англија, Шпанија, но според Сколс реалноста е дека можат само две екипи да го платат-тоа се Манчестер Јунајтед и Челси. „Мислам се работи за тоа кој клуб може да го плати, нема многу клубови кои можат тоа да го направат. Мислите на Реал и Барселона, вревата што се прави, ама веројатно тие не можат да ги платат тие пари. Манчестер Сити исто не сака да ги даде тие пари, ама Гвардиола скоро и да не игра со „деветка“ во нападот“, смета Сколс.
Одегард се повреди, ќе скокне неколку важни натпревари
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека фантастичниот Мартин Одегард поради повреда ќе мора да пропушти уште неколку натпревари во Премиер-лигата на Англија. „Не знаеме што точно се случува, има повреда. Не беше во можност да игра, ќе биде во аут уште неколку натпревари. На еден сигурно а може и на повеќе. Не знаеме колку точно ќе отсуствува од терените“ , изјави Артета. Екипата на Арсенал во текот на викендот ја очекува гостување кај Шефилд Јунајтед. Мечот ќе биде одигран в недела во вечерниот термин.
Јуве го нуди Дибала за да го добие Икарди
Италијанскиот гигант Јувентус контактираше со ПСЖ за да разговараат за потенцијална размена на играчи. Станува збор за Аргентинците Пауло Дибала и Мауро Икарди. Истиот извор тврди дека од Јувентус планираат наскоро да се сретнат со сопругата и личниот агент на поранешниот напаѓач на Интер Икарди – Ванда Нара. Мауро Икарди беше поврзуван со трансфер во Јувентус како играч на Интер, но заврши во Париз. Иднината на Дибала во Јувентус не е многу јасна, а неговиот договор со клубот истекува на 30 јуни 2022 година. Јувентус најверојатно ќе се обиде да го продаде Дибала ова лето доколку не потпише нов договор со клубот, бидејќи во спротивно ризикуваат да го загубат без никакво обештетување по крајот на следната сезона.
БК Вардар единствен македонски претставник во регионалната лига во бокс
Во Сараево денеска беше официјализирана регионалната лига во бокс со учество на осум клубови од Македонија, Србија, Хрватска, Бих, Црна Гора и Словенија. Македонија ќе ја претставува БК Вардар, нашиот тим е во група со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора) Во првото коло кон крајот на мај, Вардар ќе ја пречека Лозница во Скопје додека Железничар е домаќин на Црногорски Соколи. Во групата Б ќе бидат: Црвена Ѕвезда, Марибор, Хрватски Витези и Радник. Претседателот на БФМ, Примислав Димовски, изјави дека е ова голем проект, со огромно значење за регионот и особено македонскиот бокс.
Евротип предлог тикет – Сабота 10.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 16 коефициент:
Манчестер Сити – Лидс Јунајтед 1+ПП, 3+ „Граѓаните“ ја имаат титулата в џеб, а можат да ротираат колку што сакаат пред натпреварот во Лигата на шампионите во Дортмунд. Победата во нормални услови нема да е доведена во прашање, но овојпат добра опција е и тип за натпревар со многу голови.
Кристал Палас – Челзи 2 Поразот од Вест Бромвич е заборавен и Челзи играше мудро и на резултат против Порто. Сега нема да го повторат истиот кикс од минатата недела и во лондонското дерби се големи фаворити против Кристал Палас. И традицијата им е сојузник со екипата на Хоџсон.
Стразбур – ПСЖ 2 Ниту ротацијата која ја најави Почетино не е изговор и ПСЖ со било кој тим да излезе треба да го победи Стразбург. Право на грешка нема, посебно по поразот од Лил. Икарди, Кин, Паредес ќе се вратат во стартниот тим и верувам дека ќе го совладаат тимот од северна Франција.
Штутгарт – Борусија Дортмунд ГГ, 3+ Борусија Дортмунд нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона ако продолжи со ова темпо. Победата во Штугарт е императив, а пак ќе недостига Санчо. Терзиќ најави дека нема премногу да ротира, па победа е реална опција. Сепак, Борусија и постигнува и прима голови и 3+ добар тип.
Атлетик Билбао – Алавес 1 Уште еден баскиски дуел за „лавовите“ по двата натпревари со Реал Сосиедад. Во мислите на Атлетик Билбао е следното финале на Купот на Кралот, но не смеат до него да дојдат со серија порази. Алавес го смени тренерот, игра во лоша форма и како аутсајдер доаѓа на „Сан Мамеш“.
Зидан го изостави Азар за „Ел Класико“ дуелот со Барса
Зинедин Зидан го објави списокот од 19 играчи на кои ќе смета на денешното „Ел Класико“ против Барселона. Времето на започнување на натпреварот е 21:00 часот. Белгискиот интернационалец Еден Азар не е меѓу избраните од страна на тренерот, иако денес тренираше на исто ниво со соиграчите. Најверојатно, тимот не сака да брза со неговото враќање во игра, за да не доведе до нова повреда на Белгиецот. Можеби ќе биде подготвен за реваншот со Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Другите отсутни, очекувано, се тројцата дефанзивци, капитенот Серхио Рамос, Рафаел Варан и Даниел Карвахал.