feature

Јагањаџ сериозно се повреди, го чека нова долга пауза

Поранешниот ракометар на Металург и актуелен член на Рајн Некар Левен, Халил Јагањац, годинава нема да ја памети по добро.

Хрватскиот репрезентативец поради честите повреди никако не може да го покаже својот голем потенцијал во најсилната лига на светот.

Левиот бек, кој имаше две операции на рамото, доживеа нова повреда, не толку опасна, откако на тренинг се здобил со фрактура на јаболчната коска. Сега Јагањац ќе мора на нова операција и нова пауза од ракометните терени.

Хрватот го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска и нема да настапи ниту на континенталниот собир во јануари


Милан очајно бара дефанзивец, Кимпембе прва опција

Милан се соочува со голем број на повреди од почетокот на сезоната, а најсериозна е ситуацијата во одбраната. На последниот натпревар против Салернитана се повреди и Томори, кој во следните два месеци ќе биде надвор од терените.

Во моментов скоро целата одбрана на „росонерите“ е повредена, па на Милан му е прекупотребен стопер во зимскиот преоден рок.

Клубот веќе почна да разгледува неколку имиња, а најголема желба е дефанзивецот на ПСЖ, Преснел Кимпембе.


Атлетико инсистира да го продаде, а не да го позајми Феликс

Атлетико Мадрид сака да заработи од Феликс кој нема желба да се врати во Мадрид.

Феликс нема намера да се врати во Мадрид, каде што не сака да игра, додека од друга страна во Барселона се уште не се сигурни дали сакаат да го задржат, бидејќи Чави не е баш заинтересиран за Португалецот додека претседателот Жоан Лапорта нема ништо против Феликс да остане во тимот.

Атлетико и постави ултиматум на Барселона доколку сака да го задржи во своите редови да плати 15 милиони евра со задолжителен откуп.

Португалецот од почетокот на сезоната постигна осум гола


Реал го враќа Тео Хернандез следното лето

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандез, пренесуваат шпанските медиуми.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па Реал сака да си ја поправи грешката.

Милан пред неколку сезони го купи за 20 милиони евра, а Реал сега е спремен да понуди 60 милиони евра плус бонуси.

Анчелоти е во потрага по квалитетен лев бек и прва желба е Алфонсо Дејвис, но бидејќи тој трансфер е тежок за реализација сега „кралевите“ ќе се насочат кон Тео Хернандез.


Марота го носи Зиелински бесплатно во Интер

Интер е силно заинтересиран за ѕвездата на Наполи, Пјотр Зиелински пренесува „Газета дело Спорт“.

Зиелински влезе во последната година од договорот со Наполи и се уште нема ставено потпис на нов договор бидејќи сериозно размислува да ја промени средината. Таквата ситуација сака да ја искористи Интер, а директорот Марота е експерт за доведување на слободни агенти.

„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контак со неговиот агент и сакаат што е можно побрзо да постигнат договор со цел да ја победат конкуренцијата.

Зиелински веќе во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со „нероаѕурите“, а во јуни да се пресели во Милано.


Јунајтед четири натпревари без гол, првпат по три децении

Откако беа поразени на гостувањето кај Вест Хем, фудбалерите на Манчестер Јунајтед одиграа уште еден натпревар без постигнат гол. 

Така „црвените ѓаволи“ не успеваа да постигнат гол и четврти натпревар по ред. Ова се случи за прв пат по 31 година. Последен пат Манчестер Јунајтед имал ваква негативна и лоша серија од четири натпревари без голови во ноември 1992 година. Во тоа време, тимот беше предводен од Сер Алекс Фергусон.

Манчестер Јунајтед го постигна својот последен гол во средата, 6-ти декември. Ова се случи на натпреварот од англиското првенство со Челзи – 2-1. Во следните четири натпревари во сите натпреварувања, избраниците на Ерик Тен Хаг не постигнаа ниту еден гол: 0-3 со Бурнемаут, 0-1 со Баерн, 0-0 со Ливерпул и 0-2 со Вест Хем.

Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра во вторник на 26 декември. Екипата на Тен Хег на домашен терен ќе ја пречека Астон Вила во рамките од 19. коло од Премиер лигата. 


Наполи го „врза“ Осимен со клаузула од 130 милиони евра

Виктор Осимен стави потпис на нов договор со Наполи.

Новиот договор на Осимен со актуелниот шампион на Италија има важност до 2026 година и во него е вметната откупна клазула во износ од 130 милиони евра.

Осимен во еден период не беше во најдобри односи со клубот поради скандалот со видеото на „Тик Ток“, но подоцна работите се променија и Де Лаурентис успеа да го убеди да ја продолжи соработката.

Во претходниот период Осимен се поврзуваше со повеќе клубови, меѓутоа Де Лаурентис остана на својот став дека напаѓачот може да замине само под услови кои тој ќе ги постави. Сега секој кој го сака Осимен пред 2026 ќе мора да плати 130 милиони евра.


Зубименди наместо во Барса ќе заврши во Арсенал

Арсенал сака додатно да го засили тимот во зимскиот предоден рок, а приоритет за тренерот Артета е квалитетен играч за врска.

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на „топџиите“ е Мартин Зубименди од Реал Сосиедад. Зубименди е голема желба на Барселона и Манчестер Јунајтед, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и работи на трансферот.

Реал Сосиедад досега одбиваше понуди за 24-годишниот фудбалер, но сега е спреме да ја прифати понудата на Арсенал од 60 милиони евра.


Гризман е најдобар фудбалер во 2023 година во Примера

Антоан Гризман уште еднаш потврди дека излетот во Барселона му беше непотребен и дека најдобро се чувствува во дресот на Атлетико Мадрид.

Атлетико со победа против Севиља официјално ја заврши 2023 година во шпанската фудбалска елита, а билансот на крајот вели дека токму искусниот напаѓач бил најдобар играч во Ла Лига. Ако се земат само натпреварите во календарската година, Гризман е најдобар стрелец и асистент во шпанското првенството со 21 гол и 16 додавања.

Тоа значи дека Гризман учествувал во постигнувањето на 37 од вкупно 83 гола на Атлетико во оваа година. Ниеден друг фудбалер во лигата нема ваков ефект и покрај тоа што таму играат големи ѕвезди како Левандовски, Винисиус, Родриго…


Лесор добро мина, не е сериозно повреден

Францускиот кошаркар Матијас Лесор се повреди на мечот против Олимпија Милано, но според последните информации не станува збор за сериозна повреда и тој ќе се врат на следниот меч во четврто во кошаркарската Евролига.

Во прв момент сите помислија дека станува збор за сериозна повреда, но на крајот се испотави дека се е во ред со францускиот репрезентативец кој ќе може да настапи на следниот меч каде избраниците на Ергон Атаман ја пречекуваат белграска Црвена Звезда.

Поранешниот член на Партизан на некои три минути пред крајот нанатпреварот, во една акција се обиде атрактивно да забие и запише поени, но тоа тргна по зло за него по падот.

Тој веднаш падна на грб и јасно се виде дека чувствува и прави болни гримаси, па потоа беше изнесен од терен со помош на соиграчите.