feature

Ференцварош е новиот клуб на Дејан Станковиќ

Дејан Станковиќ официјално е назначен за нов тренер на најтрофејниот унгарски клуб Ференцварош, потврди на својот официјален сајт учесникот во Конференциската лига.

Станковиќ по лошата епизода во Сампдорија ќе има нов тренерски ангажман и ќе предводи уште еден гигант од овие простори откако седеше на клупата на Црвена Звезда.

На стартот од сезоната Ференцварош беше предводен од Русинот Станислав Черишов, но по елиминацијата од Класвик во квалификациите за Лигата на шампионите доби отказ, привремено клубот го водеше Чаба Мате.

Како и во Сампдорија и тука прв помошник на Станковиќ ќе му биде Ненад Сакиќ.


Чави добива зголемување на платата во Барселона

Чави Хернандез започнал преговори со каталонскиот гигант за продолжување на соработката.

Според „Марка“, Чави со новиот договор ќе остане во клубот до летото 2026 година, кога според планот се следните претседателски избори во клубот.

И покрај тоа што клубот не е баш во стабилна финансиска ситуација, Чави ќе добие зголемување на платата после освоената титула во Примера.

Во Барселона немаат дилеми дека тој е вистинскиот човек да го води клубот и сакаат да го задржат што е можо подолго.


Антони исклучен од бразилската репрезентација

Габриела Каваљин, поранешната девојка на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Антони тврди дека нејзиното поранешно момче било бесно поради тоа што таа ги следела Инстаграм постовите на неговиот соиграч од репрезентацијата, Нејмар, и го обвини дека ја тепал додека таа била бремена.

Ова е последна во низата тврдење на 23-годишната Каваљин за физичкото и психолошкото насилство кое го трпела од Антони, кого го пријави во бразилската полиција.

Таа додава дека тој бил бесен што таа споделувала постови од блискиот пријател на Нејмар, Жил Себола, на што Антони реагирал бесно.

Обвиненијата на Каваљин се поголеми од обична љубомора кон Нејмар – Антони е обвинет дека ја удрил со глава девојката и дека ја исекол со скршена чаша.


КС Групацијата со поддршка на образованието

КС Групацијата составена од компаниите КС Сервис, Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа ја демонстрираа посветеност на креирање средина во која секое дете може да напредува преку обезбедување на школски ранци за ученици со посебни потреби и телевизор во средното техничко училиште во Битола.

Како дел од нивниот сеопфатен пристап кон корпоративната општествена одговорност, овие компании соработуваат со здружението “Рилука” и СОУ “ Ѓорги Наумов” за да ги обезбедат дел од потребните средства за учениците. Овој гест има за цел да ги поддржи овие ученици, овозможувајќи им пристап до алатките неопходни за успешно образовние.

Во средина каде што корпоративната општествена одговорност добива на значење, стратешката одлука на компаниите од КС Групацијата да се фокусираат на поддршка на образованието е влијателна и инспиративна. Преку партнерства со образовни институции и иницијативи кои оставаат траен белег, компанијата дава пример кој ги поттикнува другите да го прифатат и практикуваат одговорното корпоративно работење.


Динамо го враќа Адеми на „Максимир“

Според хрватските медиуми денес може да биде бурен ден во Динамо
Загреб.
Имено, на големо во хрватските медиуми се најавува враќање на
Аријан Адеми на „Максимир“. Македонскиот репрезентативец и
легенда на „модрите“ наводно е незадоволен во Кина и се враќа во
својот „дом“.

Денес е последниот ден за пријавување играчи во Конференциската
лига, па Динамо сака ако го доведе Адеми тоа да биде завршено
денес.
„Се надеваме дека денес ќе ја завршиме работата со Адеми“, била
изјавата на извори од клубот за хрватските медиуми.


Клоп по ниедна цена не сака да го загуби Салах

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не сака ниту да
помисли дека напаѓачот Мохамед Салах, ќе замине во Саудиска
Арабија.
„Црвените“ во петокот ја отфрлиja понудата од 150 милиони фунти за
31-годишниот играч но, арапите најавуваат дека нема лесно да се
откажат за потписот на врвниот голгетер.
„Никој не дојде кај мене и не рече дека нешто може да се случи.
Сигурен сум дека ќе ме исконтактираа. Знам дека Салах мисли само
на Ливерпул“, рече Клоп по победата против Астон Вила.


Кварацкелија ќе добие нов договор во Неапол

„Кориере дело спорт“ објави дека преговорите меѓу Наполи и
фудбалерот, Квича Кварацкелија за обновување на договорот се
ставени во мирување.
Двете страни требаше да седнат на преговарачка маса но, засега тоа е
одложено. 22-годишниот Грузиец постигна 14 голови и даде 17
асистенции на 43 мечеви во претходната сезона кога неговиот тим ја
освои Серија А.
Грузиецот моментално добива само 1,4 милиони евра по сезона со
надеж дека ќе се договори за зголемување на платата до 5 милиони.


Лотито: Заради Јунајтед ни пропадна трансферот на Гринвуд

Претседателот на Лацио, Клуадио Лотито го обвини Манчестер Јунајтед за пропаднатиот трансфер на Мејсон Гринвуд на „Олимпико“.

Гринвуд кој после скандалот со наводното силување за кој беше ослободен го раскина договорот со Манчестер Јунајтед беше во потрага по нов клуб. Англичанецот имаше постигнато договор со Лацио, но Лотито откри дека тој пропаднал поради неажурност на Манчестер Јунајтед.

„Се обидував да го потпишам Гринвуд до последната минута во италијанскиот преоден рок. Манчестер Јунајтед не испрати потпис за важен документ и потоа немавме доволно време да ја завршиме операцијата. Гринвуд сакаше да дојде во Лацио и тоа не се случи поради неговиот поранеше клуб“, изјави Лотито.

На крајот Гринвуд во последниот ден од преодниот рок се пресели во Мадрид и потпиша за Гетафе.


Стојчевски го постигна првенецот за Жилина

Андреј Стојчевски го постигна својот прв гол во дресот на Жилина во оваа сезона во првата лига на Словачка.

Стојчевски имаше директен дуел со Милан Ристовски и Спартак Трнава, меч на кој ја најави победата на неговата екипа во 59 минута. Потоа Жилина уште еднаш ја затресе мрежата на домаќините преку Адо за конечен триумф од 2-0.

Андреј беше активен низ сите 90 минути и беше меѓу најдобрите на теренот. Неговата Жилина со 15 освоени бода е на првото место на табелата.

Ристовски со Трнава е дури на 9 позиција со само 5 поени.


Санчо влезе во војна на зборови со менаџерот Тен Хаг

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, се огласи преку социјалните мрежи откако тренерот, Тен Хаг, изјави дека го избришал за мечот со Арсенал.

Холанѓанецот по поразот од „топчиите“, откри дека крилниот играч не бил активен на тренинзите и затоа не отпатувал за Лондон.

„Нема да дозволам луѓето да кажуваат нешто што е невистина, бев многу добар на тренинзите . Верувам дека има други причина за оваа одлука, но не сакам да навлегувам. Долго време сум жртвено јагне и тоа не е фер!- напиша Санчо.