feature

Хамилтон го откри рецептот за победа во Бахреин

Седумкратниот светски шампион на Формула 1, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон рече дека трката во Бахреин, на која победи во неизвесна завршница, беше една од најтешките негови трки во последниот период.
„Колку тешка беше оваа трка. Моравме порано во боксот, знаевме дека ќе биде тешко, но моравме да го „покриеме“ Макс Верстапен. Тие во текот на целиот викенд беа сјајни и ни беше потребно нешто посебно. За време на последното заминување во боксот се обидовме да пронајдеме рамнотежа, да не форсираме многу, како би го сочувале гумите за завршницата.“ – изјави Хамилтон.
Тој победи во Бахреин на првата трка од овогодинешниот шампионат и ја оствари 96. победа во кариерата. Тоа е прва победа на Хамилтон во првата трка од сезоната после шест години.
„Беше тешко, Макс беше насекаде околу мене во завршницата, но едвај успеав да се одбранам. Ова беше една од најтешките трки во последно време. Макс беше навистина добар, уживам во предизвикот.“ – наведе седумкратниот шампион.
Наредната трка се вози на 18. април во Италија.


Конечно – Клоп добива приоритетни засилувања!

Ливерпул веќе одамна не е во конкуренција за одбрана на титулата. Тимот на Клоп од почетокот на сезоната имаше огромни проблеми во поглед на повреди. Најзначајни беа тие во дефанзивата, Ван Дајк и Гомез се на прагот на опоравување, а тандемот ја пропушти скоро цела сезона.
Германскиот стручњак во јануари ги доведе Кабак и Дејвис, но на лето ќе следи вистинското засилување на дефанзивата пред Алисон. Англиските медиуми пренесуваат дека трансферот во Лајпциг е блиску до финализирање.
Мета е 21-годишниот Ибрахима Конате. Дефанзивецот на Лајпциг игра одлична сезона, во Германија игра во тандем со Упамекано, кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн. „Црвените“ се на прагот на договор со Конате, но цената останува 40 милиони евра, колку што изнесува и откупната клаузула.
Покрај дефанзивец, Ливерпул ќе го реши и прашањето на резервен голман. Алисон е без конкуренција, Адриан ќе го напушти клубот на крајот од сезонава, а младиот Келехер се уште не е на потребното ниво. Се шпекулира дека засилувањето ќе биде Угурчан Чакир, голманот на Трабзон. За Турчинот ќе биде потребно да се издвојат околу 20 милиони евра, а јасно е дека Клоп посакува многу постабилна сезона.


Крос најави репрезентативна пензија по Европското првенство

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Германија Тони Крос (31 година) одлучи да се повлече од репрезентацијата на Германија по крајот на претстојното Европско првенство, објави „Билд“. Така, играчот за врска ќе сака да се фокусира на неговиот настап во Реал Мадрид. Крос е дел од Бундестимот од 2010 година и беше во составот кој ја освои светската титула на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Непосредно по финалето во Јужна Америка, тој потоа се пресели во Реал Мадрид, каде е и ден денес. Играчот за врска во моментов се опоравува од повредата и поради оваа причина не е дел од изборот на селекторот Јоаким Лев за овие квалификациски натпревари.


Баерн и Јуве подготвуваат трампа на фудбалери за врска

Хасан Салихамиџиќ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Родриго Бентанкур. Главна цел на Баварците во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а Бентанкур е на врвот на листата желби. Уругваецот оваа сезона не добива голема минутажа и Јувентус е спремен да го продаде, а Баврците и нудат трампа на „старата дама“. Имено, Баерн е спремен да понуди трампа, така што во Торино ќе ги испрати Леон Горецка. Горецка има договор до 2022 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус е заинтересиран за Германецот.


Интер нуди 70 милиони евра за Муриел и Госенс од Аталанта

Аталанта веќе неколку сезони игра фантастично во Серија А, па во Бергамо се промовираа неколку фудбалери кои се мета на европските гиганти. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е заинтересиран за две ѕвезди на Аталанта и за тоа спремил 70 милиони евра. Имено, Антонио Конте сака во својот тим да ги донесе напаѓачот Луис Муриел и левиот бек Госенс. Двајцата фудбалери се спремни за чекор напред во кариерата и сакаат да се прселат во Милано, а „нероаѕурите“ веќе спремија понуда од 70 милиони евра.


