feature

Икарди се сели во Премиер лигата, два клуба спремни да достават понуда

Мауро Икарди не е задоволен од својот статус во ПСЖ и сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок. Икарди не добива голема минутажа во Париз поради големата конкуренција и побарал трансфер, а медиумите тврдат дека негова следна дестинација е Премиер лигата.

Имено, силен интерес за Икарди покажуваат Челзи и Арсенал. Тухел одлично го познава Аргентинецот и верува дека ќе биде иделана алтернатива за Лукаку, особено поради фактот што Вернер не ги исполни очекувањата.

Арсенал е во потрага по голгетер бидејќи Лаказет сигурно заминува, а најголема желба на Артета е токму Икарди.

Двата клуба се спремни да му ја даваат на Икарди истата плата која ја заработува во ПСЖ, а напаѓачот може да пристигне на позајмица со право на откуп.


Ериксен во јануари ќе го раскине договорот со Интер

Кристијан Ериксен постигна договор со Интер за раскинување на соработката, а се ќе биде официјализирано до крајот на годината.

Дури и двете страни да сакаа да го завршат договорот до крајот, поточно до летото 2024 година, тоа не беше можно бидејќи Данецот имаше поставено дефибрилатор, со кој е забрането да се бавите со професионален спорт во Италија.

Финансиските детали од договорот не се познати, освен што ФИФА досега покривала три четвртини од годишната плата на Ериксен, која изнесувала околу 10.000.000 евра.

Ериксен вчера тренираше за прв пат по 173-дневната пауза и срцевиот удар што го доживеа на натпреварот против Финска на ЕП, а наскоро ќе може слободно да избере нов играч за врска.

Данскиот играч за врска ќе продолжи да тренира со Оденсе, каде што порасна, а се работи за тренинзи со најлесниот интензитет.


Барселона со ултиматум за Дембеле

Од фудбалскиот клуб Барселона, го известија нивниот играч Осман Дембеле дека има време до 31.декември за да одлучи дали ќе потпише нов договор со каталонците.

Менаџерот на франсцускиот напаѓач, веќе подолго време ги игнорира понудите за продолжување на договорот кои пристигаат од раководните луѓе на Барса се со цел да му овозможи на својот клиент можност да отвори разговори и со останати клубови во јануари.

Но од „Камп Ноу“ стигна многу јасна порака во вид на ултиматум дека ако Дембеле не даде повратен одговор на последната понуда од Барса до крајот на годината, тогаш тие ќе сметаат дека тој дефинитивно го напушта клубот по завршетокот на сезоната.


Лингард ќе биде првото засилување на Саудијците во Њукасл

Парите за Њукасл нема да бидат проблем и затоа клубот ќе сака да се засили во јануари со цел да избегне испаѓање од Премиер лигата. Џо Кол веќе најави дека според неговите информации Њукасл во зимскиот преоден рок ќе потроши помеѓу 200 и 300 милиони евра.

Сега реномираниот „Тајмс“ пишува дека една од главните желби на Њукасл ќе биде Џеси Лингард и него ќе се обидат да го направат најплатен во клупската историја. Лингард секако е квалитетен фудбалер, но во Манчестер Јунајтед не добива прилика за игра и сезонава настапи само на 11 натпревари и постигна два гола.

Лингард во минатата сезона во вториот дел од полусезоната беше во Вест Хем на позајмица и прикажуваше фантастични настапи. На 16 натпревари за Вест Хем постигна девет голови и подели пет асистенции. Тој е еден од најзаслужниот што Вест Хем игра во Лига Европа оваа сезона.


Салах одговори на шпекулациите околу негово заминување во Барселона

Последните медиумски извештаи од Барселона велат дека тренерот Чави е одлучен да го доведе 29-годишниот член на Ливерпул, Мохамед Салах, со што недвојбено би го засилил нападот на екипата.

Меѓутоа Салах во интервју за египетска ТВ куќа изјави дека иако е среќен да слуша дека гигант како Барселона е заинтересиран за него, тој сепак се чувствува одлично во Ливерпул и сака да остане на „Енфилд“.

„Во моментов, јас преферирам да останам во Премиер лигата бидејќи е најсилно натпреварување во светот. Мојот менаџерски тим сеуште води преговори со Ливерпул околу продлжување на договорот но одлуката за тоа е во рацете на водечките луѓе во клубот“, изјави Мохамед Салах.

