Напаѓачот на Аталанта и репрезентацијата на Колумбија, Дуван Запата проговори за неговиот омилен клуб во англиската Премиер лига. „Може ли да бидам во англиската Премиер лига во иднина? Во фудбалот, никогаш не кажувај никогаш. Кога бев дете, секогаш ја гледав Премиер лигата. Од детството бев навивач на лондонски Арсенал. Секоја недела станував рано за да ги гледам нивните натпревари во живо (временската разлика помеѓу Колумбија и Велика Британија е 6 часа). Бев вљубен во Арсенал кога Тиери Анри играше за нив. Во Колумбија, ја сакаме англиската Премиер лига. Кој знае, можеби некогаш ќе можам да играм таму“, изјави Запата за „Газета дело Спорт“. Дуван Запата игра за Аталанта од летото 2018 година. Неговиот договор со тимот од Бергамо важи до 30 јуни 2023 година, а неговата вредност се проценува на 38 милиони евра.
Интер бара 120 милиони евра за Лукаку
Милански Интер се наоѓа во сериозни финансиски проблеми и на лето ќе мора да продава најмалку една своја ѕвезда, пренесува „Кориере дело Спорт“. Најбараниот фудбалер од „нероаѕурите“ е Ромелу Лукаку, кој е на радарот на Манчестер Сити и Реал Мадрид. Весникот тврди дека Интер нема да се противи на неговата продажба, но само доколку пристигне понуда од 120 милиони евра. „Нероаѕурите“ го доведоа Лукаку од Манчестер Јунајтед за 80 милиони евра во 2019 година, а Белгиецот на 85 меча постигна 59 гола.
Јуве и Јунајтед подготвуваат трампа Рабио-Ван де Бек
Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на Дони ван де Бек да биде вклучен во преговорите со Јувентус за Адриен Рабио. „Црвените ѓаволи“ веќе долго време се интересираат за членот на француската репрезентација, Сега од Манчестер Јунајтед повторно го гледаат овој играч и ќе се обидат да го земат во својот состав на лето. Според информациите, Јунајтед е подготвен да понуди директна размена на играчи испраќајќи го Дони ван де Бек во Торино, а Рабио да се пресели на „Олд Трафорд“. Холанѓанецот никогаш не можеше да покаже својот потенцијал по неговиот трансфер од Ајакс минатото лето. Тој доби неколку шанси за настап, бидејќи досега има одиграно само 16 натпревари во текот на сезоната. Се чини дека тој не е меѓу фаворитите на Оле Гунар Солскјер, кој е подготвен да се раздели од него.
Јуве не се откажува од Милик, Полјакот сака назад во Италија
Јувентус останува заинтересиран за 27-годишниот напаѓач на Наполи, Аркадиуш Милик кој е на позајмица во францускит Марсеј. Ова го објави „Фудбал Италија“ повикувајки се на информцијата на „Л’Екип“. Пред да се приклучи на Марсеј, Милик потпиша нов договор со Наполи до 2022 година, така што Наполи не го пушти играчот да оди бесплатно следното лето. Во исто време, Марсеј го зеде напаѓачот на позајмица 18 месеци со задолжителна откупна клаузула од 8 милиони евра и разни бонуси. Сепак, во извештајот на францускиот весник „Л’Екип“ се вели дека преселбата на Милик во Марсеј е привремена мерка и Аркадиуш на крајот ќе се пресели во Јувентус, чија трансферна цел е од 2019 година Ова се должи на фактот дека во договорот со клубот од Марсеј има клаузула за обештетување во висина од 12 милиони евра. Јувентус би сакал да купи играч по таква цена, особено со оглед на фактот дека Пауло Дибала може да го напушти клубот на лето.
Капитенот на Торино се сели во Премиер лигата
Андреа Белоти е еден од најдобрите италијански напаѓачи, а на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Торино. Белоти влегува во последната година од договорот со „биковите“ и нема намера да го продолжи, а на маса веќе има три понуди. Првата е од клубот за кој не крие дека навивал во детството, Милан. „Росонерите“ сметаат дека Белоти ќе биде одличен наследник на Ибрахимовиќ и долгорочно решение за нападот. Другите две понуди доаѓаат од Премиер лигата, а станува збор за Челзи и Тотенхем.
Евротип предлог тикет – Сабота 03.04.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 42 коефициент:
Челзи – ВБА 1, 3+
Големите клубови стравуваат од натпреварите по репрезентативната пауза, а Челзи мора и да мисли на дуелот со Порто на средината на следната недела. На гости им доаѓа еден од најслабите гости во Премиер лигата, па Тухел би требало и со комбиниран тим да излезе на крај со момците на Алардајс.
Лидс Јунајтед – Шефилд Јунајтед 1-1
Лидс е тим кој сака да се надигрува, а на гости им доаѓа ултра дефанзивен ривал. Шефилд Јунајтед им лежи на момците на Биелса и секој резултат освен домашна победа ќе биде изненадување. За очекување е Биелса да го одмори Алиоски, но ќе играат Бамфорд и Рафиња.
ПСЖ – Лил 1, 3+
Вторпат во неполн месец се среќаваат двата претенденти за титулата, па по убедливата победа во Купот, ПСЖ не би требало да ги смени навиките и во шампионатот. Верати нема да игра заради повреда, но се враќаат Ди Марија и Нејмар, кои две недели одмараа и ги лекуваа повредите.
Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт ГГ, 3+
Во некое друго време Борусија би била изразит фаворит, но сезонава не може да биде. Иако пласман до четвртото место во шампионатот е императив, Борусија Дортмунд игра неубедливо сезонава. Се очекуваат голови од двете страни, а сите опции за конечен резултат остануваат во игра.
Гранада – Виљареал ГГ
Двата шпански претставници во Лига Европа обожаваат офанзивен фудбал и играат за гол повеќе. Гостите се благ фаворит, но домаќините играат мотивирано со појаки ривали, а по „жолтата подморница“ им доаѓа Манчестер Јунајтед.
Лестер нема да го откупи Џенгиз Ундер и ќе го врати во Рома
Лестер нема да ја искористи опцијата за купување на крилото Џенгиз Ундер и ќе го врати во Рома по завршувањето на сезоната, пренесуваат медиумите во Англија. 23-годишниот Турски интернационалец моментално игра на позајмица во Лестер Сити, но не успеа да се етаблира во составот на Брендон Роџерс, кој нема намера да го задржи во клубот. Британците платија 3 милиони евра за позајмицата на играчот и во договорот со Рома има откупна клаузула вредна 25 милиони евра, но таа нема да се активира. Ундер беше привлечен со големи очекувања во Лестер, но не успеа да ги оправда, бидејќи одигра само 19 натпревари во сите натпреварувања на кои има 2 гола на своето конто. Така, Ундер ќе се врати на „Олимпико“ следното лето, а Рома ќе бара друг купувач. Се вели дека Фенербахче внимателно ја следи ситуацијата и не е ни чудо да дадат понуда за турскиот репрезентативец.
ПСЖ ќе заработи 120-150 милиони евра ако Мбапе одлучи да си замине
Сагата околу напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе продолжува со полна сила. Тој се уште нема потпишано нов договор со клубот и ова сериозно ги загрижува газдите на ПСЖ. Нивните надежи дека тоа ќе се случи сериозно ги сруши фудбалерот, кој рече дека е уморен од критиките на негова адреса во Франција и дека е подготвен да се пресели во друг шампионат Според информациите на „АС“, ПСЖ се чини дека ќе се помири со фактот дека ќе биде тешко да се задржи 22-годишниот фудбалер. Клубот е подготвен да прифати понуда за него во висина од 120-150 милиони евра ова лето. Ова е многу помалку од првично утврдената цена од 200 милиони евра, која беше објавена пред неколку недели. Договорот на Мбапе е до летото 2022 година, но ПСЖ нема да ризикува да чека да истече, бидејќи тогаш играчот ќе замине без обештетување.
Тотенхем останува без двете најголеми ѕвезди?!
Тотенхем ова лето, судејќи по информациите на медиумите од Англија, ќе остане без двајцата најдобри играчи. Најавено е заминување на Кејн и Сон во летниот преоден рок. Капитенот на Англија се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед и Челзи, додека Сон добил понуда од Баерн Минхен според која ќе заработува по 220 илјади евра неделно. И двајцата фудбалери неодамна ги прекинаа преговорите за нов договор со Тотенхем, па ова лето Леви и Мурињо ќе треба да најдат адекватни замени за најдобрите играчи на екипата од Лондон. Сон во досегашниот дек од сезоната постигна 18 голови и 16 асистенции во сите натпреварувања, додека капитенот Кејн има 27 гола и 16 асистенции во сите конкуренции.
КСФМ го смени системот на натпреварување
Кошаркарската федерација на Македонија направи промена во сред сезона и поради новитетот нема да се игра Суперлигата со шест клуба, туку ќе следи плеј-оф со осум екипи, како и плеј-аут во кој ќе испаѓаат два тима. Десет од вкупно дванаесет клуба го прифатиле новиот предлог, кој доаѓа поради разлика на одредени клубови во бројот на одиграни средби, а Пелистер и МЗТ Скопје биле делумно согласни, со дополнение, односно барање, во плеј-офот да разигруваат првопласираните шест екипи (наместо предложените осум) од регуларниот дел на оваа натпреварувачка сезона. Во поединечното изјаснување на клубовите, десет клуба беа за предлогот: „По завршување на регуларниот дел од првенството, односно по одигрување на 22 кола, да не се игра втората фаза од Првата лига- мажи, односно Супер лига и Плеј аут лига, и да се премине на третиот планиран дел, плеј оф. Доигрувањето би се реализирало со учество на осумте првопласирани екипи од првиот дел од првенството. Плеј аут, со учество на четирите последнопласирани екипи во регуларниот дел од сезоната, каде испаѓаат две екипи. Натпреварите од доигрувањето, плеј-офот, односно плеј-аут лигата би се одвивале во т.н.„балони“, а сите трошоци за реализација на турнирите ќе ги покрива федерацијата. Натпреварувањето да се одвива во четири одвоени турнири, преку кои ќе се реализираат четвртфиналните, полуфиналните и финалната серија на плеј-офот. Како и плеј-аут турнир по кој ќе бидат познати и двете екипи кои би се преселиле во понизок ранг на натпреварување – Втора лига. „Балоните“ би се играле во периодот од 17. мај, заклучно до 10. јуни, кога би го имале новиот шампион за сезоната 2020/2021“. КК Пелистер-Битола и КК МЗТ Скопје Аеродром се делумно согласни со предлогот, со дополнение, односно барање, во плеј-офот да разигруваат првопласираните шест екипи (наместо предложените осум) од регуларниот дел на оваа натпреварувачка сезона.