feature

Мертенс сака да ја заврши кариерата во Наполи

Репрезентативецот на Белгија, Дрис Мертенс, ќе го продолжи договорот со калчолигашот Наполи до 2023 година.

Напаѓачот со новиот договор се согласил на пониска плата од сегашната која изнесува 4,5 милиони евра годишно. 

Неговата цел е да ја заврши својата играчка кариера во Наполи, и затоа е подготвен да игра за 1,5 милиони евра во последната сезона за екипата.


Папен: Мбапе цел живот ќе жали ако не потпише за Реал Мадрид

Килијан Мбапе сигурно ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок.

На напаѓачот на ПСЖ за два месеци му истекува договорот со францускиот шампион, а се уште не се знае дали ќе потпише нов договор. Засега за најсериозен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид, за многумина овој трансфер е и завршена работа.

Ситуацијата со Мбапе сега ја коментираше легендарниот француски фудбалер Жан-Пјер Папен. Тој откри дека разговарал со Мбапе.

„Разговаравме и набрзина му кажав – ако не отидеш во Реал ќе жалиш до крајот на животот, мораш да одиш таму. Никогаш немој да одиш против твоите соништа, мораш да ги следиш. Ако сака да оди во Реал Мадрид, време е да оди“, изјави освојувачот на „Златна топка“ од 1991 година.


Суарез потврди дека заминува од Атлетико на крајот од сезоната

Уругвајскиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Луис Суарез најави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната 2021/22.

35-годишниот напаѓач објави благодарност до навивачите на Атлетико Мадрид во која покажува незаборавни моменти од неговата кариера во клубот.

„Ви благодарам многу на сите за вашата љубов и поддршка секогаш. Ви благодарам многу за вашите срца“, напиша Луис Суарез на социјалните мрежи.

Претходно беше објавено дека раководството на Атлетико одлучило да не го продолжи договорот со фудбалерот кој истекува на лето. По завршувањето на сезоната тој ќе се пресели во Интер Мајами во сопственост на Дејвид Бекам.


Интер фаворит за потписот на Миралем Пјаниќ

Миралем Пјаниќ, чии права и припаѓаат на Барселона може да стане играч на Интер.

По завршувањето на позајмицата во турски Бешикташ, Пјаниќ ќе се врати во каталонскиот клуб. Сепак, од Барселона планираат да го продадат играчот. Договорот на Пјаниќ со Барселона е со важност до 2024 година и 32-годишниот босански играч од средниот ред, според изворот, не е вклучен во плановите на тренерот на Барселона, Чави.

Еден од главните претенденти за Пјаниќ е Интер. Извршниот директор на Милане Џузепе Марота ја пофали играта на Пјаниќ, а тие веќе соработуваа во Јувентус. Доколку се реализира овој трансфер Пјаниќ би можел да биде замена за Артуро Видал.


Барселона ја определи цената за Френки де Јонг

Екипата на Барселона е подготвена да се раздели со Френки де Јонг на крајот од сезоната, бидејќи новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг планира доведување на играчот од средниот ред. 

Според информациите, холандскиот стручњак е заинтересиран за својот 24-годишен сонародник, кој одигра 136 натпревари за Барселона откако се пресели од Ајакс во 2019 година.

Според информациите од Шпанија, Барселона веќе ја одредила цената за Де Јонг, и таа ќе изнесува околу 58 милиони фунти.


Извлечени паровите од полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа извлекување на полуфиналните парови од Куп на Македонија во машка и женска конкуренција.

Полуфинални парови во машка конкуренција:

13.05.2022 17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ВАРДАР 1961

13.05.2022 20:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

15.05.2022 19:30 часот ФИНАЛЕ

Полуфинални парови во женска конкуренција:

14.05.2022 14:00 часот ЖРК КУМАНОВО – ЖРК МЕТАЛУРГ

14.05.2022 17:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК ЧАИР

15.05.2022 17:00 часот ФИНАЛЕ

Натпреварите ќе се одиграат во салата „Јасмин“ во Кавадарци.


Мертенс ја намали платата за да потпише нов договор со Наполи

Белгискиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс ќе потпише нов договор со клубот.

Мертенс постигна договор со претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис, кој вчера присуствуваше на тренингот на тимот, а потоа ги покани тренерот Лучијано Спалети и играчите на вечера. Тој се обидува да го обедини тимот пред решавачките натпревари за пласман во Лигата на шампионите.

34-годишниот Мертенс за Наполи игра од 2013 година, а актуелниот договор со клубот му истекува ова лето, но ќе биде продолжен за уште една година.


Усик и Џошуа ќе ги вкрстат ракавиците на 23 јули

Промоторот, Еди Хорн, објави дека мечот за светска титула во тешка категорија во верзиите ВБА (Светска боксерска асоцијација), ИБФ (Меѓународна боксерска федерација) и ВБО (Светска боксерска организација) меѓу Украинецот, Александар Усик и Британецот, Ентони Џошуа ќе се одржи на 23 јули.

Според него, речиси е сигурно дека мечот ќе биде во земја од Блискиот Исток. Потврда се очекува во наредните денови.

Украинецот има  19 победи во исто толку мечеви додека Џошуа има 26 победи и 2 пораза.


Венеција го отпушти тренерот Занети

„Газета дело спорт“ објавува дека членот на италијанската Серија А, екипата на Венеција, му врачи отказ на тренерот Паоло Занети.

Раководството на Венеција оваа одлука ја донесе по осум последователни порази кои тимот ги забележа во првенството.

Тимот под водство на Занети освои промоција во Серија А минатата година, но во моментов Венеција е на последното место од табелата.

Следен натпревар на Венеција во Серија А е против Јувентус.


Џерард инсистира Јанг да остане во Астон Вила

Тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард изјави дека сака да го задржи во тимот дефанзивецот Ешли Јанг.

„Му реков на Ешли дека сакам тој да остане во тимот. За ова прашање веќе се разговара. Главната работа во такви случаи е секогаш самиот играч. Мора да биде задоволен, мора да сака да остане, да преговара. Имаме уште многу да разговараме, но веќе му кажав на Јанг дека сме среќни со него“, изјави Џерард за „Скај Спортс“.

36-годишниот дефанзивец оваа сезона има 23 настапи во сите натпреварувања за Астон Вила и имаше две асистенции.

Да потсетиме, Ешли Јанг се пресели во Астон Вила од Интер во јули 2021 година. Договорот со играчот е до крајот на оваа сезона.