Лазаров: Полесно ми е да бидам тренер и играч, отколку само тренер

Во интервју за „Ал Џазира“, капитенот и селектор на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров, зборуваше за својот деби настап на кормилото на македонскиот тим и за очекувањата во иднина. „Мислам дека во овој момент ми е многу полесно да бидам селектор и играч, отколку само селектор. Јас сум побезбеден кога сум на паркетот и кога можам да распоредувам играчи и да донесувам одлуки на теренот. Младите играчи треба да ги користат постарите некое време за да продолжат да играат сами. Ова е национален тим, во кој немаме многу работни денови во годината заедно и затоа ќе го искористиме секој момент максимално. Составив добар тим. Им давам задачи и досега работиме многу професионално и квалитетно. Финска и Швајцарија? Мојот тим има право да размислува само за тоа како да се победи и ништо друго не ме интересира, ниту имињата на противниците. Ќе има порази, но ги ценам играчите кои даваат 100% и кои се победници“, вели Лазаров.


Италија и Турција ќе го отворат ЕП со гледачи на трибините во Рим

Натпреварот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни во Рим ќе биде отворено Европското првенство во фудбал ќе се одигра во присуство на гледачи и покрај пандемијата со ковид-19, потврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина. Тој на прес-конференција во Рим соопшти дека публиката ќе биде присутна на стадионот „Олимпико“, но не ја прецизираше бројката на навивачи. Сè уште не знам колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има многу луѓе, најави првиот човек на италијанскиот фудбал. Италија е една од 12-те земји домаќини на претстојното ЕП, а во услови на пандемија на коронавирус на европскиот континент плановите за одржување на едномесечниот турнир сè уште не се прецизирани.


Откриено за кој премиерлигаш навива ѕвездата на Барселона

Играше во Франција, Германија и Франција, но Осман Дембеле со посебна страст следи клуб кој не е поврзан со ниту една од наведените лиги.
Патрик Бамфорд од Лидс даде интервју за официјалната клупска страница, во кое откри дека Дембеле е голем навивач на Лидс, толку голем што на посебен начин го побарал неговиот дрес.
Дембеле преку францускиот голман Мелие го побарал дресот на Бамфорд, а Бамфорд, секакo воодушевен од тоа, го подарил својот дрес.
„По натпреварот Мелие ми рече дека го сака мојот дрес, а јас му реков дека нема никаков проблем и прашав за кого му треба. Ми одговори дека му треба за Дембеле, оној од Барселона. Не ми беше ништо јасно, а потоа ми објасни дека сака дрес и од Калвин Филипс, бидејќи Дембеле е голем навивач на Лидс. Пред некој ден на полноќ ме побара на телефон и ми го покажа дресот на Барселона на кој пишува „За мојот брат Бамфорд, од Дембеле“.“ – вели напаѓачот на Лидс.


Креспо го доведе поранешниот напаѓач на Интер во Сао Паоло

Италијанскиот фудбалер Едер е нов член на Сао Паоло. Бразилскиот клуб потврди дека Едер потпишал договор на две години. Овој 34 годишен напаѓач дојде во Сао Паоло од кинескиот Џангсу каде што играше од 2018 година. Најголем чекор во кариерата на Едер беше трансферот од Сампдорија во Интер во 2016 година, а претходно го носеше дресот на Чезена, Бреша, Емполи и Фросиноне. За репрезентацијата на Италија одигра 26 натпревари и постигна шест голови.


Јунајтед го договори Љоренте од Атлетико Мадрид

Челниците Манчестер Јунајтед ќе му понудат на Атлетико Мадрид големи 80 милиони евра за фудбалерот од средниот ред Маркос Љоренте. Сумата е навистина висока споредено со кризата што ја предизвика пандемијата со ковид-19 и може да ги натера луѓето од Шпанија да ја прифатат. Изданието наведува дека самиот играч не сака да го напушти Атлетико затоа што се чувствува среќен во клубот. Фудбалерот на „јорганџиите“ во тековнава сезона има 10 погодоци и 9 асистенции. Тој лично доби понуда од англичаните да заработува двојно повеќе од тоа што го добива на – „Ванда Метрополитано“.