feature

Уплати тикет и земи пиво гратис

Лигата на Шампионите е пред самиот крај, не очекуваат само уште реваншите од полуфиналињата и финалето. За овие настани Евротип ве изненадува.
Со секој уплатен тикет со Евротип Клуб Картичка од 300 или повеќе денари и минимална квота од 6 добиваш пиво гратис! Напомена тикетот мора да биде уплатен со нашата клуб картичка.
Овај вторник оваа прмоција ќе се одрижи во сите уплатните места на Евротип во Струга, Охрид и Куманово.

Во среда се дружиме во Радовиш, Штип, Македонска Каменица, Свети Николе, Виница, Зрновци и Делчево.

Посетете ги горе наведените локации каде заедно со вашето друштво ќе можете да ги проследите највозбудливите фудбалски натпревари и одиграјте тикет со најдобрите квоти на Евротип и вашето уживање ќе биде двојно!
Се гледаме, наздравје! 


ПСЖ спремен да достави понуда за Ријад Марез

Пари Сен Жермен има интерес за крилото на Манчестер Сити, Ријад Марез. На „Паркот на принцовите“ Алжирецот го гледаат како добра опција да го замени Анхел ди Марија, кој заминува на лето и се подготвени да дадат понуда за него.

31-годишниот Марез има силна сезона за Манчестер Сити со 23 гола и 9 асистенции на 43 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, неговиот договор истекува за една година и на „Етихад“ се подготвени да слушнат понуди за него на лето. Се проценува дека клубот е подготвен да се раздели со него за 40 милиони евра.

Пари Сен Жермен е подготвен да ја искористи оваа ситуација и да се обиде да го земе Марез во својот тим. Алжирецот е посакуван и од други клубови во Европа, но Парижаните важат за фаворит за неговиот потпис, бидејќи имаат најсериозни финансиски средства и нема да имаат проблем да ги задоволат високите финансиски барања на играчот.


Ако не потпишат со Левандовски, челниците на Барса ќе тргнат по Лукаку

Шпанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Барселона ќе се обиде да го донесе Ромелу Лукаку на „Камп Ноу“.

Каталонците сакаат да донесат врвен напаѓач на лето, па бидејќи преговорите околу Левандовски не одат во добра насока сега ќе се свртат кон Лукаку.

Челзи минатото лето за Лукаку плати 115 милиони евра, но Белгиецот не ги оправда очекувањата.

Тој јавно призна дека не е среќен во Челзи и дека не му одговара стилот на игра на Тухел, па сака на лето да ја промени средината.

Барселона ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација и веќе стапила во контакт со неговиот агент.


Швајцарецот Шер доби нов двегодишен договор во Њукасл

Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед денеска потврди дека дефанзивецот Фабијан Шер потпиша нов двегодишен договор. Репрезентативецот на Швајцарија беше клучен дел од тимот на Еди Хау оваа сезона, играјќи цели 90 минути во 22 од првите 24 натпревари.

30-годишниот фудбалер пристигна во Њукасл од шпанскиот тим Депортиво Ла Коруња во 2018 година и има 98 настапи за „страчките“ во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола.

„Апсолутно сум воодушевен. Тоа е она што отсекогаш го сакав – да останам овде за да играм за овој неверојатен клуб“, изјавил Шер.


Модриќ до крајот на кариерата во Реал Мадрид

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да ја заврши кариерата во мадридскиот клуб. Според весникот „АС“,36-годишниот играч постигна договор со клубот за продолжување на договорот.

Според изворот, новиот договор ќе биде до летото 2023 година со можност за продолжување на уште една година. Оваа сезона Хрватот одигра 24 натпревари, постигнувајќи  2 гола и 5 асистенции.


Австрија го назначи Ралф Рангник за нов селектор

Ралф Рангник е назначен за селектор на австриската репрезентација, објави официјалниот сајт на Австрискиот фудбалски сојуз.

Рангник ќе ја преземе својата нова позиција на крајот на мај 2022 година. Договорот на Ралф со австриската репрезентација е на две години, но доколку тимот ги мине квалификациите за ЕП 2024, тогаш соработката автоматски ќе биде продолжена за уште две години.

„Многу сме задоволни што успеавме да го доведеме Ралф Рангник, извонреден стручњак во областа на меѓународниот фудбал, за селектор на австриската репрезентација. Сите сме убедени дека тој е идеалниот кандидат и дека неговата визија за фудбалот ќе придонесе за развојот на репрезентацијата“, изјавија Герхард Милетих, претседател на Фудбалскиот сојуз на Австрија.

Ќе потсетиме, сега Ралф Рангник го предводи Манчестер Јунајтед привремено. 63-годишниот германски стручњак го презеде англискиот тим на 3 декември 2021 година. На крајот од сезоната ќе заземе една од позициите во структурата на Манчестер Јунајтед. Претходно беше објавено дека германскиот стручњак ќе може да комбинира две работни места, бидејќи Рангник ќе треба да ги извршува обврските во Манчестер Јунајтед само шест дена месечно.


Кристал Палас го враќа Ван Бисака од Манчестер Јунајтед

Спортскиот портал Атлетик пренесува дека клубот Кристал Палас е сериозно заинтересиран за враќање на десниот бек Арон Ван Бисака од Манчестер Јунајтед.

Дефанзивецот кој е поранешен играч на Кристал Палас, беше доведен во Манчестер Јунајтед од поранешниот тренер Оле Гунар Солксјер за цена од 50 милиони фунти, но во последнава сезона играчот го загуби местото на првотимец. 

Според информациите новиот тренер Тен Хаг нема намера да го спречува играчот доколку сака да ја промени средината. Од Кристал Палас се надеваат дека ќе успеат да го доведат Ван Бисака на позајмица со опција за откуп на договорот.


Каде ќе заврши напаѓачот на Лил – Џонатан Дејвид?

Џонатан Дејвид игра фантастична сезона и е на мета на многу европски гиганти.

22-годишниот напаѓач е голема желба на Барселона, Милан, Интер, Арсенал и Ливерпул, па на лето сигурно ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Лил има финансиски проблеми и одлучи да гостави напаѓачот на продажба, а за неговата слобода бара 50 милиони евра.

Неговиот агент, Ник Мавромарас најави дека ја игра последната сезона во Лил, па многу европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.


Ефес обезбеди пласман на Ф4 во Белград

Кошаркарскиот клуб Анадолу Ефес, се пласира на завршниот Фајнал-фор турнир од Евролигата кој ќе се одржи во Белград.

Ефес во четвртфиналната серија го елиминира Армани Милано со вкупен резултат од 3:1. Последниот натпревар заврши со победа од 75:70 за турскиот тим.


Гвардиола инсистира на доведување на Френки де Јонг

Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, објавија медиумите во Англија.

Според истите, за трансферот е заинтересиран лично Пеп Гвардиола. Шпанецот го гледа Френки де Јонг како замена за Фернандињо, кој ќе го напушти тимот на лето. Претходно беше објавено дека интерес за играчот покажал и Манчестер Јунајтед.

Де Јонг (24) му се приклучи на шпанскиот тим од Ајакс во 2019 година. Оваа сезона холандскиот играч од средниот ред има одиграно 43 натпревари на кои постигна четири гола и пет асистенции.