Салах оваа сезона ја игра во константно одлична форма постигнувајќи 19 гола и 9 асистенции на 20 натпревари во сите натпреварувања.


РБ Лајпциг го отпушти тренерот Џеси Марш

Бундеслигашот РБ Лајпциг му врачи отказ на тренерот Марш, после разочарувачките резултати и поразот од Унион Берлин со 2:1.

„РБ Лајпциг и главниот тренер на екипата, Џеси Марш спогодбено одлучија тој да ја напушти функцијата. Одлуката е резултат на длабока анализа и интензивна дискусија после натпреварот во Бундеслигата со Унион Берлин. Заминувањето на Марш стапува на сила веднаш а неговата замена на тренерската клупа ќе биде Ахим Баерлорсер кој ќе го води клубот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите“, стои во официјалното соопштение од клубот.

После 14 лигашки натпревари, Лајпциг освои само 18 бодови и сега заостанува зад лидерот Баерн за цели 16 бода.


Јуве фаворит за потписот на Марко Асенсио

Реал Мадрид наводно донел одлука да го продаде Марко Асенсио кој не добива премногу шанса во екипата, а како негова можна следна дестинација се споменува Јувентус.

Асенсио не добива шанса кај тренерот Карло Анчелоти и верува дека останатите фудбалери треба да добијат шанса пред него.

Ова ја отвора шансата за Јувентус да го купи уште во јануари, доколку не постои финансиска криза во тимот, зашто во моментов се води истрага против поранешниот шампион.


Меси: Јас се натпреварувам со самиот себе, а не со Роналдо

После освојувањето на наградата „Златна топка“ по рекорден седми пат, суперѕвездата на Аргентина и ПСЖ, Лионел Меси, даде кратко интервју за магазинот „Франс фудбал“ во кое дава осврт на кариерата и борбата за успех.

„Отсекогаш сум имал намера да се надминам себеси и да не гледам што прават другите. Кристијано и јас водевме фудбалска битка во Ла Лига долг период. Тоа и на двајцата ни помогна да растеме во нашите кариери. Сакав да бидам најдобриот можен фудбалер“.

„Никогаш не сум тврдел дека сум најдобар во историјата. Доволно ми е што другите ме сметаат за еден од најдобрите. Никогаш не замислував дека ќе стигнам до тука. Не ми е гајле дали ме сметаат за најдобар,добар или не. Јас не сакам да бидам модел за помладите и никогаш не сум сакал да давам совети. Се борев за да ги остварам моите соништа.На почетокот сакав само да бидам професионален фудбалер, а потоа се борев да станам подобар и да постигнувам нови цели секоја година.Има доза на среќа во овие моменти. Верувам дека Господ го избра се што ми е дадено“, изјави Меси.


Евертон го гледа Мурињо како замена за Бенитез

Екипата на Евертон е заинтересирана за ангажирање на легендарниот Жозе Мурињо доколку клубот одлучи да му врачи отказ на Рафаел Бените, пренесува англискиот весник „Мирор“.

Бенитез пристигна на клупата на Евертон минатото лето но во моментот се соочува со огромен притисок поради серијата од лоши резултати.

Ако управата на „сините“ од Ливерпул, донесе одлука да го отпушти шпанскиот стратег, тие ќе се насочат кон привлекување на Мурињо кој би бил отворен за враќање во Премиер лигата иако е во првата година од договорот со италијанската Рома.


ПСЖ покажува интерес за Рајан Аит-Нури од Волвс

Скаутите на Париз Сен Жермен му дале препорака на тренерот Маурисио Почетино да го доведе дефанзивецот од Вулверхемтон, Рајан Аит-Нури.

20-годишниот лев бек пристигна во редовите на англискиот премиерлигаш ова лето од екипата на Анжер за нешто повеќе од 11 милиони евра. 

Екипата на ПСЖ во Нури гледа долгорочно решение за позицијата лев бек и би можеле да испратат официјална понуда за него во јануари. Фактот што тој има право за настап во Лигата на шампионите оваа сезона е уште една предност за францускиот тим кој е подготвен да плати околу 35 милиони евра за неговите услуги.